Сега баш читав за Австралија и ситуацијата таму, па тие со 400 и нешто активни случаи имаат поголеми мерки од кај нас бре човече.
Не смеат да ја напуштат државата, оние кои се враќаат назад мора да седат 14 дена во карантин и плус ги тестираат два пати еднаш по 48 часа од кога ќе пристигнат и еднаш пред напуштање на карантинот.
Војската во Викторија е активирана за помош околу тестирањето затоа што некои одбивале да се тестираат, аеродромите во некои делови можно е да останат затворени се додека не излези вакцина, се затвораат училишта во некои региони ...
7595 вкупно случаи имаат 468 активни и 104 починати, зајакнуваат мерки поради зголемување на бројки изминативе денови, дури неверојатни 37 нови
Ние да стигниме до тие бројки ќе се организира парада во знак на победа против вирусот