Коронавирус (COVID-19)

Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
Гледам по дворови пак се собираат. Ѓезмиња, сиренце, ракија. Исто и мајки со мали деца по клупи, мора да се зберат 2-3 на 2 квадрати.
Ради нивното непочитување на препораките и мерките, сега нема да имаме време ни за пазарење.
Од 21 до 5 не ви одговраше требало порано да почнува, да има ограничување на ние под 18 и на пензионери, цел викенд полициски час за сите, а сега па зошто таква катастрофална одлука. :D
да се надоврзам на твојот пост. Не е само полициски час и да не се мрда. Вирусот е активен и претпладне. Толку ли им беше тешко на полицајциве да патролираат по паркови, кејови и улици и првин да опоменат, вторпат да казнуваат овие случаи што ги набројавме погоре? Не може да се остави на совест на граѓани. Некои од нив мислат измислица е. Други велат абе кај мене ќе ме фати. До вчера поим немале најголем број од нив ни што е вирус. Иако и порано имало опасности од грипови, еден куп жолтици и ред поредум вирози.
На почеток на темава споменав, луѓе раце не миеја од веце камоли од доаѓање од надвор.

Сега не можат најголем број фирми да работат нормално, ќе мора да кратат работно време. Плус што е полошо, фабрики, занаети и продавници за храна и аптеки, кои како така правеа обрт, за викенд ќе имаат нула обрт, профит, плати и буџетски давачки.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Ако некој од овие на пресов не се расплаче и не каже дека најбитни ни се старите граѓани, овој прес не го признавам за валиден :icon_lol:
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.649
Поени од реакции
81.694
Жими се најубаво е сега да си по селата, ем нема многу луѓе, ем во куќа ќе си и дворче, полиција ретко поминува по селата со малку жители, природа, убавини. Посебно оние што се во Западна Македонија, сега таму е милина.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Експертите на форумов дури беше полабаво предлагаа да се стегне ситуацијата, сега па многу драстични биле мерките. Договорете се сами со себе.
И не се согласувам дека сега демек повеќе гужва ќе имало по маркети и повеќе заразени ќе имало. Луѓето ќе пазарат поретко и повеќе продукти. Без меркиве имаше студентарија што ги мереа сите улици без потреба, а во маркети се оди и за едно лижавче, така што мора оваа стока некако да се дисциплинира, зашто уште повеќето се понашаат како ништо да не се случува.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Јас во среда на нотар во Скопје треба да одам, што значи со новиот полициски час, нема да успеам да се вратам назад (2 до 2 ипол часа ми требаат со кола) :(
Ќе се јавиш и ќе се договориш порано да одиш, да речеме да можеш да си завршиш до кај 13, па да можеш да се вратиш до 16 дома.
 
M

Macedon1um

Гостин
Oвие со физичкиве активности преку таквото веќе. Има 39382432 вежби за вежбање со телесната тежина. Поентата е сите да се стрпиме и да си ускратиме од задоволството и ова го пишува некој што станувал 4 месеци во 6:30 сабајле за да трча. Од кога е почнато ова немам излезено да трчам, дома си вежбам колку да не ме болат мускулите кога ќе се вратам на патека. Дајте да се стрпиме сите, да заврши ова срањево што побрзо.
Знааеш каков хаос е по маркетите во моментов ? Три пати се мислев дали воопшто да влегувам, тие што одат на работа само тој саат-ипол им е опција да купат нешто. Не гледам кој е проблемот ако ми текнало со велосипед во 5-6 да земам да извртам некој километар, вака тие што се на работа ќе немаат никаква шанса за такво нешто а останатите пак ќе одат во тој распон од 1 до 3 и неминовни се контакти некакви што секако е минус. Ситуација може да трае со недели па и месеци рачунај каков ефект ќе има врз луѓето, мене ми се чини на владава полесно и е да измислува/копира вакви мерки од некои други држави како Србија наместо реално да се бори против оние што прават штета како Цаци, стоматолози/фризери што работата во ваква ситуација. Кондратенко фемили што лажат итн
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Само јас ли мислам дека доколку до сега ги почитувавте сите мерки, не треба ништо да ви смени ова?
И не, почитување на мерките не е пет пати да излезеш во текот на денот, до парк, до банка, до маркет, круг околу населба.
Што ти смета ако излезам на круг окулу населба? Ете изглеајте го видеото со кореецот,начинот на трансмисија. Ако негде фатам ќе фатам на работа кај што имам контакт со луѓе и пипкам се. Сигруно нема надвор клупа да фатам и да не измијам рака дома коа ќе дојдам.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Ова мора да е следната мерка, ограничување на религиите и забранување на сите верски збиднувања. Само дали имаат муда да донесат вакво нешто, пепел ќе се деси за Велигден низ црквиве.
Црквите рекоа дека нема да се активни за велигден, остај ти некои поединци како овој што го постирале што се филма..
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Ќе се јавиш и ќе се договориш порано да одиш, да речеме да можеш да си завршиш до кај 13, па да можеш да се вратиш до 16 дома.
Пет страни сме да потпишуваме така што тешко дека можам само јас да диктирам, а едната е на возраст над 67 ... Арно јас треба да потпишам од моја фамилија, да требаше син ми (17 ипол) да го носам - немаше ни до нотар да стигнеме, и ќе мораше да го скријам некаде ... некаква солемизација после платен данок на имот, морало 48 часа после добиените документи од Град Скопје, а купо-продажба на имотот заврши пред вонредниве состојби :(
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Bez da hejtam ili branam crkva ili vera. Pristapot e los na ovoj sto pisa. Mesto crkvata kako institucija, odnosno nivni lugje kako Popovi itn. da odat so dobar primer napred i da go zastitat narodot (nivnite vernici) tie uporno protiv. Vo Germanija nikoj ne se pobuni. Crkvite se zatvoreni. Se prefrlija na Youtube i si funkcionira. Site znaat deka posle ova pak ke moze da se odi vcrkva.
И кај нас се затворени црквите како што гледам, џабе се плука...
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.693
Поени од реакции
12.100
А да забранат влез и излез од секој град освен за итни случаи и достава на роба со строга контрола?
И ова држи. Изолација на градовите, поточно населените места. За викенд се рашетуваат комшии до родни места, што носат натаму наваму од вирози питај бога.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
889
Поени од реакции
1.430

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.611
Поени од реакции
26.121
Пет страни сме да потпишуваме така што тешко дека можам само јас да диктирам, а едната е на возраст над 67 ... Арно јас треба да потпишам од моја фамилија, да требаше син ми (17 ипол) да го носам - немаше ни до нотар да стигнеме, и ќе мораше да го скријам некаде ... некаква солемизација после платен данок на имот, морало 48 часа после добиените документи од Град Скопје, а купо-продажба на имотот заврши пред вонредниве состојби :(
Можда треба да се јавиш во локалната полиција и да образложиш, за да ти дадат некаква дозвола или барем инструкции како да постапиш ..
Автоматски споено мислење:

Еве кој го има лекот против вирусот...

Прегледај го приврзокот 243462
Не му е апдејтиран плагинот за ковид до последната верзија...
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Најдебилна мерка на сите времиња и нормално дојде од најдебилните држави во Европа само.

Сфаќаат ли дека пак луѓе ќе одат на работа бидејќи мора едноставно некои гранки да продолжат да функционираат и забраната само на нив ќе им го докомплицира животот? Луѓе пак ќе се мешаат на работните места тоа нема да прекине. Само им правиш да се гужваат повеќе или на бизнисите што некако со достава успеваа да преживеат и тие да пропаднат.

Еве вереницата моја работи во една од клучните фирми во Македонија во моментов, организирани се во 2 смени затоа што се премногу луѓе и сега ти нив автоматски ги тераш сите да бидат да се гужваат во 1 смена или принудно дома да ги пратиш пола.
Продавниците и аптеките ќе продолжат да работат и само ќе се прават поголеми гужви кај нив, а луѓешто одат на работа не ќе можат ништо да си завршат и нивниот живо ќе стане куча посо посо куча буквално.

Ништо не решаваш со ваков дебилен полициски час, само популистичка мерка за фејзбук војниците да се задоволат демек еве правиме се што можеме. Куртон држава.....
 

Kajgana Shop

На врв Bottom