Внимателно прочитајте ја сторијава!
Од неподобен за државно КОВИД тестирање до негативен рапид тест - како умре пациентот Р.З. Р.З. е локалниот трговец на градскиот пазар во Куманово. Има две деца и сопруга, за кои до пред само два дена
irl.mk
Болницата „Систина” реагираше жестоко кога ИРЛ напиша дека нивните тестови се имунолошки, а не дијагностички за КОВИД-19. Исто така, ИРЛ ја испитуваше и улогата на институциите во обезбедувањето амбиент во којшто граѓаните нема да бидат манипулирани и ќе имаат пристап до точни информации за тоа каде и каков тест се прави и каква информација може истиот да му обезбеди на граѓанинот.
„Систина“ соопшти дека нивните тестови се врвни холандски тестови. ИРЛ ја побара компанијата која што се посочува како производител. Компанијата “Инзек” е регистрирана во Холандија во 2016 година. Има само 1 вработен, тоа е сопственикот Заки Хамид. Основана е со влог од 10 евра. А рапид тестот за КОВИД-19 го продава под брендод Биозек, основан во 2019 година како подбренд на Инзек.
Но, „Аџибадем Систина“ тестовите „Биозек“ ги набавила преку посредник компанија регистирана во Швајцарија.
Компанијата “Спринг Хелткеар” е регистрирана пред еднагодина, на 2-ри април 2019, во градот Афолтерн Ам Албиис близу Цирих. Според докуметите од централниот регистар на компании во Швајцарија, најпрвин основната дејност на компанијата е да обезбедува секаков вид услуги во областа на меѓународни деловни и даночни совети. По што, додадено на ова е и набавка, продажба и трговија на производи наменети за аптеки или здравствени институции.
Директор и сопственик на оваа компанија е младиот Лујо Микуличич од Цирих. Тој поседува и пет други компании со различна дејност на работа во Швајцарија, Германија и Данска.
Според документите од Царинска управа на Македонија до кои што дојде ИРЛ, „Аџибадем Систина“ рапид тестовите ги набавиле од оваа фирма.