Дрогата секако. Дрогата има премногу штетни последици и на психичкото и на физичкото здравје, плус од дрогата се станува зависен веднаш, а од коцката неможеш да станеш зависник ако не сакаш. Како може некој апарат да те влече? Јас кога ќе бидам 18 години сигурно ќе влезам во казино, тоа го посакувам затоа што го сметам за интересно нешто и добро би било како искуство плус.
Нема да се коцкам со големи пари, ама ќе оставам некој денар на машините и на зелената маса.
Е сега, секако дека нема да продолжам, ако добијам супер, ако изгубам никому ништо, веќе нема да одам. А и да отидам повторно, ќе си ја знам границата. На пример ако имам на располагање 500 евра кои нема да влијаат на мојот понатамошен живот и нема да ми сменат ништо ако ги изгубам, ќе ги ставам на маса. Но, ако тие се мојата цела плата и ми се потребни за живот на мене сигурно дека нема да ги ризикувам. Ќе ставам од нив едно 50 евра и доста е. Не зборувам за кога ќе имам семејство, затоа што тогаш нема ни што да барам во казино, зборувам кога ќе бидам млада некаде 18-22 години сигурно ќе влезам во казино чисто да го искусам тоа и не го сметам за лоша работа, а коцкар зависник е веќе навистина лошо, ама тие луѓе самите си се виновни за тоа што си дозволиле да станат зависници од обичен апарат/маса.
Со самото тоа што коцката како коцка не е штетна ни психички ни физички, дрогата е полоша. Да не зборуваме за последиците од дрогата па...значи, во казино сигурно би влегла а цигари и дрога нема да пробам никогаш, а алкохол да исто после 18 ама во умерена доза, никогаш нема да се опијанам. Со самото ова јас ќе бидам подобра личност од оние кои секој викенд ќе бидат даски пијани, со цигара во рака или дрога а не отишле никогаш во казино.