Коцкање како болест

Член од
10 април 2022
Мислења
59
Поени од реакции
65
Ја отворив темата...За ова зло да ми помогнете на мене а сигурно има многу како мене што сакаат да се откажат а не знаат како...Слободно другарчиња кои сте на крстопат како што сум јас пишувајте барајте совети...
Ве молам за совет од психијатар или психотерапевт:
-дали може да се одвикне од коцкање со лекови.
-дали коцкањето е болест
-кои лекови се добри за одвикнување
-од психолошки аспект кои ликови се коцкаат
-совет за одвикнување од психотерапевт
Ви Благодарам однапред
 
Jankoff

Run that, pass that.
Член од
4 септември 2019
Мислења
1.732
Поени од реакции
2.823
Види вака, ја можам и 1000 зборови и реферати да испишам за темава, ама ако ти САМИОТ не си свесен дека не треба да ставаш 1000ки на апарати, тикети, не е битно како се коцкаш, џабе би било. Имам роднина со ист проблем и секогаш вика не бе не играм више а утре да поминам у сенатор ќе го начекам.
Според мене лекот е да најдеш ново хоби, спорт, мање битно дали би правел пари од тоа, не знам земи трчај на кеј, трчај било каде убаво ќе ти дојде на телото и ќе ослабеш плус, земи читај книги, земи учи нов јазик, земи гејмај, сега не знам колкав си, не ти треба психијатар. А ако толку не можеш да се откажеш од коцкањето, земи ко мене, играј тикет на 20 денари секој ден.. мада ја играм више две години само за викенд и некад уз недела ако има лш или нешто ми фати око.. еднаш 500 денари имам ставено кога работев во евро тип, ама бев сигурен дека ќе фатам и не фатив, ама еден лик стави 30 000 на тие два меча, болест е, фамилии се распаѓаат поради ова.. така да мој совет е сам ако не си свестен што губиш во животот, џабе ќе ти е и да го читаш ова и 20% да направиш од све што наведов, пак ќе е џабе ако после 2 недели пак искоцкаш 10 000 пример не знам..
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.417
Поени од реакции
10.347
Ја отворив темата...За ова зло да ми помогнете на мене а сигурно има многу како мене што сакаат да се откажат а не знаат како...Слободно другарчиња кои сте на крстопат како што сум јас пишувајте барајте совети...
Ве молам за совет од психијатар или психотерапевт:
-дали може да се одвикне од коцкање со лекови.
-дали коцкањето е болест
-кои лекови се добри за одвикнување
-од психолошки аспект кои ликови се коцкаат
-совет за одвикнување од психотерапевт
Ви Благодарам однапред
Ти посакувам да можеш да се отргнеш од ова зло што побргу.
Убаво е што бараш совет и помош, се надевам дека ќе добиеш добри совети со кои ке успееш да и одолееш на таа пеколна страст која води само во пропаст.
Види, пробај јави се и овде..

Screenshot_20220422_114606.jpg
 
Мацо_Д()

Бизнисмен
Член од
23 ноември 2015
Мислења
375
Поени од реакции
159
Теоретски е многу едноставно: само треба да ја пренасочиш енергијата кон позитивни навики и искуства. Во пракса незнам и не сум компетентен да советувам.

Што се однесува до мене сеедно ми е за вашата состојба. Можеби сум злобен но државава добро профитира од коцкарници, па колку повеќе коцкари има - појака држава ќе имаме:D
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.315
Поени од реакции
1.846
Имаш тешка психичка зависност. Би ти препорачал да ја прочиташ книгата 'Гол човек' на твојот колега Игор Џамбазов.
Хормонот на среќата и задоволството Допамин, Серотонин Ендорфин.
Ги има при хомосексуалците, наркоманите, алкохоличарите, и коцкарите.
Но исто ги има и при гејмерите, фејсбук, твитер, чекаш лајкови, не осетно си станал зависник.

Сум ги откажувал цигарите 2 пати, првиот пат за 8 години, вториот 3 години до денес, алкохолот исто, хомосексуализам не сум практикувал, но претпоставувам дека е слично.
Откажуваш од одма, без она намалување, па еднаш неделно...
Главно е да ја калиш вољата, пример прави ги сите пости, како што правеле нашите предци, денес примерно е распети петок не се јаде и не се пие вода од вчера вечер до утре сабајле.
Иначе секој петок и среда се пости без зејтин,леб сол буковец, варен компир, не е работата да е веганство а треба да е невкусно, мачно тешко.
Кога ќе собереш деновите, се над 200 во годината, постете 5-6 години или стално и ќе си го изградите карактерот, силни како камен, планини може да местите. Се бањаш со ладна вода, у почеток е тешко но е убаво за кожата, и ташаците стануват поздрави...;)
Пробемот е социумот, физички сме исти како порано но нешто многу сме се промениле како последица од постмодернот, во карактер, добрина, егоизам, трудољубивост.
Но не треба да се претерува до мазохизам, пример самобучување со ортома во православието или со синџири или ножови кај шиитите...

Прочитај некоја книга, или видео пример од психологот Сергеј Савельев, си кали карактер, сили, нормална физичка работа копај бунар, ров, бавча, сади дрва...
Кога ќе ги смениш моралните вредности пак добиваш хормон на среќата и задоволството Допамин од дома од семејството, не ти треба хомосексуализам или коцка.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.948
Поени од реакции
1.499
Нема лекови, не се коцкај.
Коцка е игра во која што само куќата добива.
Постави си правило - од сега никогаш повеќе не влегувам во коцкарница, обложувалница, или било што поврзано со коцка и почитувај си го правилото.
И не потпаѓај на - ама сега уште овој пат па од утре...
И научи да живееш со себе.

Не сум психолог, ако не свати досега никој психијатар или психолог не би си го трошел времето на Кајгана, зафатени се со стрижење овци.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
пример прави ги сите пости, како што правеле нашите предци, денес примерно е распети петок не се јаде и не се пие вода од вчера вечер до утре сабајле.
OOOOOOOOOOOKKKKKKKKKKKKKKKKKKKKK
Најглуп совет у свет. 2 дена без вода и храна. :pos: Поготово без вода.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.682
Поени од реакции
37.666
... нема врска, тоа е психолошко пореметување поради Х причина најмалку тројца доктори знам кој пред да испијат утринско кафе идат да фрлат некој денар на машина, а не ми се баш смотани, напротив!
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.174
Поени од реакции
42.903
... нема врска, тоа е психолошко пореметување поради Х причина најмалку тројца доктори знам кој пред да испијат утринско кафе идат да фрлат некој денар на машина, а не ми се баш смотани, напротив!
дипломата не значи нешто, еве и ти си дипломирана па мислиш дека планетите влијаат на нас. Сигурно и со тарот карти се бавиш, гледаш на кафе и остали пропратни работи.
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.383
Поени од реакции
23.213
... нема врска, тоа е психолошко пореметување поради Х причина најмалку тројца доктори знам кој пред да испијат утринско кафе идат да фрлат некој денар на машина, а не ми се баш смотани, напротив!
Докторите не се имуни од зависности, секој доктор знае за ризиците од ХТА, ДМТ2 итн па пак значаел дел од нив немаат мука, ждерат и пушат ко да нема утре.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.682
Поени од реакции
37.666
дипломата не значи нешто, еве и ти си дипломирана па мислиш дека планетите влијаат на нас. Сигурно и со тарот карти се бавиш, гледаш на кафе и остали пропратни работи.
... види вака, дипломата е само стекнато високо образование од една област т.е. медицина, што врска има другите мои афинитети? јас не сум стерилна особа и немам други хоризонти од познавања?
... ќе одговориш - ДА !луѓето кои се родени во исти зодијачки знак немаат ништо заедничко општо како личности во карактер, проблеми со здравје исто како што (не) се поврзани со сличности со иста крвна група?
Докторите не се имуни од зависности, секој доктор знае за ризиците од ХТА, ДМТ2 итн па пак значаел дел од нив немаат мука, ждерат и пушат ко да нема утре.
...едно е да се има лоша навика, друго е да се биде зависен, навиката лесно ќе се среди затоа што тоа не е психолошко растројство туку само една лоша навика, но кога веќе таа навика се одржува и храни подолго време се претворува во зависност кое веќе ни делува лошо и на самите себе и на околината, а се продолжува иако се има желба да се прекине,тогаш веќе настана нарушување во психата на човекот и ТУКА во овој случај треба помош!

... инаку докторите, апсолутно не се имуни, но најчесто се заштитени мечки позади параван, никој не го озборува, но со сигурност тие можат да ги имаат сите зависности, како зависност од секс, од алкохол, од коцкање, од по некоја марихуана, зависност од игри на среќа, тие се обични луѓе со пороци како секој обичен човек, успешноста е како да го контролираш сето тоа, ако веќе не може да го сузбиеш!
 
Последно уредено:

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.282
Поени од реакции
12.275
Мислев дека темава е за некаква болест на очите, видот што предизвикува коцкање во умот на она што се гледа. Или болест на мозокот поврзано со импулсите што доаѓаат од очите и очните нерви.

Ова било сосема друга форма на „коцкање на сликата“ во животот.

Навиките не се болест. Навиките може да се менуваат, но за секој човек постои различен „тригер“ за да почне да се менуваат навиките и чудната потреба да се повторува една иста работа заради некакво чувство на задоволство, опасност или што и да е...
 
на вакво коцкање мисли
 
Kajgana Shop

На врв Bottom