Имаше ваков феномен во Шведска на нагло намалување на заразени.
Тегнел: Во Шведска дојде до нагло опаѓање на бројот на заразени, но не знаеме зошто
Објавено пред
3 недели
- 11 август, 2020
Од
Макфакс
Главниот шведски епидемиолог Андрес Тегнел изјави дека од почетокот на јули во Шведска дошло до забрзан пад на бројот на заразени со коронавирус.
„ Но, зошто се случува тоа точно во тоа време и поради што е така неочекувано, мислам дека е малку тешко целосно да го разбереме“, рекол Тегнел во интервју за шведскиот портал „Локал“.
Тој додал дека се чини оти падот на бројот на новозаразени не е поврзан со празниците или некоја мерка што ја презеле здравствените власти.
„Веруваме дека зголемувањето на бројот на имуни луѓе во популацијата има некаква врска со тоа, но навистина не знаеме точно“, рекол Тегнел.
Тој смета дека намалувањето на бројот на случаи во јули во Шведска покажало дека нивната стратегија, според која беа избегнати поголем дел од строгите мерки што ги воведоа повеќето земји, на некој начин успеала.
„Бројките во Шведска покажуваат дека може да дојде до забрзан пад на бројот на случаи без затворања“, додава шведскиот епидемиолог.
Тегнел признава дека бројот на новозаболени благо пораснал за време на минатата недела, особено меѓу младите. Но, нагласил дека може да се справат со тоа.
Сепак, како што вели, една од работите што засега се знае е дека се работи за многу непредвидлива болест.
Според последните податоци, во Шведска од коронавирус починале 5.763 луѓе, речиси петпати повеќе отколку во Данска, Норвешка и Финска заедно.