Косовски вехабист утре на гости по повод Рамазан во Скопје

Статус
Затворена за нови мислења.

антонија

модел
Член од
22 август 2010
Мислења
144
Поени од реакции
6
Све што си напишал е точно.
Само што многу често вехабистите кога се пишува против нив, си земаат за право да се поистоветуваат со Исламот, па така тврдат дека противниците на овој тип на екстремизам се и противници на Исламот.
А точно е и дека има и такви кои не прават разлика помеѓу Исламот и исламските екстремисти, но тоа е делумно и поради фактот кој го споменав во предходната реченица.

--- надополнето ---



Ти кај живееш?
ДУИ е дел од системот, нивните членови се во неговите институции.
ДУИ стои зад организацијата на настанот.

(точно ќе биде да се каже дека не стои ДУИ, туку некои структури од оваа партија, Неџипи и други)
и во австралија да живеам не смеат вахабисти да доагаат во македонија и не само што доаагаат туку и држат говор кој бил пренесуван на МТВ 2.
Јасно ми е дека тааа партија стои зад настанот иако сите се прават дека се паднати од седмо небо.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.086
Поени од реакции
81.005
и во австралија да живеам не смеат вахабисти да доагаат во македонија и не само што доаагаат туку и држат говор кој бил пренесуван на МТВ 2.
Јасно ми е дека тааа партија стои зад настанот иако сите се прават дека се паднати од седмо небо.
Девојче, малку е смешно ова што го збориш, бидејќи Ти живееш заедно* со вакви имами кои јавно повикуваат на сечење глави. Не го бранам ич малоумников косовски, ама овој ,колку што знам, сеуште јавно не повикал на такво нешто и тој фала богу не живее тука, па само дојде и си отиде. Али кај вас имате стационирано такви. Оттука ми е чудно ова што го збориш.

*во иста земја
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Исламската верска заедница предупредува дека токму на ваков начин, преку фантомски невладини организации во последно време се прави обид да се инфилтрираат радикалните исламистички структури во Македонија. Тоа е најлесниот начин, да се заведуваат верниците, предупредува, поранешниот претседател на Југословенската ИВЗ, Јакуп Селимовски.
Албанците се оградуваат, муслиманите се оградуваат. Чист образ...
Топката ја префрливме на ваша половина. МВР, реакција? Ааааа....не им одговара? Пеќи...нивен проблем.

Инаку за прееска, бројот на екстремистите не расте. Грешка си. Барем тоа немој да ми кажуваш бабини приказни лимферувани по вести, кога јас живеам во таа средина, не ти. Ти кажав бројка, доколку се повеќе од 2000 во цела територија на Р. Македонија, меѓу нив и македонски муслимани, и бошњаци,и се останато....јас по втор пат си го сечам.
Може да се каже дека нивните активности се повеќе ги има во јавност, со тоа би се согласил, но тоа сепак е како последица на "префинетите" наши полицајци кои што сакаш верувај сакаш не, седат до нив рамо до рамо во чајџилница и пијат чај на сред Чаирчанка. Си го продаваат гзот за едно макијато и еден донер од кај Хамза. Дојди, ќе те почастам кафе, ќе те седнам сама да се увериш на тоа што ти го тврдам дека јас на суво не ти зборувам. Новинар не сум, можам да го поткрепам мојот став со докази.

Така да...како што веќе е кажано. Албанци не поддржуваат вакви акции, дигаат раце и препуштаат на полицијата која што никаде ја нема. На собирот имаше едвај 200 луѓе и ДУИ не стоеше позади собирот. Твое е да веруваш во тоа што сакаш...твој проблем.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.086
Поени од реакции
81.005
Бројот не расте?
Колку џамии под нивна контрола имаше пред 6-7 години, колку има денес?
Градоначалникот на Чаир им го овозможи тоа, конфронтирајќи се со ИВЗ, давајќи им подршка. Од ДУИ не гледам дека нешто го кудат. Така да, ДУИ не се баш надвор од сликата.
А нивната определба е битна, тие за разлика од ДПА не се огласија со коментар по повод гостинов.
Ориентацијата на ДУИ и ДПА по ова прашање датира од насилните настани поврзани со ИВЗ, во Кондово, од пред неколку години, во кои уествуваше оној лепотанот Красниќи што наводно владееше таму.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.725
Не треба да се генерализира, да се изгради профил (од нечија наметната гледна точка) врз религиска основа на некој етникум, народоност, припадност на општесвен слој.. како сакате.

Одсекогаш имало и ќе има радикални структури во секоја религија.

Сега мислам дека радикалните структури во Исламот се во подем, на врвот поради тоа што Исламот е "помлада" религија.
И кај христијанството (крстоносни војни итн) ги имало и ги има до ден денес (секти во 20 и 21 век ин д ЕУ енд САД).

Мислам дека исламските верници се во далеку подобра ситуација одколку христијаните во 11век кога имало масовно патот на цело село перење на мозоци од страна на радикални структури.

Можеби и сега е лесно да се перат мозоци преку мас медиа и безброј други фактори но сега барем верниците имаат избор.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Бројот не расте?
Колку џамии под нивна контрола имаше пред 6-7 години, колку има денес?
Градоначалникот на Чаир им го овозможи тоа, конфронтирајќи се со ИВЗ, давајќи им подршка. Од ДУИ не гледам дека нешто го кудат. Така да, ДУИ не се баш надвор од сликата.
А нивната определба е битна, тие за разлика од ДПА не се огласија со коментар по повод гостинов.
Ориентацијата на ДУИ и ДПА по ова прашање датира од насилните настани поврзани со ИВЗ, во Кондово, од пред неколку години, во кои уествуваше оној лепотанот Красниќи што наводно владееше таму.
Добро бе, инает тераш или мислиш дека знаеш нешто?
И некогаш и сега, џамиите се под ИВЗ. Некој дошол, се степал и "превземал" контрола. ИВЗ бараше помош од МВР, никој не ги ебе два посто. Село без кучиња не вахабисти, и ја би сакал да го контролирам што ти е...
E сега, да се навратам на тоа што си го напишала.
Ко прво, за да зборуваш нешто, по трет пат ти повторувам треба барем колку толку да имаш повеќе информации, за да тврдиш дека ете ДУИ стои позади настанот.

ДПА се оградува јасно само поради политички поени, и тоа не пред народот,туку пред самите себе. ДПА го постави реисот во ИВЗ. Нивен човек е. Ќе се оградуваат од се и сешто, што се совпаѓа со ставовите на ИВЗ, какви и да се. Нека ти е јасно зашто тоа го прават.
Ко второ, ДУИ како политичка партија, а и сите други, нема што да ги заболе многу за религиозни работи, дека колку што знам, од правен аспект државата сеуште ни е секуларна. Ко второ, тоа што се случило во Чаир,не му дава директна одговорност на Меџити за настанот. Со години наназад во паркот во Чаир за Рамазан се организира Ифтар за луѓе кои што не можат да си дозволат јадење, и кој сака може да присуствува. Ни ДУИ, и ДПА, ни света политичка партија од Марс да се симне, тоа не може да го промени, или не дај боже да проба да го укине како настан.
Е сега некој искористил гужва, без никаква најава донел некого, и серел за што му се сакало...и од немај каде.. ДУИ се криви. Со кој памет бе?
Не бранам ни ДУИ, ни ДПА да ме знаеше подолго ќе знаеше дека не сум определен, ама реалноста на терен е друга. Живеам тука, знам повеќе од тебе. Ти знаеш само тоа што ќе го слушнеш на вести, а тоа не секогаш е вистина.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.086
Поени од реакции
81.005
Не можам да се сложам со тоа дека ДУИ стои на страна од процесите на ширење на вехабизмот.
Прво, Меџити и неговата одговорност ги споменав повеќе во контекст на свргнувањето на ИВЗ во овие џамии, а не во врска со настанот на кој некој си го убацил АлЗавахири.
...
Колку џамии под нивна контрола имаше пред 6-7 години, колку има денес?
Градоначалникот на Чаир им го овозможи тоа, конфронтирајќи се со ИВЗ, давајќи им подршка. Од ДУИ не гледам дека нешто го кудат. ...
Тоа со џамиите се случи откако тој е градоначалник на Чаир и колку и да тврдиш ти дека тој нема улога во тоа, сепак не е така. Тоа е евидентно. За тоа зборат и имињата на луѓето кои учествуваа во инцидентот со тепањето во џамијата. Дотолку повеќе што главата на ИВЗ е човек на ДПА. Тука влегува и индеферентноста на ДУИ во врска со проблемите на ИВЗ. А тука барај го и одговорот на немешањето на МВР (да те потсетам - ДУИ е на власт, па верувал или не и во МВР). Така да наводнотото префрлање топка во македонскиот кампус не е направено и не може да биде направено. Албанците се во власта, ако сметаат дека ова е проблем - ќе си го решат, ако не нека ви е со среќа.
 

Toneh

is a turtle
Член од
21 август 2005
Мислења
5.510
Поени од реакции
907
Не можам да се сложам со тоа дека ДУИ стои на страна од процесите на ширење на вехабизмот.
Прво, Меџити и неговата одговорност ги споменав повеќе во контекст на свргнувањето на ИВЗ во овие џамии, а не во врска со настанот на кој некој си го убацил АлЗавахири. Тоа со џамиите се случи откако тој е градоначалник на Чаир и колку и да тврдиш ти дека тој нема улога во тоа, сепак не е така. Тоа е евидентно. За тоа зборат и имињата на луѓето кои учествуваа во инцидентот со тепањето во џамијата. Дотолку повеќе што главата на ИВЗ е човек на ДПА. Тука влегува и индеферентноста на ДУИ во врска со проблемите на ИВЗ. А тука барај го и одговорот на немешањето на МВР (да те потсетам - ДУИ е на власт, па верувал или не и во МВР). Така да наводнотото префрлање топка во македонскиот кампус не е направено и не може да биде направено. Албанците се во власта, ако сметаат дека ова е проблем - ќе си го решат, ако не нека ви е со среќа.

Колку што знам, законите на оваа држава важат за сите граѓани на истата, без разлика на нивната верска, етничка или партиска припадност. Ако МВР смета дека е скршен некој закон, тогаш треба да интервенира, а не да чека зелено светло од <внеси партија>.
Што се однесува до болдираново, доколку се појави некој проблем во државава, тогаш тој проблем треба да ги засега: како прво, сите граѓани на РМ, а како второ, тие што ни ја водат државата.
Поради специфичниот карактер на овој проблем, треба да се интервенира брзо и ефикасно од страна на Владата, не ДУИ, не ВМРО, туку од власта (во соработка со ИВЗ), за да се спречи уште од сега, да не си ги чешаме главите за неколку години прашувајќи се каде згрешивме.

Што повеќе чекаме, полошо за нас*.

*Не само за албанците, туку за сите граѓани на Република Македонија.
 
H

Hombre

Гостин
Наместо да се либерализира односно европеизира да се вклопи во секојдневието на западното живеење,исламот и во Македонија од определени групи фаќа уште порадикален курс. Овие состојби земат замав,тоа е очигледно а одат само на штета на припадниците од исламската вероисповед,бидејќи ќе се одалечат уште повеќе верници од верските објекти, ќе се одалечат од молитвите ,ќе се одалечат од Бога.

Жално навистина.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
4.775
Исламот не е опасна религија, опасни се тие луѓе кои погрешно го интерпретираат. А факт е дека такви има доста во државава.
И не само во државава, туку насекаде во светот. Зошто не постои радикален хриситјанизам, или радикален будизам? Религијата и тоа како има врска. А во исламот постои џихад. И не само тоа, туку и многу закони исламски кои се поекстремни од другите го прави исламот опасна религија.


Демек С.Арабија кога ке нема нафта,ке падне Исламот..дај не треси...
Нема да падне, туку градењето џамии и ширењето ќе престани, а и постепено ќе почне да се повлекува.... ако пред тоа не се случи нешто...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Vam vi smetaat takanarecenite vehabii a nim im smeta pornocratijata, pornografijata, nemoralot i voluntarizmot na profitabilnata logika. I sega sto? Vie sakate niv da gi nema, oni sakaat vas da ve nema. No takvi pravi vernici se malku ne se plasete malku se i ovde i na globalno nivo, najmnogubrojni se nominalnite vernici, tie so samo sledat rituali a ne se bavtaat so etika i serijat nego si gledaat biznis taka da ne panicete, vecina su doista nevjernici- vo sekoja vera.
 

AL.

Член од
22 јануари 2009
Мислења
12.610
Поени од реакции
5.016
Нема да падне, туку градењето џамии и ширењето ќе престани, а и постепено ќе почне да се повлекува.... ако пред тоа не се случи нешто...
Зошто да престане градењето на џамии а воедно и ширењето?Муслиманите не зависат од С.Арабија...постот не ти држи вода...
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.136
Поени од реакции
4.775
Зошто да престане градењето на џамии а воедно и ширењето?Муслиманите не зависат од С.Арабија...постот не ти држи вода...
Во прави си, финансирањето на изградбата на џамии не зависи само од Арабија.... тука во игра се Иран, и многубројни организации...

--- надополнето ---

Vam vi smetaat takanarecenite vehabii a nim im smeta pornocratijata, pornografijata, nemoralot i voluntarizmot na profitabilnata logika. I sega sto? Vie sakate niv da gi nema, oni sakaat vas da ve nema. No takvi pravi vernici se malku ne se plasete malku se i ovde i na globalno nivo, najmnogubrojni se nominalnite vernici, tie so samo sledat rituali a ne se bavtaat so etika i serijat nego si gledaat biznis taka da ne panicete, vecina su doista nevjernici- vo sekoja vera.
Ништо не ми смета се додека не почне тоа да влијае на мојот начин на живот, општество. Моментот кога тоа ќе се случи почнува да ми смета.
 
Член од
5 мај 2005
Мислења
4.454
Поени од реакции
178
Во прави си, финансирањето на изградбата на џамии не зависи само од Арабија.... тука во игра се Иран, и многубројни организации...

--- надополнето ---



Ништо не ми смета се додека не почне тоа да влијае на мојот начин на живот, општество. Моментот кога тоа ќе се случи почнува да ми смета.
О моќен просветителу, може да се едуцираш малку, и да земеш да го провериш вистинското значење на зборот џихад пред да се бламираш себеси јавно на форум?
Не си ништо подобар од Вахабистите... шириш омраза против исламот, они шират омраза против тебе...сејм шит.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom