Гледам нешто за витамин Д се отвори дискусија повторно после 2 месеци.
Само тоа нешто ме навраќа мноооооогу порано на темата кога таквите постови за витамин Д ги сместувавте во „теорија на заговор“ и членовите кои постираа такво нешто ги едначевте со „лудаци седете дома, какво сонце, какво излегување, сите дома да седите...“
Кога е ова постирано?
Не мора во групи или по локали, доволно е да излезеш и да пропешачиш, добро е за имунитетот, второ сонце ќе те фати што ослободува во телото витамин Д кој истотака е добар за имунитетот. Ако не ми веруваш на мене, следи ги пресовите на Филипче, никаде не кажа да се затвара некој по дома.
Исто, кога е ова постирано?
Indirekno ja spomnuvaat taa rabota.....
,,Можеби е изненадување што Италија и Шпанија имаат релативно висока застапеност на недостаток на витамин Д. Предвремените истражувања покажаа дека недостаток на витамин Д е поврзан со висок крвен притисок, дијабетес или дебелина, сето тоа е поврзано со зголемен ризик од сериозен Covid- 19 и зголемена смртност,,
Башка што на човекот му се нафрливте дека шири дезинформации од познаници, од слушнато недослушнато, сумливи линкови од нет и слично.
Заборавете на тоа. Небитно.
Седењето дома себап ни стори.
Прашање кое ме мачи, кога ќе ги укинат мерките шо ради одење на годишни одмори, шо ради избори, ќе седите дома?
Исто, прашање кое ме мачи, онај Пановски (само епидемиолог и вирусолог, ништо поќе, професор) кога јадеше лајна по телевизии за движење во природа, стварање на имунитет НЕ носење маски кога си сам и оддалечен од други, го зедовте во предвид?
Или паниките и тогаш и сега ве пукаат, па не е релевантен иако професор?
Имаше и
@CafeDelMar постирано уште на почетокот на темата како тие од Сомалија што починаа ГОЛЕМ дел имаа недостаток на витамин Д.
Исто, имаше уште едно видео постирано онаму во март (мака ми е да го барам) дека витаминот Д е директно поврзан со заштита и поттикнување на стварање на подобар имун систем.
Али јбг, паника, страв.
Одам јас сега во другата тема за општа дискусија пошто не сум модератор, ниту админ па моето пишење тука како некој кој цело време се залага за малку поголема свесност и помалку паники нема да биди така добредојдено. Иако збораме за вит Д, јбг.