Коронавирус (COVID-19)

Член од
17 август 2011
Мислења
9.930
Поени од реакции
17.753
А ти за корона си сигурен дека е еден, дека не мутира? И еднаш пишав, со креирањето на антитела еднаш не си заштитен до крај на живот, тие антитела ги губиш со тек на време. Јас покрај тоа што се надевам дека ќе се пронајде вакцина за да се создаде имунитет на стадото кој ќе има ефект пошто тој имунитет ќе биде создаден со масовно вакцинирање, се надевам и на лекарства кои ќе ги олеснат симптомите кај оние пациенти со тешка клиничка слика

https://www.gilead.com/purpose/advancing-global-health/covid-19/remdesivir-clinical-trials
Едно е да се надеваш ама реалноста е друга, дека вакцина ќе имаш за најмалку 18 месеци. Значи минимум да се пронајде, а потоа и да се произведе и да се дистрибуира.
Автоматски споено мислење:

А кој рече дека ќе се изгубел вирусот? Зошто продолжуваш со глупи и површни пензионерски муабети?
Треба досега да ти е јасно која е намерата на мерките. Не е спречување, туку успорување, пример да беа сите вака лабави како Шведска, сигрно досега ќе имаше многу повеќе умрени заради немање медицинска нега, заради побрз степен на ширење или заради послабо дистанцирање. Не е ова математика, па 2+2 се секогаш 4. Еве некои главни поенти за потребата од мерките, кои секојдневно се трубат по ТВ:
  • ширење свест за почитување на мерки за превенција
  • социјална дистанца за забавување на ширењето
  • држење на здравствениот систем во кондиција
  • купување на време за да се изнајдат поефективни методи за лекување до крајното изнаоѓање на вакцина
  • постепено да се формира колективен имунитет кај населението.

Зар и после милион изгледане вести, емисии и исчитани статии не ја сфаќате опасноста од масовно наспрема постепено ширење на вирусот и мислењето ви е ,,хехе секако ќе се рашири, џабе мерките"?
Не терам пензионерски муабет. Освен првата точка ниедна не е исполнета, а земји заговораат за олабавување на мерките. Кај наоѓаш логика тука?Викаш Данска ги олабавува мерките и се враќа у нормала, а ниту се нашло вакцина, нити лек, ниту има некаков колективен имунитет кај населението. Дури и твојата трета точка, здравствениот систем у кондиција, ќе пропадне у вода ако наеднаш почне да се шири вирусот после тргањево на мерките. Затоа те прашав до кога ќе ги држат мерките и ќе ја рамнат кривата, месеци,години, декади? Ама пошто не знаеш ни сам, ми нафрли некој точки со поенти тука.
Автоматски споено мислење:

Па, тоа не го знаеме дека нема да биде случај и со Корона, може да се случи секоја година да мутира и да треба поливалентна вакцина како и кај вирусот.
Види ја не сум експерт за вируси, коментирам според тоа што го читам од колку толку релевантни доктори. Ако вирусот мутира секоја година и не се стекнува имунитет, тогаш господ нека ни е на помош и навикнете се на 4000 мртви у државата секоја сезона.
Моја претпоставка е дека вирусот ќе се фаќа сезонски и можеби по повеќе пати, меѓутоа ќе се шири помалце и ќе биде помалце смртоносен кога голем дел од популацијата ќе го има прележано. Дури и да фатиш некоја мутација понатака, ќе биде поблага од првиот пат.
 
Последно уредено:
  • Ми се допаѓа
Reactions: A__

DimceY

Jimmy
Член од
20 ноември 2007
Мислења
5.734
Поени од реакции
5.419
за да се вратат работите полека во нормала и за да се олабуваат дел од мерките како шо вика Оли пајакот НАЈПРВО треба да се направават долгорочни стратегии и планови како ќе се постапува понатаму и со кои мерки или насоки ќе се спрече односно првенствено намали понатамошната трансмисија на вирусот зашо реално вирусов нема да исчезне преку ноќ... се до сеа шо е донесено е краткорочен план како кај нас така општо и низ цел свет, секако по насоки од СЗО..

социјалната дистанца мора да се практикува и понатаму (ако се прашувам јас тоа треба да се внесе и како уредба во уставот, со декрет, секако е вонредна ситуација :pos:) исто така и одржување на сопствена хигиена..

исто така според мора да има масовни тестирања !!!! со тие масовни тестирања ќе се утврди колкава е горе доле реалната бројка на заразени, колку од тие заразени се излечени самостојно без лекарска помош, на колку им била потребна хоспитализација...со тие масовни тестирања ќе се дознае и колава е бројката на луѓе кои што го имаат прележано вирусот асимптоматски односно веќе имаат антитела..

врз основа на резулататите од тие масовни тестирања ќе се соберат голем број информации за вирусот... на пример ќе утврди возрасната граница на заболените, од кој дел од државата се, во каква здравствена состојба се, како го "поминале" вирусот, дали чувствуваат некои здравствени последици од вирусот после прележувањето и слично...

е сеа сите тие информации од тестирањата Манчевски и компанијата од неговото министерство ќе треба да ги складираат во една апликација која шо постојано ќе биде дополнувана односно апдејтирана со нови податоци од нови пациенти...

и на крај ВРЗ ОСНОВА на тие податоци од таа апликација ТРЕБА да се одлучува за понатамошните чекори, дали ќе се олабавуваат мерките или ќе се заоструваат, кој градови/села треба да бидат под карантин...

и ова треба да трае се додека не се стекне природен колективен имунитет или додека не се изнајде вакцина..

И НАЈБИТНО за се ова од погоре да функционира како шо треба, додека трае оваа ситуација сите ЧАУШИ треба да се откажат од терање на дневна политика (случајот со Куманово) и политичко "курчење"...



Sent from my SM-G960F using Tapatalk
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Абе кое израмнување на крива ко ќе попуштат луѓево за 1 Мај секс дрога рокенрол ќе биде, или ќе испоумриме или ќе го прележиме сите.
 
Член од
18 јули 2018
Мислења
1.068
Поени од реакции
4.260
Член од
28 август 2013
Мислења
4.157
Поени од реакции
12.653
Ќе прават тестирања во однос на кривата, ако почне да се зголемува ќе намалат на тестирања и ќе ја израмнат.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.291
Поени од реакции
18.119
Види ја не сум експерт за вируси, коментирам според тоа што го читам од колку толку релевантни доктори. Ако вирусот мутира секоја година и не се стекнува имунитет, тогаш господ нека ни е на помош и навикнете се на 4000 мртви у државата секоја сезона.
Моја претпоставка е дека вирусот ќе се фаќа сезонски и можеби по повеќе пати, меѓутоа ќе се шири помалце и ќе биде помалце смртоносен кога голем дел од популацијата ќе го има прележано. Дури и да фатиш некоја мутација понатака, ќе биде поблага од првиот пат.
Знаеш она еврејската, најстрашно е да имаш, па да немаш, така и ние како цивилизација, уживавме во невиден луксуз, навикнати да си земаме се здраво за готово.

Ова може да биде и само trailer за тоа како ќе изгледа кога ќе ни се намалат условите на живот на планетава.
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.540
Поени од реакции
14.673
Да сумираме за Вело досега шо има кажано по интервјуа:

1. Го следи вирусот и сите информации, но цела експертиза и мислење му се базира на инфлуенца/грип.
2. Смета дека ковид не е нешто пострашно од грипот и не е сигурен колку е причинител на смртните случаеви. Мислам дека спомна како се занемаруваат случаевите како пневмонија или некоја бактериска инфекција (малку е нејасен тука со примарна и секундарна).
3.Моменталните мерки се не ефективни заради тоа што нема да помогнат во развлекување на кривата туку на прекинување шо значи колективниот имунитет би се стекнал многу потешко.
4. Маски треба да се носат но истакнува во кои случаеви(ако си болен треба да носиш).
5. Ја поздрави одлуката за да не се оди на масовен скрининг на популацијата со пцр метода, туку да се создадат услови за серолошко тестирање што е побрзо, и нема да се блокира здравствениот систем.
6. Да се прави разлика помеѓу позитивен и заболен со симптоми. Не секој кој го има вирусот е заболен или дека ќе заболи. Исто така спомна во некои случаеви самиот организам не се ни бори со вирусот пошто не го гледа како закана.
8. Во еден момент ја искритикува СЗО и спомна дека има тужба против нив за свинскиот грип во 2009. СЗО биле релевантни до 2000 година а од тогаш наваму има здравствени организации кои се далеку поспремни од СЗО.
9. Мисли дека вирусов парадоксално ќе повлечи за 6 месеци, поткрепено со тоа што некој процент на населението ќе стекне имунитет.

Можеби нешто утнав или заборавив, можите слободно да ме дополните.
Чисто да го сумирам мислењето на чоеков и да бидам што можно по објективен. Да видиме каде греши и дали некаде греши итн.
 
Последно уредено:
Член од
17 август 2011
Мислења
9.930
Поени од реакции
17.753
Знаеш она еврејската, најстрашно е да имаш, па да немаш, така и ние како цивилизација, уживавме во невиден луксуз, навикнати да си земаме се здраво за готово.

Ова може да биде и само trailer за тоа како ќе изгледа кога ќе ни се намалат условите на живот на планетава.
Не верувам дека некој ќе прифати да му регресира квалитетот на живот и да се помири со тоа. Пробувам да глеам објективно и овие бројки не се толку страшни за да се смени начинот на живот, ама мерките кој ги повлекоа државите дефинитивно го сменат светот.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.296
Поени од реакции
15.514
Поттикнат од дискусијава за Шведска, утепав пола саат у ексел и напраив 2 чартчиња, споредба меѓу нордиските земји (исклучок Исланд).
Зашо овие земји? Зашто се слични на култура, на географска одредница, квалитет на живот, движење, туризам, дијаспора (нема бројки не ми барајте, генерален заклучок).

Неам време да гуглам на мерки во другите земји и сигурно се построги од Шведска, но во Шведска не е business as usual за што потврдуваат и од нивната влада (читај линк).

Што може да се заклучи? На сличен број на случаи на 1м жители со исклучок на Финска, Шведска има 2.5, 4.9 и 8.7 пати споредено со Данска, Норвешка и Финска респективно. Исто така, % на смртност во однос на регистрирани случаи е 11% во Шведска во однос со 5%, 2% и 3% во другите земји, што е од 2 до 4 пати повеќе. Во случајов, % на смртност може да биде ваков според мене од 2 причини, првата е дека не ги третираат сите регистрирани поради пристапот/оптовареноста на болниците или пак (повеќе веројатниот) е дека Шведска има нереална слика на регистрирани случаи (во таков случај можда и бројот на смртни случаи на 1м жители би пораснал).

Е сега овие проценти, аплицирајте ги на земји со понизок квалитет на живот, полоша економија, полошо здравство, полоша култура и почитување на препораки/мерки, и направете математика.

Шведска поминува супер? Шведска има среќа што не е Италија јас мислам.

chart 1.JPG

chart 2.JPG
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.085
Поени од реакции
12.708
Знаеш она еврејската, најстрашно е да имаш, па да немаш, така и ние како цивилизација, уживавме во невиден луксуз, навикнати да си земаме се здраво за готово.

Ова може да биде и само trailer за тоа како ќе изгледа кога ќе ни се намалат условите на живот на планетава.
Ти го имаше постот на денот со жешкото време во Еквадор сабајле.
Незнам што запињаш сеа толку,остај другите падавичари да се истакнат.Сем Амди,другиве штуро некако...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.291
Поени од реакции
18.119
Да сумираме за Вело досега шо има кажано по интервјуа:

1. Го следи вирусот и сите информации, но цела експертиза и мислење му се базира на инфлуенца/грип.
2. Смета дека ковид не е нешто пострашно од грипот и не е сигурен колку е причинител на смртните случаеви. Мислам дека спомна како се занемаруваат случаевите како пневмонија или некоја бактериска инфекција (малку е нејасен тука со примарна и секундарна).
3.Моменталните мерки се не ефективни заради тоа што нема да помогнат во развлекување на кривата туку на прекинување шо значи колективниот имунитет би се стекнал многу потешко.
4. Маски треба да се носат но истакнува во кои случаеви(ако си болен треба да носиш).
5. Ја поздрави одлуката за да не се оди на масовен скрининг на популацијата со пцр метода, туку да се создадат услови за серолошко тестирање што е побрзо, и нема да се блокира здравствениот систем.
6. Да се прави разлика помеѓу позитивен и заболен со симптоми. Не секој кој го има вирусот е заболен или дека ќе заболи. Исто така спомна во некои случаеви самиот организам не се ни бори со вирусот пошто не го гледа како закана.
8. Во еден момент ја искритикува СЗО и спомна дека има тужба против нив за свинскиот грип во 2009. СЗО биле релевантни до 2000 година а од тогаш наваму има здравствени организации кои се далеку поспремни од СЗО.
9. Мисли дека вирусов парадоксално ќе повлечи за 6 месеци, поткрепено со тоа што некој процент на населението ќе стекне имунитет.

Можеби нешто утнав или заборавив, можите слободно да ме дополните.
Чисто да го сумирам мислењето на чоеков и да бидам што можно по објективен. Да видиме каде греши и дали некаде греши итн.
Да тоа е тоа што го тврди, со тоа што во врска со точка број 2, за вирусот и пнеумонијата, нешто за кое што ми замери и @AlternativeF, сега ги најдов правите бројки од CDC за смртност од инфлунца, затоа што во официјалните статистики досега грипот и пневмонијата се заедно сместени.

Еве како изгледа разделно:

influenca.jpg

Значи смртноста од самиот грип е минимална, но пропратните пневмонии се страшни.

Ова затоа што Вело пробува да го минимизира Корона вирусот, со тоа што прави дистинкција меѓу бактериолошката пневмонијата која што се надоврзува на корона, со корона вирусот.

Со овие бројки Короната е 100 пати по смртоносна во однос на инфлуенца во денешно време и тоа само заради вакцината за грип. Ако немавме вакцина за грип ќе беше многу помала разликата.
 
Последно уредено:
Член од
20 септември 2017
Мислења
920
Поени од реакции
1.347
Да сумираме за Вело досега шо има кажано по интервјуа:

1. Го следи вирусот и сите информации, но цела експертиза и мислење му се базира на инфлуенца/грип.
2. Смета дека ковид не е нешто пострашно од грипот и не е сигурен колку е причинител на смртните случаеви. Мислам дека спомна како се занемаруваат случаевите како пневмонија или некоја бактериска инфекција (малку е нејасен тука со примарна и секундарна).
3.Моменталните мерки се не ефективни заради тоа што нема да помогнат во развлекување на кривата туку на прекинување шо значи колективниот имунитет би се стекнал многу потешко.
4. Маски треба да се носат но истакнува во кои случаеви(ако си болен треба да носиш).
5. Ја поздрави одлуката за да не се оди на масовен скрининг на популацијата со пцр метода, туку да се создадат услови за серолошко тестирање што е побрзо, и нема да се блокира здравствениот систем.
6. Да се прави разлика помеѓу позитивен и заболен со симптоми. Не секој кој го има вирусот е заболен или дека ќе заболи. Исто така спомна во некои случаеви самиот организам не се ни бори со вирусот пошто не го гледа како закана.
8. Во еден момент ја искритикува СЗО и спомна дека има тужба против нив за свинскиот грип во 2009. СЗО биле релевантни до 2000 година а од тогаш наваму има здравствени организации кои се далеку поспремни од СЗО.
9. Мисли дека вирусов парадоксално ќе повлечи за 6 месеци, поткрепено со тоа што некој процент на населението ќе стекне имунитет.

Можеби нешто утнав или заборавив, можите слободно да ме дополните.
Чисто да го сумирам мислењето на чоеков и да бидам што можно по објективен. Да видиме каде греши и дали некаде греши итн.
Мислам дека може се да му се сведува на точка 8 за Свинскиот грип, имаше премногу паника во 2009 и на крај испадна дека не е ништо поопасен од сезонскиот грип, па имаше обвинувања дека фармацевските компании биле одговорни за дополнително создавање паники за да продаваат вакцини итн.итн.
Можеби на крај ќе испадне во право ама па наведува многу луѓе да релативизираат за Ковид-19, а со тоа непочитување на мерки итн.
Уште е рано да се каже за Коронава, неколку месеци е присутен и уште малку се знае за него, не можеме да си носиме онака од ракав заклучоци као абе ништо страшно, пак не мафтаат, гола вода, светски заговори, биг фарма..и да споредуваме со пандемијата на Свински грип 2009 или со сезонскиот грип.

https://en.wikipedia.org/wiki/2009_swine_flu_pandemic
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.291
Поени од реакции
18.119
Ти го имаше постот на денот со жешкото време во Еквадор сабајле.
Незнам што запињаш сеа толку,остај другите падавичари да се истакнат.Сем Амди,другиве штуро некако...

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
2/3 од сите болни во Еквадор се во овој регион. Де види колку е температурата.


ekvador.jpg

И во Македонија во Берово е ладно во лето :pos:
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.448
Поени од реакции
109.352
Ако зборите за Кито имајте на ум дека е на голема надморска височина, уствари како и грото од земјата.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.561
Поени од реакции
17.594
Едно е да се надеваш ама реалноста е друга, дека вакцина ќе имаш за најмалку 18 месеци. Значи минимум да се пронајде, а потоа и да се произведе и да се дистрибуира.
Автоматски споено мислење:


Не терам пензионерски муабет. Освен првата точка ниедна не е исполнета, а земји заговораат за олабавување на мерките. Кај наоѓаш логика тука?Викаш Данска ги олабавува мерките и се враќа у нормала, а ниту се нашло вакцина, нити лек, ниту има некаков колективен имунитет кај населението. Дури и твојата трета точка, здравствениот систем у кондиција, ќе пропадне у вода ако наеднаш почне да се шири вирусот после тргањево на мерките. Затоа те прашав до кога ќе ги држат мерките и ќе ја рамнат кривата, месеци,години, декади? Ама пошто не знаеш ни сам, ми нафрли некој точки со поенти тука.
Автоматски споено мислење:


Види ја не сум експерт за вируси, коментирам според тоа што го читам од колку толку релевантни доктори. Ако вирусот мутира секоја година и не се стекнува имунитет, тогаш господ нека ни е на помош и навикнете се на 4000 мртви у државата секоја сезона.
Моја претпоставка е дека вирусот ќе се фаќа сезонски и можеби по повеќе пати, меѓутоа ќе се шири помалце и ќе биде помалце смртоносен кога голем дел од популацијата ќе го има прележано. Дури и да фатиш некоја мутација понатака, ќе биде поблага од првиот пат.
Што не ти е јасно тоа со Данска(и Норвешка)? Прв пат слушаш или се прајш на удрен? Значи им се рамни полека кривата, се зголемува температурата, се намалува влажноста на воздухот и после првичниот бран полека се отвораат. Нормално дека нема да биде како што беше пред вирусот, туку ќе биде постепено тоа, со социјална дистанца, носење на заштитна опрема, ограничување на бројот на луѓе во маркети, продавници, забрана за јавни собири за да се превенира наглото ширење. Што значи ќе има заболени повторно, но контролирано.

Не биле исполнети точките. Што очекуваш ти не знам, 100% да е ефективно за да бидат според тебе исполнети? Ете спореди број на мртви на 100К жители во релативно слично развиени земји како Данска, Ј.Кореја и Германија наспрема Франција, ВБ, Шедска и САД(Њујорк) па оцени кој како помина. Првите со навремена реакција и масовно тестирање, а вторите со непревентивно делување.
Не знам што очекуваш ти, да се збрише вирусот за да бидат исполнети точките?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom