Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
23 мај 2013
Мислења
2.243
Поени од реакции
5.270
Рано е за да се види ефикасноста од другите вакцини, кај нас реално вакцинацијата покасно започна.
Оваа бројка од 17% тек ќе почне да се зголемува, кога ќе се земи во предвид новите варијанти и слабата ефикасност на вакцините после 6 месеци.
 
Член од
24 јуни 2009
Мислења
177
Поени од реакции
345
good luck with that :) вие не разбирате ништо. Не е ова политика на сдс него е насекаде така. И мицко да дојде утре премиер да биде истите работи ќе останат. А вие пак заебани ќе се осеќате.
I shto ti kazuva toa, ae nie glupi sme, ama ti najpametniot ne te tera na razmisluvanje.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.187
Поени од реакции
18.002
До минатата недела имаше 40.208 позитивни, до оваа недела 42.945. Разлика 2.737.
До минатата недела имаше 10.066 позитивни вакцинирани, до оваа недела 11.253. Разлика 1.187.
Предминатата недела 37%, минатата недела 41.3%, а оваа недела 43.4% од сите позитивни биле вакцинирани.

До минатата недела имаше 1.382 починати, до оваа недела 1.506. Разлика 124.
До минатата недела имаше 233 починати целосно вакцинирани, до оваа недела 260. Разлика 27.
Предминатата недела 27.8%, минатата недела 24.7%, а оваа 21.8% од сите починати биле вакцинирани.

46 отсто од граѓаните над 18 години примиле две дози вакцина.
35 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.

Сметано на цела популација вакцината повеќе не штити од зараза т.е. и штети затоа што повеќе вакцинирани се заразуваат. Сметано на популација над 18 години, штити 6%.

За среќа заштитата од смрт кај полнолетните е 52.6%.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.694
Поени од реакции
12.100
Pretpostavuvam deka toa e edna os mnogute pricini zosto imame poslab uspeh kaj pacienti na ventilator.
на маска. Тубус не се користеше во модуларните освен претпоставувам на интензивна, посебни оддели и поретки случаи.
Da, no treba da se ima na um deka koga pocna sranjevo, nikoj ne znaese koja patologija i koja patohistologija se slucuva vo belite drobovi.
веројатно е исто како и другите болести каде има проблем со кислород. Тоа треба да го знаат/следат докторите.

Elderly patients and patients with chronic disease are particularly vulnerable to COVID-19. Target oxygen saturation should be between 92% and 96% in patients without chronic lung diseases. Treatment with >5 L oxygen/min should be in close collaboration with intensive care colleagues and >15 l/min preferably in intensive care units

Но факт е дека или не знаат или оставаат сестри и болничари да отвораат/затвораат вентил. Ова е информација е и од искуства од лица кои се зачленети во групата ковид. Не може персонал мене да ме остави да му дозирам кислород. Ако го пуштам на "тројка", ќе му изгорат плуќа или ако е на минимум, ќе се угуши. На страна фактот што и маските кој како ги ставаше па "дишеа" од страна.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.140
Поени од реакции
10.495
До минатата недела имаше 40.208 позитивни, до оваа недела 42.945. Разлика 2.737.
До минатата недела имаше 10.066 позитивни вакцинирани, до оваа недела 11.253 . Разлика 1.187.
Значи +30к позитивни невакцинирани. Греота.
Автоматски споено мислење:

До минатата недела имаше 1.382 починати, до оваа недела 1.506. Разлика 124.
До минатата недела имаше 233 починати целосно вакцинирани, до оваа недела 260. Разлика 27.
Предминатата недела 27.8%, минатата недела 24.7%, а оваа 21.8% од сите починати биле вакцинирани.
1300 невакцинирани починати, греота. :(
Автоматски споено мислење:

Член од
3 мај 2019
Мислења
17.778
Поени од реакции
9.559
Кога би дошле странски експерти, доктори, претежно да бидат пулмолози и анестетичари, таков кадар нас ни фали..и да ги посетат одделенијата во нашава држава каде што лежат ковид болни пациенти, гарант ќе не тужат за убиства и малтретирање.
Чест на исклучоци.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.187
Поени од реакции
18.002
Значи +30к позитивни невакцинирани. Греота.
Автоматски споено мислење:

1300 невакцинирани починати, греота. :(
Автоматски споено мислење:
Се е гревота, и тие млади на 18 години што ќе останат инвалиди цел живот од Миокардитис од вакцината. Или млади мајки со 5 деца што ќе умрат од инфаркт од вакцината.

Нема потреба од патетики, треба ум да се употреби.

Оти цела пандемија ко гуски во магла летаме.
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Како тоа и штети вакцината на популацијата пошто се ширела заразата кај вакцинираните?

Дека ефикасноста паѓа да, ама дека штети? Као поштетно е да си вакциниран него да не си затоа штооооо....? 75% од заразени се невакцинирани 25% се вакцинирани, и штетна била вакцината.
 
Нешто не ти се бендисуваат бројките?

Значи чим повеќе вакцинирани се заразуваат тогаш логичко прашање е дали вакцината штети.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.140
Поени од реакции
10.495
Се е гревота, и тие млади на 18 години што ќе останат инвалиди цел живот од Миокардитис од вакцината. Или млади мајки со 5 деца што ќе умрат од инфаркт од вакцината.

Нема потреба од патетики, треба ум да се употреби.

Оти цела пандемија ко гуски во магла летаме.
Умот Тенеке има цврсти аргументи проваксајн.

Мене ми викаш дека патетизирам, а ти се обидуваш да наметнеш емоции за екстремно ретки несакани ефекти кај младата популација. Сега тука гарант ќе има некој што ќе ми ги извлече зборовите од контекст, ама по 738281 пат, користа е многу поголема од загубата.

И кога веќе фаќаш на емоции, зошто немаш емоции за овие 42к инфицирани за една недела, 1500 починати за една недела?

Греота е што сè и сешто се испомеша, скоро 5 милиони луѓе (читај скоро 3 македонии) го загубија животот на светско ниво, а вие и понатаму си продолжувате со вашите релативизации и калкулации. Едноставно не се вакцинирај ако не сакаш, ама навистина нема потреба секојдневно да шириш пропаганда бе друже. Темава слободно може да се преименува во антивакцери за ковид* и крај.

* затоа што многу од вас се провакцери кога се во прашање други болести, па да не се навредите.
 
SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Нешто не ти се бендисуваат бројките?

Значи чим повеќе вакцинирани се заразуваат тогаш логичко прашање е дали вакцината штети.
Бројките се реални тие се. Ќе паѓа ефикасноста на вакцината но тоа не ја прави штетна. Значи или праиш тајпо штити/штети или си скаран со логиката. Друго објаснување немам. Неможеш да споредуваш пример периоди на локдаун со комплетно отварање при тоа знаејќи дека ефикасноста од зараза на вакцината е намалена. Бројките и натаму кажуваат дека вакцината е поефикасна од немањето вакцина во делот на хоспитализации и смртни случаи. Освен ако 25% е повеќе од 75% и ако 15% е повеќе од 85% (respectively), онда ја сум учел некоја друга математика и би престанал да дискутирам понатака.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.187
Поени од реакции
18.002
Умот Тенеке има цврсти аргументи проваксајн.

Мене ми викаш дека патетизирам, а ти се обидуваш да наметнеш емоции за екстремно ретки несакани ефекти кај младата популација. Сега тука гарант ќе има некој што ќе ми ги извлече зборовите од контекст, ама по 738281 пат, користа е многу поголема од загубата.

И кога веќе фаќаш на емоции, зошто немаш емоции за овие 42к инфицирани за една недела, 1500 починати за една недела?

Греота е што сè и сешто се испомеша, скоро 5 милиони луѓе (читај скоро 3 македонии) го загубија животот на светско ниво, а вие и понатаму си продолжувате со вашите релативизации и калкулации. Едноставно не се вакцинирај ако не сакаш, ама навистина нема потреба секојдневно да шириш пропаганда бе друже. Темава слободно може да се преименува во антивакцери за ковид* и крај.
Со огледа дека животот ни се обликува со лажни, практично фејк њус на главните медиуми, мора да се бориме на ваков начин.

Манипулираат со бројки и факти.

Некни и Џон и плус еден од најбитните научници ги цензурираа, заради тоа што тврдат дека треба да се врши аспирација пред употреба на вакцината.

Нема повеќе наука. Ова е религија.

А со огледа дека ми се наметнуваат искривени погледи на светот и морам задолжително да се вакцинирам, мислам дека треба да имам право да ги изнесам релевантни статистики и ставовите на релевантни научници во светот.

Автоматски споено мислење:

Бројките се реални тие се. Ќе паѓа ефикасноста на вакцината но тоа не ја прави штетна. Значи или праиш тајпо штити/штети или си скаран со логиката. Друго објаснување немам. Неможеш да споредуваш пример периоди на локдаун со комплетно отварање при тоа знаејќи дека ефикасноста од зараза на вакцината е намалена. Бројките и натаму кажуваат дека вакцината е поефикасна од немањето вакцина во делот на хоспитализации и смртни случаи. Освен ако 25% е повеќе од 75% и ако 15% е повеќе од 85% (respectively), онда ја сум учел некоја друга математика и би престанал да дискутирам понатака.
Види убаво напишав колку проценти штити, за колку не штити т.е. можно е да штети.

Имам некаде грешка во бројките?
 
Последно уредено:

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.667
Види убаво напишав колку проценти штити, за колку не штити т.е. можно е да штети.

Имам некаде грешка во бројките?
Ако не штити значи дека штети? Од што бе тенеќе не те штити со 75-25 хоспитализација у корист на вакцина и 85-15 смртност у корист на вакцина?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.140
Поени од реакции
10.495
Со огледа дека животот ни се обликува со лажни, практично фејк њус на главните медиуми, мора да се бориме на ваков начин.

Манипулираат со бројки и факти.

Некни и Џон и плус еден од најбитните научници ги цензурираа, заради тоа што тврдат дека треба да се врши аспирација пред употреба на вакцината.

Нема повеќе наука. Ова е религија.

А со огледа дека ми се наметнуваат искривени погледи на светот и морам задолжително да се вакцинирам, мислам дека треба да имам право да ги изнесам релевантни статстики и ставовите на релевантни научници во светот.

Ок, сите манипулираат со бројки и факти, само ти си клинички релевантен и статистички точен. Се извинувам многу о, ти богу на вистинитоста!! :pos:

Никој не те тера на присилна вакцинација. Нигде во светот го нема тоа, па ни во Македонија. Мерки има да, за тоа ми е океј кога се буните од проста причина што навистина се косат со здрава човечка логика. Ама не ми е океј бе ширење пропаганда.

Убаво ти кажав пред некое време, да одиш на риболов, да одиш во природа, на кафенце, да се фокусираш на здрав начин на живот, ти си го труеш мозочето со статистика и во просек пишуваш 5 мислења на ден на темава. No offence, ама ме иритира тоа што фактичката состоја ја релативизираш и шириш паника меѓу народот. Значи, од 42к инфицирани ти акцетот го ставаш на 10к вакцинирани од нив (без да знаеш процент на тешко болни и хоспитализирани) и правиш драма од тоа, а скроз го занемаруваш фактот дека има 30к невакцинирани! Или дека има 1500 починати, со акцент на 300 починати вакцинирани (без да знаеш процент на лица со коморбидитети и возрасна категорија) и скроз го занемаруваш фактот за 1300 починати. Значи не е објективно тоа што го правиш....и намерно ти го изрелативизирав тоа што си го пишал, за да видиш колку не си објективен!
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Нешто не ти се бендисуваат бројките?
По 738281 пат, штетата од целава оваа состојба, до паника и хипохондрија, ќе ја платиме сите, порано или покасно. Од егенгетската криза која на Европа и чука на врата, ценовниот шок (инфлацијата) која зафати одреден дел од државите, невработеноста која не се намалува, намалената добивка (профит) на компаниите што ќе се одрази и на буџетот и до задолжувањата кои моравме да ги земеме со цел да ги ублажиме ефектите врз животниот стандард од оваа пандемија.

Сепак, две години сме хендикепирани со некакви мерки кои не даваат резултати. Тоа е класичен пример за опортунитетен трошок, изгубена корист/добивка, но и време и пари. Најголемата грижа беше старата популација која во одреден процент подлегнува на овој вирус. А сега кога ги имаме сите анализи и статистики на маса, кога знаеме за ефикасноста на вакцината, знаеме за категории граѓани кои подлегнуваат или кои го оптоваруваат здравствениот систем...мерките не се упатени кон нив. Генерално младите седат во кафичи и кафани!

Повторно, пазарите се преполни, автобусите се преполни, партиските митинзи преполни. Таму нема мерки, нема препораки! Барем едно време имаше мерка за редуцираност на бројот на патници во автобусите!

Муслам дека целта е да се уништи угостителската индустрија, ама останува да видиме. :)

За децата, до вчера, мислам дека немаше ниту еден позитивен ученик. Но ќе го почекаме конечниот извештај од скринингот. Сметам дека наставата во живо е далеку подобра опција отколку онаа онлајн. За жал, тука мора да се сложам со Мила. :(

И да, во некои држави и третата доза е "задолжителна". Задолжителна во наводници затоа што постојат услови за продолжување на сертификатот, а трета доза скоро секаде е експерименталната Фајзер!
 
Kajgana Shop

На врв Bottom