Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

Член од
14 август 2006
Мислења
45.356
Поени од реакции
84.578
Не се прават свадби пред Бајрам :D
Добро бе мајку му стара мора ли све да поврзувате со етнички работи?

Зарем мислите дека нашата власт носи епидемиолошки одлуки според исламот а не според медицината?
 
Член од
20 ноември 2020
Мислења
24
Поени од реакции
15
Nekoj shto se vakciniral vo srbija, kako odi procesot?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.498
Поени од реакции
11.435
@Aceso што мислиш ти, врз база на што власта ја донела одлуката свадби до 15-ти да не смее да има?
Нема свадби бе? Сигурен си?

Не знам да ти кажам, политиката не ми е силна страна.
 
Член од
13 август 2013
Мислења
1.061
Поени од реакции
2.070
А зошто правите споредба со вакцините за грипот? Па вакцините за грипот имаат околу 40 - 60% ефикасност, а заинтересираноста е драстично поголема во споредба со кинеските 86% на пример. Ова зборам за постара популација (они се поделени на "само на спутник верувам другите ќе не чипираат" и "фајзер екипица"). Иако најголем е бројот на оние кои што преферираат спутник. :D



Како го трупат вирусот во крвта? Нели кога ќе навлезе вирусот во организмот го пречекуваат антиген презентирачките клетки, па после го носат до белите крвни клетки, па почнува активација на Т клетки и Б кпетки и соодветно на тоа Б клетките се одговорни за хуморалниот имунитет (создаваат антитела кои се клучни во првичната борба со вирусот) и Т клетките (клеточна меморија - подолготраен имунитет).

Е сега прашањето ми е, како антителата се трупаат во организмот без да го уништат вирусот? Постои ли некој патолошки механизам тука што може да ни го објасниш? На кое ниво е грешката? Ако одам по твојата логика ќе те прашам и дали сакаш да кажеш дека лекувањето со плазма богата со антитела кај ковид позитивните не дало никакви резултати? Не сакам да релативизирам ама антитела се антитела, без разлика дали станува збор за Фајзер или Спутник или Синофарм.

Јас еве се вакцинирав со фајзер, па уште не ми пораснале две глави.
Темата е веќе трач рубрика и лечење на лични фрустрации, така да не е пожелно пишување на нешто озбилно. Ко да се сите излезени од кино по гледање на хорор филм и се плашат од сопствената сенка у мрак. Се чудат дури како некој може да не биде уплашен како нив, демек нешто му фали. Психијатрија. Трол хистерија.
Инаку тој синдром на неадекватен имун одговор доста се испитува во последно време.
Има многу докажани случаи кај вакцини на денга вирус и кај РСВ вирус, а исто и кај многу други вирусни вакцини меѓу кои и инфлуенца.
Не се објаснува лесно на лаик, бидејќи треба да се познава суштината на имунологијата.
Синдромот се вика АДЕ - antibody-dependent enhancement !!
Еве ти една статија која добро објаснува некои работи, па прочитај си.
Antibody-dependent enhancement and SARS-CoV-2 vaccines and therapies
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.498
Поени од реакции
11.435
Темата е веќе трач рубрика и лечење на лични фрустрации, така да не е пожелно пишување на нешто озбилно. Ко да се сите излезени од кино по гледање на хорор филм и се плашат од сопствената сенка у мрак. Се чудат дури како некој може да не биде уплашен како нив, демек нешто му фали. Психијатрија. Трол хистерија.
Инаку тој синдром на неадекватен имун одговор доста се испитува во последно време.
Има многу докажани случаи кај вакцини на денга вирус и кај РСВ вирус, а исто и кај многу други вирусни вакцини меѓу кои и инфлуенца.
Не се објаснува лесно на лаик, бидејќи треба да се познава суштината на имунологијата.
Синдромот се вика АДЕ - antibody-dependent enhancement !!
Еве ти една статија која добро објаснува некои работи, па прочитај си.
Antibody-dependent enhancement and SARS-CoV-2 vaccines and therapies
Уште од самите почетоци на развојот на вакцините научниците се фокусираат на сарс-ков-2 протеин кој најмалку веројатно предизвикува АДЕ.
Кога откриле дека насочувањето кон нуклеопротеинот на сар-ков-2 може да предизвика АДЕ веднаш се откажале од тој пристап. Се чини дека најбезбедната рута е насочена кон S2 подединицата на спајк протеинот и тука е нивниот фокус.

Студиите од испитувањата спроведени на животни и луѓе до сега не покажале знаци за АДЕ. Резултатите од вакцините укажуваат на тоа дека вакцините штитат од тешка клиничка слика и смрт, а тоа е скроз спротивно на АДЕ. Не може да не е забележано до сега, тоа е акутен и драматичен проблем, сигурно ќе го привлечеше вниманието на светскиот аудиториум.
 
Член од
15 март 2010
Мислења
5.869
Поени од реакции
6.383
Италија вади одлични бројки одкако почна масовната вакцинација..... налик УК и УСА .... бројките евидентно и константно паѓаат последниве недели... јебем ли га .. ваљда има некоја вистина у ова вакцинирањево.... додека вчера се видов на оналјн со мојата 80 годишна бабичка од Кратово ... пред недела дена се вакцинирала јадната ... прва доза ... пропадната во лице , брчки ... мижи ... остарела 100 години , а не беше таква пред вакцината .... инаку и беше понудена вакцина и пред месец и повее вакцина, одби ... преплашена ... дали од чаршиски комшивски муабети .. дали од вести ... исплашена дека од вакцината ќе и се случи нешто... на 80 години ... и еве ја ок е е здраствено после 2 дена малаксаност ... но остере 20 години од стресот ... ти јебем времињата ти јебем ...
 
Член од
3 јули 2016
Мислења
197
Поени од реакции
611
Vakcinata e na Sinovac, sars-cov-2 verocell inaculated pisuva na kartonceto. Ne gi informiraat dovolno pacientite.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom