Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Рано е за сума сумарум за работата на Филипче и за неговото справување со Корона кризата, ама може да се повлечат одредени линии за досегашното негово работење.

На претходните избори, тој беше еден од ликовите кои им донесе многу политички поени на Сдсм и коалицијата. Мислам дека на овие избори ќе биде алката која ќе им одземе многу политички поени, иако станува збор за локални избори.
Како бе рано, па уште пред изборите се виде каде оди ситуацијата и дека се е само обична статистика и политика за него. Али ние ко народ не сме познати по резонирање на ситуација, подлежни на лажни вести и ќе го сметаме Филипче за херој. Со 43.67% проценти смртност на хоспитализирани и не е рано за сума сумарум. Гледа што прават некој западни земји и си вели аха и ние така ќе правиме. Затоа сега лупета на вакцинирање и на деца испод 18 години пошто тоа почнаа да го прават по некој земји на запад па ајде и кај нас. Во мој крај тоа го викаме: да се дешава нешто.

Цела книга може да се напише за тоа колку е неспособен како министер. Директен виновник за огромната смртност од последниот бран заради доцна вакцинација и форсирање на попис во ек на најголем бран. Плус додади ова корумпирано здравство и добар дел на вработените таму(доктори, сестри, администрација) ко и во други државни институции така и во здравството ама баш им е гајле.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988

Така бе, рано е за сума сумарум. Уште една година најмалку ќе се бавиме со Ковидов. Можеме само да изнесеме заклучоци за досегашното справување со кризата, што и го направив.

Да, поради него паѓа во вода тезата за експертска влада. Тој е доктор, ставен е на тој ресор и е можеби најлошиот министер за здравство што сме го имале. Образложив и зошто.

Видиш, заборавив да напишам за вакцините, пред се за АЗ каде го следеше трендот на Германија, а не на Британија. Така сеуште е забранета за лицата под 60 години, што е аспурд. Ама тоа е наука и вакцината ги поминала сите 3 фази! Таа е безбедна и сигурна. ;)

За вакцините за деца исто следи трендови, иако нема реална потреба за нивна имунизација. Ете Израел форсира и непроверена вакцина, вакцина која сеуште се тестира и вакцинира деца од 5-12 години! Ни збор од докторската фела за таа мерка.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Цела книга може да се напише за тоа колку е неспособен како министер. Директен виновник за огромната смртност од последниот бран заради доцна вакцинација и форсирање на попис во ек на најголем бран. Плус додади ова корумпирано здравство и добар дел на вработените таму(доктори, сестри, администрација) ко и во други државни институции така и во здравството ама баш им е гајле.
Ова е многу точно. Самиот третман на пациенти беше под секакво цивилизациско ниво. И колку и да има индивидуална вина се е до организација и менаџментот. Во недостиг на лична одговорност и етика дефинитивно треба поголема контрола. Отпуштаат луѓе што едвај спасиле глава сами да си одат. Гледав како маж од 70+ години оди со лазење по скали сам, едвај функционален.
Глуп пример можеби, имало многу пострашни.
Хаос било, немале кадар, немале услови...Па јас ли сум крива за сето ова? Менаџирај. Не лажи дека се е под контрола, дека има доволно места.
Колку и да биле уморни, истоштени, не е оправдување за губење на елементарен осет. Дрски, безобразни за било кое прашање и било каква информација како да прашуваш за цена за прашок а не за живот на близок.
Имаше периоди кога немаа соодветна евиденција на пациенти, многу брзо се менувале (читај голем број на починати). Ме прашуваа како изгледа пациентот на Инфективна?!?!?!?
Единствена вистина која ја имавме беше: не дај Боже таму да завршиш.
Така да, Филипче и тие околу него слободно можат глава во песок да си пикнат и да не искачаат минимум 10 години...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.577
Поени од реакции
34.762
...туууу, колку не разбирате, тоа значи све е под контрола за тоа што нема контрола! ...дадените изјави не важат за народот, оти народот не го постави за министер за здравство, ВФ спроведува и одговара само кон тој што го постави на тоа место и толку, ако не сме послушни тогаш изјавите се покорпулозни заканувачки со оправдување со пандемијата како џокер во ракав и така си тера агенда!
 
Од секогаш е таков третманот на докторите ако немаш врски. Ќе си чекаш по 4-5 часа, ќе те прегледа ради реда и тоа е. За да изгубиш елементарен осет прво треба да го имаш. Сабајлево видов вест споделувана на фб како татко опишува како ќерка му починала на 23 години од корона и како одела хоспитализација.
Малку е потресно ама го има напишано односот на докторите. Еве еден извадок:

Вечерта околу 21 часот ми звонеше непознат број, Се јавив, а од другата страна женски глас. Се претстави како дежурен пулмолог и ми рече: „Не може младо девојче да го третираме на Клиниката за кожни болести, немаме ниту соодветни медикаменти, ниту пак апаратура за лечење. Се слушнав со директорите од ковид центриите и се испокарав и успеав да најдат кревет на Инфективна клиника. Ние овде се менуваме на секои пет дена и секој си дава терапија по негово. Кога ќе дојдам на работа, од каде да знам кој што давал и како ја лечел “
Последната реченица сфаќаш дека не се знае кои лекарства ги даваат нити пак кој ги давал. Ова е баш кога Филипче изјавуваше ситуацијата е под контрола, место има во болниците и спремни за попис. Во право е само дека има место во болниците, кревет ќе ти се најде тоа што нема лекарства, ни апарати за лечење, ни доктори тоа е друго.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Последната реченица сфаќаш дека не се знае кои лекарства ги даваат нити пак кој ги давал. Ова е баш кога Филипче изјавуваше ситуацијата е под контрола, место има во болниците и спремни за попис. Во право е само дека има место во болниците, кревет ќе ти се најде тоа што нема лекарства, ни апарати за лечење, ни доктори тоа е друго.
И другите држави имале проблем да се усогласат, се работи за нова ситуација, непозната.
Еве како функционира во соседството:

Ова е User for dummies...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
...туууу, колку не разбирате, тоа значи све е под контрола за тоа што нема контрола! ...дадените изјави не важат за народот, оти народот не го постави за министер за здравство, ВФ спроведува и одговара само кон тој што го постави на тоа место и толку, ако не сме послушни тогаш изјавите се покорпулозни заканувачки со оправдување со пандемијата како џокер во ракав и така си тера агенда!
Мора да ја смири состојбата, не треба да крева паника. Но мора она што го споделува да биде точно и вистинито. Едно време имаше 10тина слободни места во болниците, што се пополнија за еден ден! Не можеш при таква прилика да оставиш приватните болници да си прават што сакаат и да уценуваат 5.000 евра за кревет! Мораше државна партиципација или регулаторна комисија каде ќе влијаеше врз цените на приватните болници.

И да, против сум да им се одземат капацитетите, макар и привремено (сем со кризна, како што е по закон). Некој вложил приватен капитал и ти го лишуваш од правото да прави профит. Затоа веќе еднаш напишав дека битна е маргината на тој профит, а таа се контролира со регулаторно тело.

Не е касно тоа да се реши уште од сега. Побитно е тоа отколку Законот за опојни дроги или Законот за државјанство. Има приоритети, ама очигледно тие се чисто политички. Граѓаните пак се оставени на цедило.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
И да, против сум да им се одземат капацитетите, макар и привремено (сем со кризна, како што е по закон). Некој вложил приватен капитал и ти го лишуваш од правото да прави профит. Затоа веќе еднаш напишав дека битна е маргината на тој профит, а таа се контролира со регулаторно тело.
Капитал вложиле и многу други приватници кои поради пандемијата беа комплетно затворени и беа без било како приход. И не гледам дека некој се бунеше од нив за самото затворање. Што ги прави приватниве болници поразнични или нивниот капитал? Разликата е што се заштитени мечки...
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Капитал вложиле и многу други приватници кои поради пандемијата беа комплетно затворени и беа без било како приход. И не гледам дека некој се бунеше од нив за самото затворање. Што ги прави приватниве болници поразнични или нивниот капитал? Разликата е што се заштитени мечки...
Не, туку си има закон. Стави или кризна и земи им ги капацитетите или направи регулаторно тело. Не може самоволие и самовластите да се тера.

Најголемиот дел од компаниите кои беа затворени беа вклучени во некој од пакетите економски мерки. Така добија еднократна неповратна помош од државата, дел и многу повеќе од она што како приход го оствариле изминатата година, или годината пред таа. :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не, туку си има закон. Стави или кризна и земи им ги капацитетите или направи регулаторно тело. Не може самоволие и самовластите да се тера.

Најголемиот дел од компаниите кои беа затворени беа вклучени во некој од пакетите економски мерки. Така добија еднократна неповратна помош од државата, дел и многу повеќе од она што како приход го оствариле изминатата година, или годината пред таа. :)
Не велам да немаат помош или регулирани права и обврски. Ама да дозволиш огромни капацитети да бидат „отпишани“, треба или да си идиот или да си на платен список кај тие истите.
 
SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Не, туку си има закон. Стави или кризна и земи им ги капацитетите или направи регулаторно тело. Не може самоволие и самовластите да се тера.

Најголемиот дел од компаниите кои беа затворени беа вклучени во некој од пакетите економски мерки. Така добија еднократна неповратна помош од државата, дел и многу повеќе од она што како приход го оствариле изминатата година, или годината пред таа. :)
Ne bas. Jas ne slusnav nekoj od kolegite veterinari da dobie pomos. Nie apliciravme, jas gi sreduvav dokumentite, me udavija za da na kraj ne ne ni udostojat so pricina zosto sme odbieni. Gledajkji gi spisocite koi firmi zedoa pomos, jasno e za kogo bea nameneti merkite.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ne bas. Jas ne slusnav nekoj od kolegite veterinari da dobie pomos. Nie apliciravme, jas gi sreduvav dokumentite, me udavija za da na kraj ne ne ni udostojat so pricina zosto sme odbieni. Gledajkji gi spisocite koi firmi zedoa pomos, jasno e za kogo bea nameneti merkite.
Затоа реков "најголемиот дел". :)

Не знам за тоа, ама одреден дел од станиците (и пет шоповите) работеа. Дури знам дека некои ветеринари имаа и дозволи за движење за време на полицискиот час. Инсајдерско инфо. :D
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.577
Поени од реакции
34.762
-приватна болница ама профитот со помош на државата,
... на пример, хемодијализата во МКД ја има ,,приватник,, за секој пациент приватната болница добива месечно паричен износ од ФЗОМ за услуга на пациентот,
...арно ама се случува да пациентот понекогаш според здравствената состојба треба да направи почесто лабораториски анализи, наместо два пати дијализа во текот на една недела треба да му се направи три пати со што доаѓа до израз ,,капитализмот,, со што профитот на приватникот е загрозен и тој ќе ескивира да му направи трета дијализа,
...доаѓа до уште повеќе влошување на состојба на пациентот, па тогаш го насочуваат кон други специјалисти преку матичниот као демек во прашање се други коморбидитети кои се одговорни за влошената состојба па ќе прима едно чудо лекови за срце, дишење...итн (а не им се гледа дека уреата и креатининот на пациентот се енормно покачени),

...за кратко време пациентот поради несоодветно дадена помош паѓа во кома отруен од сопствена крв која не му ја прочистуваат со дијализа, па уште му прават тест као позитивен на коронавирус не може на дијализа....и толку, пациентот ќе почине, ќе речат така требало да биде оти бил болен на дијализа, ама никој, никој не ќе каже дека ненаправена уште една дијализа од планираните две на приватната болница си беше фатална за пациентот, за што ќе кажат умрел од корона или други коморбидитети кои всушност му беа пореметени поради ненаправена трета дијализа, медицинските лица на приватната болница ќе си ќутат важно е на 1ви платата да си ја добијат.. а пациентот ќе биде минато ...и све тоа ќе покрие рузмарин, снегови и шаш!

... кога пациентот има вирусна, па и бактериска инфекција, па дури и во други случаеви кога не се работи за тромб и тромбоза - покажува покачени д- димери тоа не значи веднаш ,,клексане,, што е антикоагулантен лек,
....не смее веднаш да се испита д-димери, туку пациентот треба прво да му се дијагностицира тромбоза со хематолошки тестови, протромбинско време, парцијално цела хемостаза па и тие д- димери во пакет со нив, а не вака има ковид19 брзо само д- димери испитување, па веднаш клексане, а хемостаза нормална, па поради предозирање ќе се појават дигестивни крварења, па ајде брзо дајте лек да се стопира крварењето, а што ќе се случи ако пукне некој витален крвен сад? што ќе речат, тромб од К19 создаден, хеморагија и смрт!

....се нервирам, а не можам да сменам ништо само да се начудам на нашето здравството во 21 век, за надвор не можам да коментирам ама сигурно е слично!
 
Последно уредено:

SaltNPepa

Other's envy, owner's pride!!!
Член од
14 септември 2012
Мислења
1.945
Поени од реакции
2.523
Затоа реков "најголемиот дел". :)

Не знам за тоа, ама одреден дел од станиците (и пет шоповите) работеа. Дури знам дека некои ветеринари имаа и дозволи за движење за време на полицискиот час. Инсајдерско инфо. :D
Da, imavme site dozvoli za dvizenje, ama koga nemas klienti, sedenjeto vo klinika bese prakticno trosenje na resursi. Policiskiot cas dopolnitelno gi komplicirase rabotite.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.239
Поени од реакции
78.861
-приватна болница ама профитот со помош на државата,
... на пример, хемодијализата во МКД ја има ,,приватник,, за секој пациент приватната болница добива месечно паричен износ од ФЗОМ за услуга на пациентот,
...арно ама се случува да пациентот понекогаш според здравствената состојба треба да направи почесто лабораториски анализи, наместо два пати дијализа во текот на една недела треба да му се направи три пати со што доаѓа до израз ,,капитализмот,, со што профитот на приватникот е загрозен и тој ќе ескивира да му направи трета дијализа,
...доаѓа до уште повеќе влошување на состојба на пациентот, па тогаш го насочуваат кон други специјалисти преку матичниот као демек во прашање се други коморбидитети кои се одговорни за влошената состојба па ќе прима едно чудо лекови за срце, дишење...итн (а не им се гледа дека уреата и креатининот на пациентот се енормно покачени),

...за кратко време пациентот поради несоодветно дадена помош паѓа во кома отруен од сопствена крв која не му ја прочистуваат со дијализа, па уште му прават тест као позитивен на коронавирус не може на дијализа....и толку, пациентот ќе почине, ќе речат така требало да биде оти бил болен на дијализа, ама никој, никој не ќе каже дека ненаправена уште една дијализа од планираните две на приватната болница си беше фатална за пациентот, за што ќе кажат умрел од корона или други коморбидитети кои всушност му беа пореметени поради ненаправена трета дијализа, медицинските лица на приватната болница ќе си ќутат важно е на 1ви платата да си ја добијат.. а пациентот ќе биде минато ...и све тоа ќе покрие рузмарин, снегови и шаш!

... кога пациентот има вирусна, па и бактериска инфекција, па дури и во други случаеви кога не се работи за тромб и тромбоза - покажува покачени д- димери тоа не значи веднаш ,,клексане,, што е антикоагулантен лек,
....не смее веднаш да се испита д-димери, туку пациентот треба прво да му се дијагностицира тромбоза со хематолошки тестови, протромбинско време, парцијално цела хемостаза па и тие д- димери во пакет со нив, а не вака има ковид19 брзо само д- димери испитување, па веднаш клексане, а хемостаза нормална, па поради предозирање ќе се појават дигестивни крварења, па ајде брзо дајте лек да се стопира крварењето, а што ќе се случи ако пукне некој витален крвен сад? што ќе речат, тромб од К19 создаден, хеморагија и смрт!

....се нервирам, а не можам да сменам ништо само да се начудам на нашето здравството во 21 век, за надвор не можам да коментирам ама сигурно е слично!
ќе победи Мицковски на следните парламентарни и пак за здравство ќе бидеме лидери во светот и пошироко

треба да се стрпиш само две три години
 
Kajgana Shop

На врв Bottom