Коцкање како болест

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.736
Поени од реакции
35.016
Навиките не се болест. Навиките може да се менуваат,
... на почеток е навика, лоша навика, која не штети толку на себе си и околината, но колку временски повеќе се одржува таа навика, а особата е лабилна да ја контролира навиката преминува во зависност која е веќе лошо по здравје и за себе и за околина и тоа веќе ја нарушува психилошката стабилност и се преминува во болест, така да зависноста веќе е почеток на болест!
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.402
Поени од реакции
5.875
Имаш тешка психичка зависност. Би ти препорачал да ја прочиташ книгата 'Гол човек' на твојот колега Игор Џамбазов.
Хормонот на среќата и задоволството Допамин, Серотонин Ендорфин.
Ги има при хомосексуалците, наркоманите, алкохоличарите, и коцкарите.
Но исто ги има и при гејмерите, фејсбук, твитер, чекаш лајкови, не осетно си станал зависник.

Сум ги откажувал цигарите 2 пати, првиот пат за 8 години, вториот 3 години до денес, алкохолот исто, хомосексуализам не сум практикувал, но претпоставувам дека е слично.
Откажуваш од одма, без она намалување, па еднаш неделно...
Главно е да ја калиш вољата, пример прави ги сите пости, како што правеле нашите предци, денес примерно е распети петок не се јаде и не се пие вода од вчера вечер до утре сабајле.
Иначе секој петок и среда се пости без зејтин,леб сол буковец, варен компир, не е работата да е веганство а треба да е невкусно, мачно тешко.
Кога ќе собереш деновите, се над 200 во годината, постете 5-6 години или стално и ќе си го изградите карактерот, силни како камен, планини може да местите. Се бањаш со ладна вода, у почеток е тешко но е убаво за кожата, и ташаците стануват поздрави...;)
Пробемот е социумот, физички сме исти како порано но нешто многу сме се промениле како последица од постмодернот, во карактер, добрина, егоизам, трудољубивост.
Но не треба да се претерува до мазохизам, пример самобучување со ортома во православието или со синџири или ножови кај шиитите...

Прочитај некоја книга, или видео пример од психологот Сергеј Савельев, си кали карактер, сили, нормална физичка работа копај бунар, ров, бавча, сади дрва...
Кога ќе ги смениш моралните вредности пак добиваш хормон на среќата и задоволството Допамин од дома од семејството, не ти треба хомосексуализам или коцка.
Неее ах Баче баче бре :vozbud: каков филинг е кога се самобичуваш? Тоа иначе се вика флагелантизам било популарно во среден век меѓу одредени секти, дали знаеш некој кој се излекувал од коцка со помош на бичевање?
Луѓе кои заглавуваат во коцка се адреналин џанки, физичка болка нема да ги извади од коцката, знаев ликови кои изгубија коли, станови и сеуште беа во долгови, ниту еден муабет или тепање нема да ги извлече.
Постои минорен процент профи коцкари кои играат екстремно паметно и живеат од коцка сосема успешно но тие никогаш не се залетуваат и немаат зависност од хормони за возбуда и среќа него се крајно прагматични.
Огромна вечина комарџии се навлечени како џанак на хорс, за нивно третирање прво треба да се смени јавниот наратив и државната политика која гледа само да добие пара од оданочување и лиценцирање на коцкарски установи. Не сум сигурен дека на овие простори постојат воопшто програми кои третираат комарџии, сеуште сме на почеток околу многу ствари.
Хашот е нелегален а коцката легална, толку од елементарната логика, иако сметам дека све треба да биде легално па кому држи гз нек изволи, не смее ничија лична одговорност да се префрлува на туѓ грб.
Неповрзано со ова, не можам да опишам со зборови колку е добро да се биде слободен од долгови, да не се толерира некој бот затоа што ти зајмил пари, да не ти стигнуваат писма и смс пораки од банка, една од најдобри работи во фамилијарен живот е немањето долгови и избегнувањето на кредити по секоја можна цена.
До сега никогаш не сме имале потреба да купуваме нешто кое не можеме да го платиме во кеш. Ако имало нешто кое требало а на кое не треба да се штеди, пример квалитетна машина за садови, три месеци штедња беа доволни.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.997
Поени од реакции
14.809
Ја отворив темата...За ова зло да ми помогнете на мене а сигурно има многу како мене што сакаат да се откажат а не знаат како...Слободно другарчиња кои сте на крстопат како што сум јас пишувајте барајте совети...
Ве молам за совет од психијатар или психотерапевт:
-дали може да се одвикне од коцкање со лекови.
-дали коцкањето е болест
-кои лекови се добри за одвикнување
-од психолошки аспект кои ликови се коцкаат
-совет за одвикнување од психотерапевт
Ви Благодарам однапред
Редок случај на искреност...ретко се среќава. верувај друже, или ќе имаш цврста воља или едноставно присети се дека некој твој близок треба да ринта како црнец, за ти априте да ги коцкаш. сети се на неговиот пот кога работи....а ти е најблизок

Иако не сум удрил никого...за тешки случаеви го подржувам третманот во манастирот Црна Река во Србија. Подобро наркоманот/коцкарот да трпи ќотек, отколку 10-20 души од неговата фамилија да работи за џабе-друг да ги коцка парите

искрено на неколку луѓе сум им ја препорачал оваа ,,терапија,,...иако мислам дека после смтрниот случај повеќе ,,не работат,,

 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.340
Поени од реакции
7.369
... нема врска, тоа е психолошко пореметување поради Х причина најмалку тројца доктори знам кој пред да испијат утринско кафе идат да фрлат некој денар на машина, а не ми се баш смотани, напротив!
Раката што дава, не се сече :D
 
Член од
10 април 2022
Мислења
56
Поени од реакции
65
Драги другарчиња се зареков во црква дека нема повеќе да се коцкам...Но други другарчиња коцкари нема, да се охрабрат да бидат искрени за да побараат помош барем да пишат тука...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.997
Поени од реакции
14.809
Драги другарчиња се зареков во црква дека нема повеќе да се коцкам...Но други другарчиња коцкари нема, да се охрабрат да бидат искрени за да побараат помош барем да пишат тука...
земи нешто адреналинско за занимација....бидејќи во најголем дел коцкањето е зависност од возбуда. возење на мотор е можеби и полошо од коцкање...но најди нешто слично
 
Последно уредено:
Член од
22 декември 2018
Мислења
357
Поени од реакции
484
OOOOOOOOOOOKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKK
Најглуп совет у свет. 2 дена без вода и храна. :pos: Поготово без вода.
Поздрав другар, гледам дека си тотално неписмен. Не ги знам правилата на постите но од аспект на здрав живот таа рутина е добра да се прави 1 на 2 месеци поради чистење на твоето тело од токсини. Тотално е здраво да му правиш стрес на твојот организам така што ќе го одржуваш во добра кондиција цело време. Поздрав и се најдобро.
 
Член од
23 декември 2018
Мислења
112
Поени од реакции
276
Не ти треба ни психијатар ни па психотерапевт, едноставно шо ти треба е да Настрадаш шо повеќе од комарот, за на тебе самиот себе да ти текне и да станеш свесен дали треба да продужеш да играш комар.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.706
Поени од реакции
6.644
Не ти треба ни психијатар ни па психотерапевт, едноставно шо ти треба е да Настрадаш шо повеќе од комарот, за на тебе самиот себе да ти текне и да станеш свесен дали треба да продужеш да играш комар.
Не му давај идеи! На еден познаник, прв братучед, му почина пред Велигден. Се криел дома 6 месеци од страв од лихвари кај што должел пари поради коцка. Сигурно од неухранетост, страв, с'клет што викаат старите...си умре кутриот. Остави жена и 3 деца на возраст од 5, 7 и 14 год. Од живот во сиромаштија на раб на егзистенција последните 20 год, посегнал по најлошото, мислејќи дека така се решаваат животните проблеми. А важеше за мирен, тивок човек. Хоби му беше пеење по свадби, веселби, имаше дарба ама ете тргнал по многу лош пат.

Совет за тебе, оди работи нешто физичка работа, ако не си веќе вработен. Физичкото исцрпување ќе ти го смири духот и ќе сакаш после работата да одмораш и ако си доволно истраен ќе ти го оттргне умот од коцката. Но треба време да помине, не се случува тоа за 2-3 дена или 2 недели. Не кажа дали си во голем долг некаде или онака ти се запалила сијалицата и ти е страв допрва да не паднеш во долгови?
 
Член од
10 април 2022
Мислења
56
Поени од реакции
65
Не е нешто голем долгот, околу 4000 евра кон наша банка,сијалицата се упали поради срам, поради семејството а највеќе образот и страв ми е ако продолжам во најлош случај ќе завршам под мостот на реката Вардар....
 
Член од
25 април 2022
Мислења
1
Поени од реакции
1
Не е нешто голем долгот, околу 4000 евра кон наша банка,сијалицата се упали поради срам, поради семејството а највеќе образот и страв ми е ако продолжам во најлош случај ќе завршам под мостот на реката Вардар....
Идеш под мач бато, под мост не ти бега...
 
Последно уредено:
Член од
10 април 2022
Мислења
56
Поени од реакции
65
Помагајќи ми мене им помагате и на слични како мене затоа ги охрабрувам да пишат да си ја кажат својата мака, не ми се верува дека нема слични како мене, на секој чекор има кладилница и коцкарници каде што државата дебело заработува...
Затоа другарчиња пишете заедно ќе го победиме ова зло...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.736
Поени од реакции
35.016
Помагајќи ми мене им помагате и на слични како мене затоа ги охрабрувам да пишат да си ја кажат својата мака, не ми се верува дека нема слични како мене, на секој чекор има кладилница и коцкарници каде што државата дебело заработува...
Затоа другарчиња пишете заедно ќе го победиме ова зло...
...добро онака да те прашам, горе доле колку години имаш што пишуваш „другарчиња“ ?
 
Член од
10 април 2022
Мислења
56
Поени од реакции
65
Онака средни години околу 40 :)
Автоматски споено мислење:

Онака средни години околу 40 :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom