Коронавирус (COVID-19)

Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.242
А што им требало баш сега кога мора сите да се изолираме и што помалку да се движиме, да доаѓаат од Лондон? Кој треба да се срами, нека си чукне тиквата.
Денес инаку е Младенци. Ама оти мора баш сега сите да се враќаат и да скијаат, ќе си седиме дома ко мајмуни у кафез
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
Затоа зборев. Без разлика кој си и што си. Самосвест и одговорност. Јас не знам што очекуваат? Хотел со 5 ѕвездички? Ако не сакале да седат во државен карантин што мајка барале да се враќаат назад во Македонија? Колку пати му беше кажано дека не е времето за патување, дека треба да си седат дома, да останат таму кај што се? Заради ваквите безосетни безрбетници си го проширивме вирусот кај нас. Претеризам! Условите се тие, државата е таа, тоа може да му се понуди, дури и многу е тоа што ги собира со хуманитарни летови од секаде во светот, ако не му се допаѓа НЕКА СЕДАТ ТАМУ КАЈ ШТО СЕ!
не зборам јас за условите каде што ќе ги носат. Тие се такви какви што се.
Ама сто луѓе кои доаѓаат на едно место ставени потенцијално може да значи нови сто заболени. Тие треба да се примат после во нашите болници тука.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Најдобро како во Србија во шатори па нека ги јадат мечки на граница.

Триста апели да не се патува, да не се излегува од државата, движењето да се сведе на минимум.

1300+ излегоа дента кога имаше пресс Спасовски и зборуваше за овие работи.
 
C

CoolIris

Гостин
не зборам јас за условите каде што ќе ги носат. Тие се такви какви што се.
Ама сто луѓе кои доаѓаат на едно место ставени потенцијално може да значи нови сто заболени. Тие треба да се примат после во нашите болници тука.
А што мислиш дека е решението во ваква ситуација? Противуставно е било која држава да си ги остави своите граѓани на цедило. Не е само во Македонија така, така е и во Србија, Грција, па дури и во Америка.
Пак се виновни самите поединци. Зошто се нафатиле да се враќаат сега? Зошто и покрај толку апели да не се патува и да останат таму кај што се?
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.320
Поени од реакции
15.571
Е како бе сеа на сите им текна во Македонија да се враќаат? И нели во Демир Капија сега ќе ги носат и кај и да беше, се јавија и тие ѓупците дека условите биле задоволителни, кој е проблемот?
Како што сфатив, транспортот во полициски комбиња е проблемот, што ете можам некако да го разберам како грешка. Не кажаа дали им биле дадено маски.

А тоа дека само било интервју (се очекуваат 2000 да се вратат, нема сите да ги тестираат сигурно, плус се чека за резултатите), дека чекале, дека немале храна 5 саати, баш е небитно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.777
Поени од реакции
12.242
Па владата ги предупреди каде и во какви услови треба да дојдат. И каков ризик претставува тоа и за нив, а посебно за нас овде. Зашто сега се чудат, карантин не е просторија за двајца. Башка тие уште кога тргнале, се помешале со којзнае колку народ по гејтови и авиони. Сеа, немаме бизнис класа, мора вака.
Паа, ради нив сега чекаме најмалку половина час за пазарење. На страна забрани за движење, екстра пари за средства за заштита и складирање, намалена или без плата... нека ќутат што не им зимаат пари на граница за влез за отштета, уште за срам зборат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.499
Како што сфатив, транспортот во полициски комбиња е проблемот, што ете можам некако да го разберам како грешка. Не кажаа дали им биле дадено маски.

А тоа дека само било интервју (се очекуваат 2000 да се вратат, нема сите да ги тестираат сигурно, плус се чека за резултатите), дека чекале, дека немале храна 5 саати, баш е небитно.
Не дека се согласувам да се возат сите во комбе, но во секој случај одат сите во групен карантин. И да се зарази некој, сепак се определена група од 50-100 луѓе на едно место. Ќе пратат мобилни екипи од лекари на смени, сакам да потенцирам дека се контролира, нема каде понатака да се шири, веројатно тоа им е пресметан ризик.

Од секакви постови по социјални мрежи периодов, фали уште пост на некој што заминал периодов од МКД (иако кажаа ако заминеш сега, не смееш да се вратиш 3 месеци) и откако се вратил да се буни зошто го уапсиле.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.010
Поени од реакции
6.491
Пред да барате гулази и конц-логори, дали има инфо дека некој, макар еден од заразените се заразил шетајќи се по улица или во природа?
Пак да прашам, кои се епидемиолошки вектори на вирусов, освен дека најголем дел биле качаци на привремена работа во Италија кои го пренеле од таму.
Никој не кажува како се заразува одреден пациент, начинот, и дали маските и ракавиците се голо гомно кога ги носат незаразени луѓе?
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.997
Поени од реакции
12.577
Премиерот на Шведска вечерва ќе одржи обраќање кон нацијата во траење од 5 минути. Коефициентот дека во ова обраќање ќе ја нагласи важноста на пиење вода и миење раце, и ќе поттикне чести излети во природа е 1.01.

Без заебанција, јас очекувам да соопшти дека од утре се укинуваат сите мерки и дека сите треба да се вратиме на секојдневниот живот, кој рака на срце, тука и не е многу променет.
 
C

CoolIris

Гостин
Пред да барате гулази и конц-логори, дали има инфо дека некој, макар еден од заразените се заразил шетајќи се по улица или во природа?
Пак да прашам, кои се епидемиолошки вектори на вирусов, освен дека најголем дел биле качаци на привремена работа во Италија кои го пренеле од таму.
Никој не кажува како се заразува одреден пациент, начинот, и дали маските и ракавиците се голо гомно кога ги носат незаразени луѓе?
Се пренесува аерокапково преку флигеови капки. Тие флигеови капки се ослободуваат при кашлање, кивање, зборување. Флигеовите капки може извесно време да се задржат во воздухот, што значи дека може и на тој начин да бидиш заразен.
По извесно време тие флигеови капки паѓаат на површината, па во зависност од нивната големина, се сушат. Логично е дека помалите капки, побрзо се сушат па се помалку вирулентни, за разлика од големите. Заради тоа се препорачува дезинфекција на површини и редовно миење на рацете, како и да се избегнува допирање на очите, устата и носот со рацете.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.838
Поени од реакции
36.875
А што мислиш дека е решението во ваква ситуација? Противуставно е било која држава да си ги остави своите граѓани на цедило. Не е само во Македонија така, така е и во Србија, Грција, па дури и во Америка.
Пак се виновни самите поединци. Зошто се нафатиле да се враќаат сега? Зошто и покрај толку апели да не се патува и да останат таму кај што се?
Не знам зошто се враќале или како се враќале. Знам за примери кои од курташак се шетале и сега се враќаат ама знам и примери кои се фатени во небрано во странство со оваа ситуација, останале без работа и слично и просто мора да се вратат во Македонија.

Проблемот ако е точно е тоа со таков транспорт и трупање на многу луѓе на едно место може да избие епидемија на многу заразени меѓу нив. На таа епидемија ќе треба да одговори нашиот здравствен систем и дополнително ќе се оптовариме со такви работи.
Ако ги ставаат стотици на едно место може да имаме нови стотици заразени за неколку дена поради тие услови.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.188
Поени од реакции
16.325
Прегледај го приврзокот 239710

Еден да има болен сите ќе ги зарази.после сите тие сто луѓе кај ќе ги носат?
Јас тие што имаат УК пасош НЕ би ги примал воопшто...Реципроцитет... 30години УК не ебаваат за визи, а и СЕГА за со МК пасош нема ЕУ, а па за УК да не зборувам...
А и ЗАБРАнија ИЗВОЗ НА МАСКИ и слични работи за Западен Балкан, ние сме биле нонЕУ Стока, мигрантите им се подобри
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
289
Поени од реакции
447
Премиерот на Шведска вечерва ќе одржи обраќање кон нацијата во траење од 5 минути. Коефициентот дека во ова обраќање ќе ја нагласи важноста на пиење вода и миење раце, и ќе поттикне чести излети во природа е 1.01.

Без заебанција, јас очекувам да соопшти дека од утре се укинуваат сите мерки и дека сите треба да се вратиме на секојдневниот живот, кој рака на срце, тука и не е многу променет.
Мисли си дека не е променет, барем неколку години мин ќе треба да се вратиме на животот на кој бевме сите навикнати и тоа не во целост
 

Kajgana Shop

На врв Bottom