- Член од
- 14 февруари 2013
- Мислења
- 584
- Поени од реакции
- 704
Убаво е да му се помогне на некој што не знае. Човечки е и пријателски. Дали ќе те гледаат како арогантен човек, или човек што се фали (бидејќи се разбираш од многу работи кои тие не ги сретнале), веќе произлегува од интелигенцијата и карактерот на човекот со кој разговараш. Има некои те гледаат како у смисла ги сожалуваш, или им се правиш паметен користејќи ја нивната лоша ситуација. Воедно, не сфаќаат дека ти всушност не си некој кој се прави паметен, или некој кој прочитал 20.000 книги... Ти може да си начитан и да имаш фонт на зборови, но само со читање не се стекнува искуство, добро срце и здрав разум. Тоа е животна лекција.
Не е се во образованието, туку тука е и животното искуство, природната интелигенција, карактерот на човекот, неговото добро срце и неговото правилно гледиште на работите.
Кога човек ќе ги спои мудрото и правилно размислување + неговото добро срце + сопствената висока интелигенција и стекнатото искуство од многу животни ситуации, се добива неверојатен конечен исход, а тоа е паметен и мудар ум кој правилно размислува и функционира. И секако она најважното - добродушен човек!
Секако, и тој „стекнат“ ум може да се надогради и да научи нешто ново кое дотогаш не го сретнал.
Човек учи додека е жив! Дури и научникот може да научи од просјаците на улица работи кои дотогаш не ги сретнал, а се вредни во животот...