Коронавирус (COVID-19)

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Професор од Оксфорд тврди вирусот си оди уште пред оџата да го прогласи за мртов :icon_lol:.

Сериозна научна дискусија тука е во прашање.

Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Британски истражувачи објавуваат дека тежината на ковид е поврзана со нивото на витамин Д во организмот.
Студијата покажува дека луѓето кои живеат во земјите кои се наоѓаат појужно и имаат повеќе сонце, имаат пониска концентрација на витамин Д и почесто имаат дефициенција на витаминот. Поконкретно укажуваат на Шпанија и Италија како земи со највисоките стапки на заразени и починати во цела Европа.
Луѓето кои живеат во северните земји како Норвешка, Финска и Шведска, иако нелогично, сепак имале повисоки нивоа на витамин Д бидејќи почесто земале суплементи и додатоци на исхраната.
Корелацијата помеѓу ниските нивоа на витамин Д и смрт од коронавирусот е статистички значајна.
Авторите на студијата кажуваат дека покрај тоа што витаминот Д секако им помага на коските и мускулите, податоците од нивната студија покажуваат дека постои веројатност и витаминот Д да ги намалува сериозните компликации од ковид, веројатно бидејќи витаминот Д е важен при регулација и намалување на воспалителниот цитокински одговор, што ги предизвикува сериозните последици од ковид и акутниот респираторен дистрес синдром.

Секако ова истражување не е потврдено на голема група на пациенти, меѓутоа се повеќе се актуелизира улогата на витамин Д кај виралните инфекции.

Ме чуди кои се причините за дефициенцијата на витамин Д кај јужните народи, можеби затоа што летно време е толку топло па сите се криеме од сонце, а од друга страна и нема некоја посебна навика за земање суплементи.
 
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Запознав Норвежани кои ми кажуваа дека земаат суплементи Д витамин, омега 3 на дневна база поради недостатокот на сонце и недостаток на светлина што меѓудругото им предизвикува и депресија тоа нив им го препорачувале лекари а и по некоја логика од суплементи може поголемо ниво на витамин Д да се стекне отколку од природно изложување на сонце.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.392
Поени од реакции
7.323
Уште 12 новозаразени од Ковид 19 во Скопје во текот на денешниот ден, со што бројот на активни случаи достига 204, а вкупно заразени досега се 725, информираа од министерството за здравство.

Според информациите на „Фокус“, дури девет од заразените се од скопската општина Чаир и по еден од Гази Баба, Кисела Вода и Карпош. Нашите извори уште информираат дека сите девет заразени од Чаир се од иста фамилија.
Во последните десетина дена, Чаир, Гази Баба, Бутел и Сарај се најголема мета на опасниот вирус Ковид 19.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Ме чуди кои се причините за дефициенцијата на витамин Д кај јужните народи, можеби затоа што летно време е толку топло па сите се криеме од сонце, а од друга страна и нема некоја посебна навика за земање суплементи.
- на почетокот од пандемијата излегувавме од зимски период, плус овде малку кој зема суплементи
- повеќето луѓе малку време поминуваат надвор на сонце
- поголемиот дел од кожата е покриен
- употреба на шампон/гел за туширање треба да се одлага неколку часови после изложување на сонце, инаку голем дел од витаминот Д ќе се „измие“

Студијата повеќе од извесно покажува корелација на помала смртност со (поголема) концентрација на витамин Д во телото. Како се затоплува времето повеќе луѓе поминуваат повеќе време на сонце...

Уште неколку студии:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Тоа значи и во летните периоди да се продолжи со земање д витамини? Оти и покрај сонцето, само мал дел од телото (рацете, некогаш и нозете до колена) е отскриен. Дури средина на лето и бегаме од сонцето заради зрачењето. Или евентуално ако пешачиме наутро до кај 8-9 часот кога зраците се послаби, а сепак доволни за да се изложиме за да не земаме додатоци. Истражувањава ептен збунуваат. Како и количините за кои пишува различни податоци на различни страни. Ако земеме предвид дека и сега сме изложени како така на сонце, ѓавол ќе го знае колку треба да се земат додатоци.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Наводно наутро и приквечер не се генерира многу вит. Д, најдобар период е на најсилното сонце и (наводно) потребно е изложување на сонце некаде на половина пат до „горење“. Во Англија тој период е 2-3 часови, во Австралија 15 минути... Кај нас веројатно нешто повеќе од половина час (последново е чисто моја претпоставка и зависи од склоноста кон горење од сонце).

Од друга страна витамин Д е евтин, а примери со хипервитаминоза се исклучително ретки (има пример со човек кој по грешка одредено време земал количини од 1 милион IU дневено) па затоа сега во услови на пандемија јас не би размислувал за прекинување на земањето вит. Д како суплемент.

Треба да се знае дека витамин Д кога е дефициратен прво се складира во масните ткива (а повеќето луѓе се прилично дефицитарни), за дури потоа да почне да расне концентрацијата во крвта (каде е потребен за одредени процеси против вирусните инфекции). Нема многу место за плашење од хипервитаминоза со витамин Д.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Ме чуди кои се причините за дефициенцијата на витамин Д кај јужните народи, можеби затоа што летно време е толку топло па сите се криеме од сонце, а од друга страна и нема некоја посебна навика за земање суплементи.
Заради бојата на кожа, и заради тоа што истиот работи само во летните месеци, зимно време или есен/пролет џабе седиш на сонце. Огромна е бројката на луѓето кои имаат дефицит на витамин Д, во државава се кладам дека повеќе од 50% ако не и повеќе. Имаме и проблем го генетски мутации, и други органи кои го оневозможуваат или значајно намалуваат процесот на конверзија во активен витамин D3.

Исто како што кажа Ванлок зависи од количината на масно ткиво, колку си подебел, толку помалце апсорбираш како што кажа @Vanlok.

И полека ќе дојдеме до тоа дека изјавите на докторите "се си има во храната" се причина за многу здравствени проблеми.
 
Последно уредено:
Член од
21 септември 2016
Мислења
831
Поени од реакции
1.135
Сончевите зраци ствараат Д витамин во телото но од друга страна знаат и те како опасни за кожата да бидат така да меч со две оштрици е долго изложување на сонце.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.645
Поени од реакции
27.955
Сеа настинки кога ке удрат од ладново плус влага,иди најди ги кој се короносани после бајрамот а кој се настинати.Весеље се ближи...
 
Последно уредено:
Член од
12 март 2015
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.215
Гледам нешто за витамин Д се отвори дискусија повторно после 2 месеци.
Само тоа нешто ме навраќа мноооооогу порано на темата кога таквите постови за витамин Д ги сместувавте во „теорија на заговор“ и членовите кои постираа такво нешто ги едначевте со „лудаци седете дома, какво сонце, какво излегување, сите дома да седите...“

Кога е ова постирано?
Не мора во групи или по локали, доволно е да излезеш и да пропешачиш, добро е за имунитетот, второ сонце ќе те фати што ослободува во телото витамин Д кој истотака е добар за имунитетот. Ако не ми веруваш на мене, следи ги пресовите на Филипче, никаде не кажа да се затвара некој по дома.
Исто, кога е ова постирано?
Indirekno ja spomnuvaat taa rabota.....
,,Можеби е изненадување што Италија и Шпанија имаат релативно висока застапеност на недостаток на витамин Д. Предвремените истражувања покажаа дека недостаток на витамин Д е поврзан со висок крвен притисок, дијабетес или дебелина, сето тоа е поврзано со зголемен ризик од сериозен Covid- 19 и зголемена смртност,,
Башка што на човекот му се нафрливте дека шири дезинформации од познаници, од слушнато недослушнато, сумливи линкови од нет и слично.
Заборавете на тоа. Небитно.

Седењето дома себап ни стори. :)
Прашање кое ме мачи, кога ќе ги укинат мерките шо ради одење на годишни одмори, шо ради избори, ќе седите дома?

Исто, прашање кое ме мачи, онај Пановски (само епидемиолог и вирусолог, ништо поќе, професор) кога јадеше лајна по телевизии за движење во природа, стварање на имунитет НЕ носење маски кога си сам и оддалечен од други, го зедовте во предвид?

Или паниките и тогаш и сега ве пукаат, па не е релевантен иако професор?

Имаше и @CafeDelMar постирано уште на почетокот на темата како тие од Сомалија што починаа ГОЛЕМ дел имаа недостаток на витамин Д.

Исто, имаше уште едно видео постирано онаму во март (мака ми е да го барам) дека витаминот Д е директно поврзан со заштита и поттикнување на стварање на подобар имун систем.

Али јбг, паника, страв.
Одам јас сега во другата тема за општа дискусија пошто не сум модератор, ниту админ па моето пишење тука како некој кој цело време се залага за малку поголема свесност и помалку паники нема да биди така добредојдено. Иако збораме за вит Д, јбг.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Се тоа ок ама нели викавте не се формирало витамин Д на сонцето во март и април?
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Имаше и @CafeDelMar постирано уште на почетокот на темата како тие од Сомалија што починаа ГОЛЕМ дел имаа недостаток на витамин Д.

Исто, имаше уште едно видео постирано онаму во март (мака ми е да го барам) дека витаминот Д е директно поврзан со заштита и поттикнување на стварање на подобар имун систем.
Минимум 3-4 поста имам за поврзаноста и важноста на Д витамин. И искуство на познаник овде со тешка форма на вирусот и откриен дефицит на Д витамин.
И повеќе и како апел го пишувам тоа, дури и кога ќе помине короната, да внимаваат сите на него. Преголема штета прави неговиот дефицит, а со “ситни” пари и контрола се надоместува.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.397
Витаминов Д е толку бадијала....а дали го суплементираат 5% од популацијата. :facepalm:
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Не е дека не се прави витамин Д од сонце во Март и Април, се прави ама многу помалку (за исто време). Причината е понискиот агол и поголемото растојание кое светлината го поминува низ атмосферата и со тоа филтира повеќе од УВ зрачењето. Друга разлика е што тогаш луѓето се помалку склони да се расоблечат пошто е поладно... Но како што се кажа витамин Д како суплемент е евтин, нема причини зошто малтене секој да не зема барем 1000-2000 UI дневно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom