Коцкање или дрога - кое е полошо?

Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Што е полошо според вас, коцкање или дрога?

Зошто е полошо едното од другото?

Кои се последиците?

Од што е потешко да се откажеш?

ЌЕ ВЕ МОЛАМ БЕЗ ТРОЛАЊЕ И ОФ-ТОПИК МИСЛЕЊА........
 
P

Princ

Гостин
Од ниедното не сум бил зависен некогаш, ама мислам дека од коцкање е многу потешко да се откажеш. Некако ми изгледа дека дрогирањето како да е физичка потреба, а коцкањето психичка.
 
M

Muranyi

Гостин
И двете,поготово ако си слаб карактер и не можеш да се контролираш.Заеби такви пороци.
 

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Дрога, нормално. Физичка зависност > психолошка зависност.
 
Член од
5 октомври 2012
Мислења
92
Поени од реакции
53
Со двете ги губиш парите.
Со двете го губиш разумот.
На двете си навлечен.
Од двете сакаш да се откажеш, а тешко ти оди...
Дрогата може да те убие тебе.
Коцката може да те убие тебе, и твоето семејтво ако не си ги отплати твоите долговите.

Кај и да се свртиш ке ти влезит тебе, а можеби и на тие околу тебе.
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Ни јас досега не сум бил зависен ниту од едното а ниту и од другото и немам намера до крајот на животот да ги испробам. Полоша е дрогата бидејќи еднаш „шмркна„ ли секој ден ќе сакаш и со тоа ќе станеш зависен. Ист е случајот и кај коцкањето но од тоа полесно можеш да се откажеш, се разбира доколку имаш ум.
 
P

Princ

Гостин
Полоша е дрогата бидејќи еднаш „шмркна„ ли секој ден ќе сакаш и со тоа ќе станеш зависен. Ист е случајот и кај коцкањето но од тоа полесно можеш да се откажеш, се разбира доколку имаш ум.
Ако еднаш шмркнеш и станеш зависен, претпоставувам ако те задржам во подрум некои 3 недели и секој ден те тепам, веројатно ќе се откажеш од таа навика. Си мислам откако ќе се вразумиш и ќе си ги увидиш грешките, нема да сакаш повторно да зимаш дрога.
Од друга страна, познавам стар и фамилијарен човек кој иако во 3 саат и двајцата сме зеле плата, во рок од 15 минути "се симнува до долу има нешто работа" а всушност ги остава парите на машината и се позајмува од тебе 50 денари за ѓеврек. Еднаш вели ќе фатам, ама тогааааааш...
Ваљда.
 
Член од
30 јули 2009
Мислења
1.770
Поени од реакции
1.058
Коцката не убива. И двете се лоши пороци, но бар коцката те остава со празен џеб, а жив.
 
Член од
27 април 2011
Мислења
2.306
Поени од реакции
3.043
.....ерм.... И?
Хмм па ти напиша дека дрогата е полоша бидејќи физичката зависност > психолошка зависност

Само те известував дека и двата вида на зависност се актуелни кај дрогата :нинџ:
 
Член од
15 јули 2012
Мислења
571
Поени од реакции
832
Дрогата секако. Дрогата има премногу штетни последици и на психичкото и на физичкото здравје, плус од дрогата се станува зависен веднаш, а од коцката неможеш да станеш зависник ако не сакаш. Како може некој апарат да те влече? Јас кога ќе бидам 18 години сигурно ќе влезам во казино, тоа го посакувам затоа што го сметам за интересно нешто и добро би било како искуство плус. :P Нема да се коцкам со големи пари, ама ќе оставам некој денар на машините и на зелената маса. :P Е сега, секако дека нема да продолжам, ако добијам супер, ако изгубам никому ништо, веќе нема да одам. А и да отидам повторно, ќе си ја знам границата. На пример ако имам на располагање 500 евра кои нема да влијаат на мојот понатамошен живот и нема да ми сменат ништо ако ги изгубам, ќе ги ставам на маса. Но, ако тие се мојата цела плата и ми се потребни за живот на мене сигурно дека нема да ги ризикувам. Ќе ставам од нив едно 50 евра и доста е. Не зборувам за кога ќе имам семејство, затоа што тогаш нема ни што да барам во казино, зборувам кога ќе бидам млада некаде 18-22 години сигурно ќе влезам во казино чисто да го искусам тоа и не го сметам за лоша работа, а коцкар зависник е веќе навистина лошо, ама тие луѓе самите си се виновни за тоа што си дозволиле да станат зависници од обичен апарат/маса.
Со самото тоа што коцката како коцка не е штетна ни психички ни физички, дрогата е полоша. Да не зборуваме за последиците од дрогата па...значи, во казино сигурно би влегла а цигари и дрога нема да пробам никогаш, а алкохол да исто после 18 ама во умерена доза, никогаш нема да се опијанам. Со самото ова јас ќе бидам подобра личност од оние кои секој викенд ќе бидат даски пијани, со цигара во рака или дрога а не отишле никогаш во казино.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
18.135
После подолго време и од двете стануваш психички нестабилна личност со изместена перцепција за реалноста и причина за распадната фамилија.Од друга страна, наркомани често се појавувале во веќе распаднати фамилии, со нарушени внатрешни односи, а коцкари се (особено во последно време) добро или ептен јако ситуирани луѓе.
Наркоманите или ќе умрат со тек на време или ќе се средат, овие дури не умрат се без прекин.А тешко е да умрат, ако влезат во шема на лихварите ќе јадат (лично или нивни блиски) ќотек понекогаш, ќе губат дел по дел прво парите после и имот (заложувале и сопствени жени), па ќе се кренат од дно колку да им вратат пари ама никогаш нема да загинат од нив, меѓусебно се зависни.А мртов коцкар не им е во плус.Од жив коцкар можат дневно да се огромни суми во плус.
На крај, сето ова е исклучиво во зависност од менталниот склоп на секоја личност поединечно и не сите исто би реагирале.
 
M

Macedonian-Sun

Гостин
Дрога е завист од која тешко се излегува, налошо е што и да се излечиш опечатен си за цел живот дека си земал дрога, или што е најлошо можеш и да умреш. А за коцкањето исто е завист но оваа завист зависи да имаш пари или не. И како можете да ги споредувате најголемите пороци на светот? Си немаат врска еден со друг. Сепак немам коментар...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom