C
CoolIris
Гостин
Вистина, го нема во Северна Кореја, но во Северна Македонија верувале или не, го има.Според тебе само Шведска и Белорусија имаат вистински луѓе во функционерска фотеља.
Боже мој што ли не ќе прочита чоек па уште и од медицинско лице. Муртинецот бил крив за пандемијата и мерките што се превземаат за нејзино сузбивање. Па тоа го нема ни во Северна Кореја кај што глаучот одлучува за се, па верувам и тој се консултира со некој околу него.
Политичарите не се однадвор дојдени, тие се избор на народот, што значи каков народ такви политичари така да доста пренесуваме вина само на политичарите (не дека не се најодговорни) туку секој да размислува поодговорно и да ја надминеме оваа "катара" од пандемија.
За каков избор на народот зборуваш? Како дојде Муртинецот на власт, заборавивте?
Ајде ќе те молам, намерно избегавам да дискутирам политика затоа што секој втор чоек кај нас е слепо ограничен на едната или другата политичка партија. И секој втор субјективните фрустрации се обидува да си ги испразни.
И не пренесувам вина само на политичарите, можеш да прочиташ погоре дека зборам и за општествена одговорност. Но, политичарите "избрани од народот" , како најважна алка во владеењето, имаат најголема одговорност.