- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.441
- Поени од реакции
- 18.627
Едно е да се надеваш ама реалноста е друга, дека вакцина ќе имаш за најмалку 18 месеци. Значи минимум да се пронајде, а потоа и да се произведе и да се дистрибуира.А ти за корона си сигурен дека е еден, дека не мутира? И еднаш пишав, со креирањето на антитела еднаш не си заштитен до крај на живот, тие антитела ги губиш со тек на време. Јас покрај тоа што се надевам дека ќе се пронајде вакцина за да се создаде имунитет на стадото кој ќе има ефект пошто тој имунитет ќе биде создаден со масовно вакцинирање, се надевам и на лекарства кои ќе ги олеснат симптомите кај оние пациенти со тешка клиничка слика
https://www.gilead.com/purpose/advancing-global-health/covid-19/remdesivir-clinical-trials
Автоматски споено мислење:
Не терам пензионерски муабет. Освен првата точка ниедна не е исполнета, а земји заговораат за олабавување на мерките. Кај наоѓаш логика тука?Викаш Данска ги олабавува мерките и се враќа у нормала, а ниту се нашло вакцина, нити лек, ниту има некаков колективен имунитет кај населението. Дури и твојата трета точка, здравствениот систем у кондиција, ќе пропадне у вода ако наеднаш почне да се шири вирусот после тргањево на мерките. Затоа те прашав до кога ќе ги држат мерките и ќе ја рамнат кривата, месеци,години, декади? Ама пошто не знаеш ни сам, ми нафрли некој точки со поенти тука.А кој рече дека ќе се изгубел вирусот? Зошто продолжуваш со глупи и површни пензионерски муабети?
Треба досега да ти е јасно која е намерата на мерките. Не е спречување, туку успорување, пример да беа сите вака лабави како Шведска, сигрно досега ќе имаше многу повеќе умрени заради немање медицинска нега, заради побрз степен на ширење или заради послабо дистанцирање. Не е ова математика, па 2+2 се секогаш 4. Еве некои главни поенти за потребата од мерките, кои секојдневно се трубат по ТВ:
- ширење свест за почитување на мерки за превенција
- социјална дистанца за забавување на ширењето
- држење на здравствениот систем во кондиција
- купување на време за да се изнајдат поефективни методи за лекување до крајното изнаоѓање на вакцина
- постепено да се формира колективен имунитет кај населението.
Зар и после милион изгледане вести, емисии и исчитани статии не ја сфаќате опасноста од масовно наспрема постепено ширење на вирусот и мислењето ви е ,,хехе секако ќе се рашири, џабе мерките"?
Автоматски споено мислење:
Види ја не сум експерт за вируси, коментирам според тоа што го читам од колку толку релевантни доктори. Ако вирусот мутира секоја година и не се стекнува имунитет, тогаш господ нека ни е на помош и навикнете се на 4000 мртви у државата секоја сезона.Па, тоа не го знаеме дека нема да биде случај и со Корона, може да се случи секоја година да мутира и да треба поливалентна вакцина како и кај вирусот.
Моја претпоставка е дека вирусот ќе се фаќа сезонски и можеби по повеќе пати, меѓутоа ќе се шири помалце и ќе биде помалце смртоносен кога голем дел од популацијата ќе го има прележано. Дури и да фатиш некоја мутација понатака, ќе биде поблага од првиот пат.
Последно уредено: