Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
7 септември 2016
Мислења
285
Поени од реакции
446
Попрецизен опис на банов од ЕУ би бил дека го изгубивме дури и измеќарскиот статус што го имавме за престој и работа таму, благодарение на Саурон Османи и неговите орки, поддржани од нашите политички миниони. Можда некој одел и за туризам, ама во глобала земено одевме мноштво да вртиме бургери, пржиме помфрит, за работа со кнауф, абрип, медицинарите си одеа за работа по старски домови и.т.н.
Сега уште и муабетиве за наредна година ако се обистинат, дека балканското правило ќе се модифицира и ќе важат построги критериуми за остварување на престој и работа во Германија, се заради короната, оти Германците си го штитат фондот на работни места прво за своите...е тогаш дури ќе се сликаме.
Фала богу минатито лето барем искористив Германија со другарите да вртиме бургери, уше од тие пари живеам
 
C

CoolIris

Гостин
Каде е персоналот?
Зарем од кардиологија, нефрологија, гастрологија, урологија... сите се префрлени на инфективно? Зошто ги оставаат на цедило пациентите? Зошто урологот не ги врши закажаните прегледи?
Има нешто труло во системот...
Па ете ги праќаат. Ама тоа ти е исто како ти сега да дојдеш кај мене дома и во мојата кујна да се обидуваш ручек да спремаш. Нит знаеш кај ми е тенџерето, нит знаеш кај ми е ножот. За трулоста пишав претходно. Не треба да е така. Мора да постои подобар начин на организација за згрижување на оние најургентните состојби. Затоа што, секое одење на лекар за глупост, во услови на пандемија е потенцијална зараза.

И да, последното нешто што останува е и ние како општи лекари, да почниме да интубираме и да ракуваме со респираторни машини.

Не за џабе постојат специјалности, секој си е најдобар во тоа што го одбрал.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
А зашто (со оглед на тоа што изминатите децении голем број доктори и сестри му ја киднаа приватно здравство или западна Европа и нешто многу не се се скршија да вложат во здравството па некои се чудат зашто сега се асфалтираат патеки :cautious:) со време не се побараше помош на специјалистички тимови како што побараа и некои други држави? Средства? Капацитет (кревети, машини, објекти)? Суета?
Разбирам дека и во други држави се зголемува ама за држава со толку малку народ...
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Па ете ги праќаат. Ама тоа ти е исто како ти сега да дојдеш кај мене дома и во мојата кујна да се обидуваш ручек да спремаш. Нит знаеш кај ми е тенџерето, нит знаеш кај ми е ножот. За трулоста пишав претходно. Не треба да е така. Мора да постои подобар начин на организација за згрижување на оние најургентните состојби. Затоа што, секое одење на лекар за глупост, во услови на пандемија е потенцијална зараза.

И да, последното нешто што останува е и ние како општи лекари, да почниме да интубираме и да ракуваме со респираторни машини.

Не за џабе постојат специјалности, секој си е најдобар во тоа што го одбрал.
Ако дојдам кај тебе дома, некако ќе ги пронајдам тенџерето и ножот. Проблемот е што јас умеам само грав да приставам, а кај тебе за вечера е планирана пита. Како ли ќе изгледа питата која јас ќе ја направам?
П.С.
Еден кардиолог со месеци се рашетува со детето. Значи дека не е на работа.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.418
Поени од реакции
7.691
Каде е персоналот?
Зарем од кардиологија, нефрологија, гастрологија, урологија... сите се префрлени на инфективно? Зошто ги оставаат на цедило пациентите? Зошто урологот не ги врши закажаните прегледи?
Има нешто труло во системот...
Епа како беше она 'овие барем градат'... 30 години ништо есенцијално се нема изградено, 30 години стручниот кадар си оди, 30 години се тупи за политика и се релативизира со 'овие барем градеа НЕШТО', 30 години се заматува умот со национализам, историја и pse yo. 90 посто не верувате во Корона и што сакаш сега да се направи преку ноќ?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.772
Поени од реакции
82.782
@Beric Dondarrion твојата опсесија со шќиптарите е загрижувачка, доколку не си некој провокатор. :cautious:
Ти најсреќен би бил да ги затвориме шќиптарите по дома, едно 10тина дена. Таман како што се набутани по мин. 6 души во станови, има после да ги нема, па ќе си ја имаш чиста Македонија за себе :D
И ти и останатите ко тебе - баталите ги тие адхоминем моменти, тоа каков сум јас или која боја ми е омилена, колку спијам дневно...
Кажи ако имаш забелешка на конкретно писание од мене. Кажи - еве ова што си го пишал, не е точно или не е така....

Немојте мене со наивен адхоминем да ми идете за таа тема. Премногу е сериозна за да се занимавам со твоите, на курлис, или на чосмо адхоминемите. Никој од вас тројца не кажа што точно што сум напишал сметаат дека не е така, туку како мали деца одма одите на ад хоминем. Јас сум бил ова или она. Небитно у дискусијава кој сум ја и што сум. Мене лично ме боли уво и ти и другите два кричра, што прават у животов, а реагирам само на напишаното. Друго од вас, освен напишаното, тука ми е нерелевантно.

Значи, еве, како на мало дете ти објаснуем, за дури и ти да сфатиш: Посочи конкретно со кој пост во темава не се согласуваш и зошто, не се занимавај со тоа ја каков сум. Темава е за корона, не за мене.
 
C

CoolIris

Гостин
Ако дојдам кај тебе дома, некако ќе ги пронајдам тенџерето и ножот. Проблемот е што јас умеам само грав да приставам, а кај тебе за вечера е планирана пита. Како ли ќе изгледа питата која јас ќе ја направам?
П.С.
Еден кардиолог со месеци се рашетува со детето. Значи дека не е на работа.
Па додека го најдеш тенџерето и ножот, додека ја направиш вечерата, јас ќе умрам од глад. :(

П.С.
Ако еден кардиолог со месеци се рашетува со детето, не значи дека не е на работа. Јас не знам вие како ја замислувате работата на лекарите, ама и тоа се луѓе. Имаат потреба и да јадат, да пијат, да спијат, дете да си прошетаат. Еве, не ми е јасно.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
Уште ако тенџерето и ножот се од прошлиот век, а лицето кое треба да прави вечера е пуштено со врски и поим нема од правење вечера, ето ти белаја.

И уште еден којзнае кој по ред "гаф" со протоколите (и здравиот разум) на лик кој за многумина е лика и прилика како да се однесува населението.

како што тоа претходно го направи една госпожа, прљаво и несаглам дури и дома да падне.
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
Па додека го најдеш тенџерето и ножот, додека ја направиш вечерата, јас ќе умрам од глад. :(

П.С.
Ако еден кардиолог со месеци се рашетува со детето, не значи дека не е на работа. Јас не знам вие како ја замислувате работата на лекарите, ама и тоа се луѓе. Имаат потреба и да јадат, да пијат, да спијат, дете да си прошетаат. Еве, не ми е јасно.
Ќе умреш од глад и ако ја направам питата. По вкус и мирис ќе потсеќа на сунѓер. :)

П.С.
Да се допрецизирам:
Кардиологот работи и живее во еден град, а сега е во друг град.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.813
Поени од реакции
72.135
Март и април едно карантини што имаше, едни мерки што имаше, абе да се чудиш. Па самите пишувавте дека слаби мерки, групирање и гужви секаде, заразени биле во контакт со 100 други, па викавте за 14 дена покољ, ама може ти не си излегол тогаш, па оправдано ти е.
Легендо, во тој период скоро ништо не работеше. Администрација ги пуштија дома, фирмите работеа со пренамален капацитет, луѓето беа поисплашени и поголемиот дел ги почитуваа мерките. АПСОЛУТНО никаква споредба нема со моменталнава ситуација кога СЕ работи со полн интензитет. Сега имаш многу луѓе во иста канцеларија, јавен превоз функционира, автобусите од фирмите транзитираат, отворени се кафулињата, имаш многу поголема дружба и простор да луѓето се заразат. Плус, го немаше оној момент на рамазански собири од кој настана новиот хаос.

Едно е кога 500 луѓе не почитувале мерки во период кога другите хибернираа, друго е кога животот се врати во нормала и некои ситуации на блиски средби се неизбежни.
Не знам што ти објаснувам воопшто, од овие месеци сфативме дека нивото ти е да си дискутираш во некоја темичка за теорија на заговор, да си споделуваш вести од фејк портали.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom