Настрана фактот што со децении уназад не пљачкосуваат константно а ние молчиме и мува не не лази кој и зошто ни брца по џебови кога ќе му се посака, тригерот за револт кон системот бил да не затворат дома и патем да ни ги затворат и сите останати форми на забава кои што еден економски и културно осиромашен балканец ги нарекува социјален живот... кладилници, кафани, кафулиња и се пропратно. Оти толку елегии за проклетството од седењето дома се напишаа, некој да не знае дека живееме во економски најотепаната држава во европа ќе си помисли дека секојдневието ни е исполенто со журки, забави и ручеци во елитни ресторани со по три мишелин ѕвезди, одмори по егзотични дестинации и луксузни ресорти.
Мислам дека е добра мерка оти баш самите спомнаа на пресот, ни следува топол викенд, а добро знам што значи топол викенд пошто живеам на двеста метра од парк со пешачки патеки, стази за трчање, клупи за седење и едно пет кафемати, во близина мали продавнички... па гледав што се случуваше. Редици пред кафематите и групи со смоки и чипсови поседнати по клупите. Додај на тоа религиски празници кои што следат, па одење по гости...
Мислам дека како народ сме добро прочитани од политичките елити, земен ни е скалпот. Па како инаку би не веслале се едни исти партии со истите фори на секој можен изборен циклус три децении наназад?