- Член од
- 6 април 2010
- Мислења
- 1.578
- Поени од реакции
- 10.590
Ај, ај... до вчера топ тема беше корупцијата во здравството сега одеднаш тераме некои светски трендови, херои биле. Ќе протрачарам малку, чисто во интерес на поентава што пробувам да ја доловам. Во ек на пандемија, во моментот кога за 30 новозаболени сите паѓавме во несвест, на комшиката ќерката итно треба да се пораѓа, пошо вонредна состојба и све тоа, си брцаат поштено во џеб, доаѓа од пензија докторка го прави пораѓањето, и комшиите, нормално се среќни задоволни, по стопеесе евра во џеб на секој во тимот, башка јадење пиење. Доаѓа бабава по некој ден, сака да го види малото, не ја пуштаат да влезе (нормално), криза, корона се тоа, и пика в џеб петсто денари (читај: не евра) ,,да видиш сестрата како ги оџвргали тоа очите" (цитат), ја снемува тоа короната инстантно, исто како за ифтар.
Па тетин ми без сто грама кафе и наполитанка под јакна не оди бе на преглед.
Јас со свои очи гледав, наутро за на преглед, толпа луѓе собрана, сето гревови, кој од село закренал, кој ќор кој сакат, го чекаат докторот кафето да го испие. Обавезно ѕвони телефон некој со врски сака преку ред, ни мој термин ни бутур...
Да не ја ширам уште повеќе, јасно ми е дека и народот не е цвеќе за мирисање, ама институциите се тие кои што треба да спроведат ред и за тоа земаат плата, каква таква.
Сега доаѓа моментот да се оградам, оти ќе рече некој за исклучоците. Ги има, да не грешам душа. Еве една таква, со 30 години стаж, учи германски интензивно на 55 години, ќе си оди германија, не само за платата, повеќе за овие новите кадри, што ни еден момент не не оставаат да заборавиме колкави херои се.