Цела аверзија кон било какви мерки е тоа што се споведуваат двоаршински. Организираа избори наводно за да се создадела влада која што ќе била функционална и спремна ќе го дочекала есенскиот бран. Цело лето се занимаваат со клански војни, делат воен плен, министерства, рушат со месеци една дивоградба и разни други банални тривијалности, за да денес истиот лик од предизборието звани Филипче да се појави пред аудиториум ко некое лошо дежа ву за да го каже истото она што го верглаше пред избори. Што сработиле во текот на летото на тема коронавирус, колку се спремиле, доволно говори тоа што уште немаат никакви протоколи ниту идеја како би се одвивала учебната година. 40 илјади ученици немаат пристап до компјутер и интернет и овие се цели во шок, затечени од таквата информација, чиниш власт се во Јапонија, а во суштина само доволно говори колку истите немаат допир со реалноста.