Мило ми е што до одреден степен се разбравме со Кано ПП. Не се согласувам со него, има може да се рационализира...за разлика од неколку други кои левичарат.
Се вратив да ја мрднам дебатата. Поентите на Бафра не се само црните Ковид статистики. Тука се економските ефекти (кои ги начнавме на претходните страни) и ризикот од депресија, осаменост и самоубиства поради локдауните, потресите во економијата и губењето (или ризикот од губење) на работните места. Тоа се ризици кои постојат. Посебно депресијата е честа и кај нас, тоа може да се воочи и кај одредени членови, а дел и пишуваат за своите проблеми.
Главниот аргумент е дека овој вирус и голем дел од мутациите имаат мал импакт на лицата под 50 години. Сега ние, како и Шпанија, Италија...најголем процент живееме сите заедно и тешко е да се одвои или изолира таа популација. Но ако се имунизира, а притоа многу брзо да не се ослободиме од скоро сите мерки (како Израел), брзо ќе се пратиме на шините. Но само 20% од лицата над 70 години се имунизирани, но сеуште е во тек нивната имунизација. Лично не верувам дека ќе ја поминеме границата од 50%. Но секоја чест на докторите. Имаат полни раце работа околу убедувањето и едукацијата.