Коронавирус (COVID-19)

  • Креатор на темата Креатор на темата Beginner
  • Време на започнување Време на започнување
Филипче: Ќе разгледаме да ги затвориме сите паркови, следат поригорозни мерки!
синоќа имаше на ТВ, ситуација на средно Водно, тој со наочарите и велосипедски шлем, да не беше познатиот неурохирург ???
И да бил некојси ојле дојле, како тоа е важно за темава, не знам?
 
па нели да не се излегува, а доктори пример да дадат ?? башка овој имаше 70г..
Кој е проблемот ако бил сам на точак среде нигде? Проблем е во гужви да се улетуваш како во парк. Не може бе луѓе да не искочиш барем 100 метра да поодиш сам, мувла ќе фатиш. На крај сите ќе фатат пневмонија од недвижење.
 
Нема никакво оправдување за благоста на власта наспрема тие што ги прекршуваат препораките. Имаат одврзани раце и поддршка од цела јавност МВР и владата за да го стегнат ременот. Разбирам дека не можеш да ги испозатвориш сите фабрики, но слободните активности и собиранки мора до минимум да се ограничат. Нека донесат уредба и нека ги пуштат сите џандари да роварат на терен, џабе се сите апели за оваа стока, или пендрек или луѓето ќе продолжат да си шеткаат.
 
Скопје сабајлево...стравот лозје чува

image-118847.jpg


image-118845.jpg


image-118855.jpg


image-118851.jpg
 
Кој е проблемот ако бил сам на точак среде нигде? Проблем е во гужви да се улетуваш како во парк. Не може бе луѓе да не искочиш барем 100 метра да поодиш сам, мувла ќе фатиш. На крај сите ќе фатат пневмонија од недвижење.
Ја викам дека психички ќе мрднеме ако седиме дома уште некоја недела.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
 
@Scirea Празно е да. Бев до ДМ, ми се допаѓа како направиле, нема влегување во маркет ако не ги дезинфицираш рацете. Народов фаќа, крева, разгледува состав на продукти, еден да влезе со вирусот на раце, покољ ќе направи.
 
еден од македонците што беа заболени на крузерот сеуште е во болница и по 10 теста направени е позитивен и носител али со помали сиптоми
кај вирусов значи нема правила


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Неофицијално, 29 нови случаи?
Велам, НЕОФИЦИЈАЛНО, сега прочитав на интернет.
Да почекаме да видиме што ќе каже Филипче.
 
Ја викам дека психички ќе мрднеме ако седиме дома уште некоја недела.

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk
Не гледам ништо лошо сам да искочиш со точак на рута која што нема гужви или да поодиш. Дај нека не заебаваат, не споредувајте групи во парк и оние на справине со вртење круг околу маало и слично.
 
Аман бе луѓе, толку ли не можете сами со себе?
Па пред неполн век во скривници седеле со недели поради бомбардирањата (пред 2 децении во Србија кога ги бомбардираа не можеше да излезат надвор), сега на цела технологија интернет + тв + гејминг уреди не можете да додржите дома неколку денови?

Јас на овие што фатиле корона поради куртешак (скиење Банско, екскурзии сред пандемија, враќање од гурбет и рашетување по роднини без самоизолација и тн) пред да почнам да ги лекувам би им пресудил на брза рака со: затворска казна 3 години ако преживеат од короната + парична на приватно да си го платат лекувањето (месец и колку и да трае) и со име и презиме јавно на ТВ за секој што бил во контакт со нив да се пријави сам.

Џабе ќе го тупиме со денови, единствено чаре е самоизолација + хигиена, кога може Кина со села поголеми од нас како држава, ние една рака народ ваљда можеме да изгураме месец дена.

Владата место да пробуваат да лапнат тендери може да почнат по профи да го организираат кризниот штаб, регрутација на се што е под здраво и работоспособно под државна капа да помага при дезинфекција на градовите, достава на продукти на сите што се во загрозена категорија, а воедно и на приватните компании да учествуваат доброволно за да се донесе ситуацијата под контрола. Олку мала држава може во месец дена да ја донесеме да биде фул функционална и да не трпи ни економија ни бизнис, само треба троа желба, дисциплина и работа.
 
Прегледај го приврзокот 239710

Еден да има болен сите ќе ги зарази.после сите тие сто луѓе кај ќе ги носат?
Затоа зборев. Без разлика кој си и што си. Самосвест и одговорност. Јас не знам што очекуваат? Хотел со 5 ѕвездички? Ако не сакале да седат во државен карантин што мајка барале да се враќаат назад во Македонија? Колку пати му беше кажано дека не е времето за патување, дека треба да си седат дома, да останат таму кај што се? Заради ваквите безосетни безрбетници си го проширивме вирусот кај нас. Претеризам! Условите се тие, државата е таа, тоа може да му се понуди, дури и многу е тоа што ги собира со хуманитарни летови од секаде во светот, ако не му се допаѓа НЕКА СЕДАТ ТАМУ КАЈ ШТО СЕ!
 
Е како бе сеа на сите им текна во Македонија да се враќаат? И нели во Демир Капија сега ќе ги носат и кај и да беше, се јавија и тие ѓупците дека условите биле задоволителни, кој е проблемот?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom