Конфликтот во Сирија

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
Ова со автобусиве некако познато ми звучи, од каде ли е:cautious:
http://tocka.com.mk/1/125826/asad-pobedi-buntovnicite-go-napustile-homs-centarot-na-revolucijata
Интересно е тоа што ИСТИТЕ луѓе пак биваат вадени со автобуси од гомната во кои се наоѓаат.
Албанциве се најбољи, идат по светот и враќаат дугови на САД, а ако загусти - автобус (како на пикник да отишле).
Само што, како гледам, Асад на секој два-три дена ни враќа по некој навака, у црна вреќа. Изглеа не успеваат сите карти за аутобус да извадат.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
Албанциве се најбољи, идат по светот и враќаат дугови на САД, а ако загусти - автобус (како на пикник да отишле).
Не, само забораваат дека не се во Македониjа па ги потсетуваат дека нигде во свет без карта не се патува. :D
 
Член од
12 април 2014
Мислења
108
Поени од реакции
45
Американците треба да им платат еден вид оштета на сите земји од бивша СФРЈ во врска со конфликтот во Сирија.Затоа што на времето од буџетот на бившата ни држава се одвојуваа средства за детски додаток,сега тие деца НИ гинат во Сирија за туѓи интереси.А и за каботажата во Македонија американците не платија никаква казна.(каботажа се вели кога со автобус рег.во една држава извршувате превоз на патници во внатрешниот сообракај на друга држ.примерно со мак.автобус на релација од Скопје за Белград да застанеш во Ниш да земеш патник и да го симнеш во Јагодина без соодветна дозвола од срп.мин .транспорт, казните се од неколку илјади евра до одземање на автобусот).
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.376
Поени од реакции
19.988
Договорв не е едностран, со тоа што Асад ги пушти терористиве да си идат со ЈСП превоз, терористиве ослободија воени затвореници и пуштија конвој со храна,облека итн во Алепо.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.346
Поени од реакции
29.812
Moжеби документарецов бил постиран тука (постар е), но можеби и не. Кој не го гледал, а ја следи темава...обавезно да го погледа.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
АЛБАНИЈА


Ќелијата на Муџахедините разоткриена при шверц на оружје за Македонија


Ќелијата на муџахедините, која испраќала албански борци на боиштата во Сирија, била откриена сосема случајно при една истрага што обвинителството во Елбасан ја почнало во 2013 година за шверц на оружје за Македонија. Весникот „Шќиптарја“ открива документ со кој се потврдува истрагата за откривањето на лицата што кон Македонија сакале да прошверцуваат 16 пушки, од кои девет имале статус на културно наследство за сума од 10 до 12 илјади евра. Оружјето било украдено од Етнолошкиот музеј во Елбасан.

Лицата што постојано биле следени по наредба на обвинителот Блендар Мустафарај биле македонските државјани Е. Kуртиши и М. Османи, како и шест албански државјани, меѓу нив и Е. Бего од градот Церик, како и сега веќе уапсениот муџахедин Герт Пашја, по кого албанската полиција имаше распишано меѓународна потерница, а го уапси на тиранскиот аеродром при влез од Турција.

„Од прислушуваните разговори меѓу споменатите лица и Пашја биле добиени сознанија за интересот за регрутирање лица и нивно упатување во Турција, а потоа за Сирија каде што се придружувале на терористичката група Ал-Нусра“, стои во досието.

Од истрагата се дознава дека Пашја, инаку по потекло од Пеќин, од јули 2012 покажал интерес за продажба на украдените предмети од Етнолошкиот музеј од Елбасан, кои ги криеле закопани под земја во домот на В. Бего од Церик. Во соработка со другите албански државјани сакале да ги продадат во Македонија. За таа цел се среќавале и телефонски разговарале со македонските државјани Kуртиши и Османи.

Осум месеци по почетокот на истрагата произлегло дека двајца од групата шверцери на предмети од културното наследство, А. Kора и Е. Гаши, веќе заминале за Сирија. Нивното заминување го организирале самопрогласените имами Г. Бала и Б. Хиса, кои се во притвор. Тие заедно со уште седум други лица беа уапсени утрото на 11 март годинава од полициските специјалци додека биле во џамијата „Нов прсетен“ во Тирана каде што проповедал Бала и во џамијата во Мезез во близина на Тирана каде што проповедал Хиса. Ним од неодамна им се придружи и Пашја во затворот „313“ во Тирана и уште четворица за кои се верува дека во Сирија с` уште се бараат со меѓународна потерница.

Од прислушувањето се дознава дека секој регрут добивал по 150 долари. Во Сирија официјално се 65 албански државјани, кои директно се во борбените редови, а официјално се споменува бројка на седум убиени, иако медиумите со целосен идентитет и потврда од роднините наведуваат дека се најмалку десет.

АЛБАНСКИТЕ МУЏАХЕДИНИ ГИ КИНАТ КОСОВСКИТЕ ПАСОШИ

Албанските муџахедини во Сирија, како што се потврдува од последната видеоснимка, ги уништиле пасошите на земјите од кои доаѓаат. Нивниот лидер Мухаџери на снимката зборува на арапски јазик и во рака држи бајонет. Меѓу другото, тој ги негира сите други негови припадности и вели дека тој единствено е муслиман. На крајот прв го кине косовскиот пасош нарекувајќи го документ на ќафири. Веднаш по него истото го прават и другите муџахедини-Албанци, кои се од различни земји од Балканот.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
ИСИЛ до христијаните: Сменете ја верата или ќе ве убиеме
Вторник, 24 Јуни 2014 10:16


Христијаните во сирискиот град Рага добија ладнокрвно предупредување од страна на фундаменталистите Сунити, кои себеси се декларираат за членови на Исламската држава на Ирак и Левант, а кои почнаа да сеат терор против Шиитите и христијаните, што заврши со најмалку три распнувања и неколку обезглавувања.


Илјадници христијани, свесни за угледот на ИСИЛ, кои живееја во Мосул и околните места, панично се иселија откако бунтовниците на ИСИЛ го освоија вториот најголем град на 10 јуни.

Многумина кои избегаа побараа засолниште во христијанскиот град Ирбил, на само еден час оддалеченост од Мосул. Сите тие се плашат од прогонство.

-Го симнаа секој споменик во Мосул, без разлика дали претставува ирачка политичка фигура или католичка, изјавија сведоците.

Тие додадоа дека отстранета е и статуа на Дева Марија, но не се знае дали е уништена или само преместена.

Еден 72-годишен затвореник изјави дека христијаните се подоложени на постојани ужаси од страна на исламистите.

-Им даваат пасоши на муслимански терористи и ги прифаќаат хомосексуалците, изјави синот на затвореникот.

Тој додаде дека моментално не се во опасност, но живеат во постојан страв и не знаат што да прават понатаму.
 

GhostLeader

ONE OVER ALL
Член од
20 април 2010
Мислења
2.473
Поени од реакции
643
РЕЛИГИЈА НА МИРОТ а ?.. еххх да беше Европа(со Русија заедно) и цела христијанска Западна хемисфера паметни,имаше да им го испијат крвот на овие за додека постои планетава и човешството да не им текне на свадба да пукаат а не СВЕТИ ВОЈНИ да дигаат..
 
Член од
13 февруари 2012
Мислења
2.733
Поени од реакции
1.226
Та преку попреку. Гниди. Оној што има шанси да убива вакви дегенерици (исил) треба да е среќен :D
Еден 72-годишен затвореник изјави дека христијаните се подоложени на постојани ужаси од страна на исламистите.

-Им даваат пасоши на муслимански терористи и ги прифаќаат хомосексуалците, изјави синот на затвореникот.

Нешто исламов се мења пред да го снема
ако ако
 

Marchelo93

Дипломиран Џаболебар
Член од
10 јули 2011
Мислења
1.931
Поени од реакции
1.997
Е богами сеа ќе било правото време за крстоносна војна,а не пред 900 кога муслиманите биле поцивилизирани и понапредни од цела Европа заедно.Али од тогаш изгледа им фрлил Папата некоја анатема па тргнале назад со развојот и психички и морален.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.297
Поени од реакции
78.968
ЕКСКЛУЗИВНО ИНТЕРВЈУ: САЕИД САДЕГХ МОХАММАДИ, АМБАСАДОР НА ИСЛАМСКАТА РЕПУБЛИКА ИРАН ВО МАКЕДОНИЈА

Иранскиот поглед на светот и официјалната перспектива на Техеран врз безбедносната слика на Блискиот Исток преку случувањата во граѓанските војни во Сирија и во Ирак, а во тие рамки и дејствувањето на милитантната радикалната исламска организација Исламска држава во Ирак и во Левантот (ИДИЛ), е тема на која говори во интервју за нашиот весник амбасадорот на Исламската Република Иран во Република Македонија, Саеид Садегх Мохаммади. Дипломатот од Техеран, пред да ја преземе мисијата во Скопје, бил заменик-амбасадор на Иран во Индонезија и во Австрија, советник во Одделот за меѓународно право на иранското министерство за надворешни работи, како и претседател на Одделот за мултилатерални политички работи.

Како гледа Иран на случувањата на Блискиот Исток и на екстремистичките милитантни групи во Ирак и во Сирија?
- Во самиот почеток морам да напоменам дека Исламската Република Иран има јасно одредена политика, која вели дека таа е против секаков вид тероризам каде било во светот и во чие било име. Како што знаете, за жал, од друга страна, пак, постоењето на тероризмот во нашиот регион има длабоки и стари корени и почнува од времето на окупирање на палестинските територии од страна на ционистите. Ако сакаме да ја разбереме актуелната ситуација во која во моментов се наоѓаат регионот и терористичките групи, јас би рекол дека треба да се навратиме многу наназад, можеби уште од времето на советската окупација на Авганистан, за да ги разбереме предусловите. За време на советското присуство во Авганистан, со помошта на западните земји од секаков вид, на Блискиот Исток се формираа милитантни екстремистички групи чија основна цел беше да се избркаат Русите од овој дел на светот, а особено од Авганистан. Подоцна една ваква, најверојатно не доволно добро промислена политика, која ги создаде овие групи, лошо им се врати на основачите. Токму овие терористи и милитанти што беа создадени од Западот беа истите луѓе што се противеа на американската интервенција и окупација на Авганистан.
За жал, овие екстремистички и терористички групи денес се проширија во регионот, особено во Сирија и во Ирак. Натаму, со почнување на кризата во Сирија, и комплетно непромислената поддршка на западните земји кон широката опозиција и противниците на Башар Ал Асад, се создадоа предуслови во оваа земја да пристигнат и да функционираат добро познатите терористичките групи. Токму овие милитантни групи, составени од борци од различни земји во светот, придонесоа да се разгори војната во Сирија и таа да прерасне во епицентар на тероризмот и крвопролевањето на Блискиот Исток.
Верувам дека доколку Западот размислеше подобро навреме за Сирија и не се вмешаше во внатрешните работи на оваа земја, сега можеби немаше таму да беснее граѓанска војна и сѐ можеше да се реши мирно и демократски преку преговори. Сепак, најголемата стратегиска грешка на западните земји беше што тие веруваа дека со поддршката за сириската опозиција и терористичките групи за кратко време ќе успеат да ја соборат сириската влада. Сепак овие предвидувања и лоши политики на Западот и на некои арапски земји во регионот не се остварија и сега имаме ситуација каде што на овие простори слободно дејствуваат терористите што со себе шират несигурност и крвопролевање.
НЕМА ДА СЕ ОСТВАРАТ ЖЕЛБИТЕ ЗА КАЛИФАТ НА ИДИЛ

Дали е можно прекројување на границите на Блискиот Исток, со оглед на тоа дека терористичката група Исламска држава во Ирак и во Левантот (ИДИЛ) сака да создаде калифат на територијата на денешните Ирак и Сирија?
- Групата ИДИЛ е одговорна за многу терористички акти и насилства на Блискиот Исток, па токму затоа со сигурност можам да кажам дека не е признаена од никого од исламскиот свет. ИДИЛ не ја поддржуваат ниту сунитите ниту шиитите и можам да кажам дека оваа група не ужива генерално никаква поддршка меѓу муслиманите во регионот. Токму затоа што немаат поддршка не верувам дека терористите можат да си ги остварат своите цели.
Терористите на ИДИЛ во своите редови, според нашите сознанија, имаат меѓу 5.000 и 10.000 борци. Ние мислиме дека оваа група функционира во Ирак, бидејќи ја има поддршката од припадниците на претходната власт од режимот на партијата БААС на Садам Хусеин и од некои поранешни команданти, воени лица и екстремни селефисти. Овие центри на моќ ја поддржуваат оваа милитантна група единствено поради фактот дека приврзаниците на БААС реално не нашле начин како да станат составен дел од модерната држава Ирак и да се дел од актуелната сегашна власт.
Дополнително, верувам дека виновник до одредена граница за настанатата лоша ситуација во Ирак можеби е и сегашниот ирачки естаблишмент. Владата во Багдад можеби со недоволно промислени политики и лоши потези во одредени сунитски провинции ја подгреа дополнително ситуацијата на теренот. Ние веруваме дека со креирањето нова влада во Ирак, која ќе треба да се формира идната недела и ќе биде широка и сеопфатна и во која ќе влезат сите засегнати страни, ќе можеме да се надеваме на решавање на настанатата ситуација.

Иран мисли дека со навремена интервенција на ирачката влада, проследена со добра организирана фатва добиена од поддршката на тамошните верските лидери, можно е отпорот против оваа група да биде подобар. Натаму, регионот верува во Владата во Багдад, која е демократски избрана и е способна да го реши својот внатрешен проблем. Ние сме сведоци дека сето ова што го говорам практично веќе се случува на терен и веќе почнува одлучна политика за соборување на овие групи.

Како гледа Техеран на барањата на ирачките власти за воена помош од страна на Иран за справување со радикалните исламисти што му се закануваат на Багдад?
- Владата во Иран негува политика што е против мешањето во внатрешните работи на суверените држави. Поради оваа констатација, Техеран силно верува дека ниту Иран ниту, пак, која било друга земја нема право и не би требало да се вмеша во внатрешните работи и случувања на другите земји. Ние мислиме дека Владата на Нури Ал Малики, проследена со поддршката на верските лидери на Ирак и на сунитите и на шиитите, има капацитет да се справи со сите безбедносни предизвици и екстремизмот.
Јас верувам дека ситуацијата во Ирак може дополнително да се подобри ако меѓународната заедница, изразена преку ОН и организацијата за исламска соработка, е поактивна во случувањата и тие навреме ѝ дадат поддршка со конкретни механизми на ирачката актуелна власт. Надоврзувајќи се на ова, доколку ирачката влада од нас побара помош што не би подразбирала воени активности, ние би се одзвале позитивно на барањето на нашиот сосед и би помогнале советодавно или во некоја друга форма.
НОВО СОЈУЗНИШТВО НА БЛИСКИОТ ИСТОК?

Првпат интересите на Вашингтон и на Техеран во поновата историја се наоѓаат на иста страна кога станува збор за кризата во Ирак. Можно ли е некое идно ново американско-иранско сојузништво?
- Важната улога што Иран ја има на Блискиот Исток е геополитички факт, што многу земји во светот го прифатија навреме во изминативе години. Од друга страна, неразбирањето на оваа важна улога во регионот на мојата земја беше видливо пред сѐ во кризата во Сирија. Па, кога се решаваа, условно кажано, проблемите на земјата во Женева, Иран не беше поканет да присуствува на преговорите. За жал, ова наше маргинализирање во овие збиднувања доведе до неуспех, а Иран можеби ќе можеше да помогне да не се влоши кризата во Сирија. Сегашното прифаќање на Западот на оваа важна улога што ја има Иран на Блискиот Исток можеби ќе помогне подобро да се решат збиднувањата во Ирак.
Како што знаете, по исламската револуција во Иран, односите меѓу Техеран и Вашингтон беа многу нарушени, па може слободно да се каже дека и во одредени ситуации тие беа сосема непријателски. Меѓутоа, сега можам да заклучам дека има помрднување од овие односи кон подобро, а негативните тензии се намалија, особено откога на власт во САД дојде американскиот претседател Барак Обама. Сега, кога сите заедно сме исправени пред нови предизвици, можеби може да се каже дека е можно да се роди едно такво ново партнерство меѓу Иран и САД. Но додавам дека треба многу да се работи за да се стекне меѓусебната доверба меѓу властите во двете земји и да се гледаме од иста позиција, со заемно почитување и еднакви права.



Војните во регионот ја истераа толеранцијата и соживотот


Што значат војните во Ирак и во Сирија за односите меѓу сунитите и шиитите во муслиманскиот свет?
- Јас верувам дека активноста на оваа екстремистичка група и војните во Сирија и во Ирак не се резултат од постоењето на недоразбирањата меѓу сунитите и шиитите во исламскиот свет. Доказ за ова мое тврдење е постоењето на толеранцијата и соживотот пред да се разгорат војните во овие земји. За пример може да се земе и самиот Ирак уште од времето на претходниот режим на Садам Хусеин, кога во таква една земја без проблем заедно живееја сунитите и шиитите. Ние мислиме дека виновник за денешните немили случувања во Ирак и во Сирија пред сѐ се некои екстремистички струи на Западот и на ционистите. Токму овие центри на моќ што ги споменав, особено последните, секогаш се во потрага во регионот на Блискиот Исток да постојат недоразбирања и конфликти меѓу земјите за да ги покриваат нивните злосторства. Затоа велам дека меѓу завојуваните никој реално нема никаква придобивка, а целата полза е кај оние што успеале да ги испровоцираат овие случувања, а тоа е пред сѐ ционистичкиот режим. Ова наше тврдење е поддржано од фактот дека една од главните цели на сите верски исламски лидери од целиот регион е да се поддржат процеси за спојување и да се направат напори за да се зближат, а не да се раздвојат муслиманите. Токму затоа верувам дека обединувањето и соработката меѓу исламските земји е главната цел на сите на Блискиот Исток и сигурен сум дека секој од нас сака да живее во еден стабилен, мирен, силен и позитивен регион. Во ова мое тврдење дополнително сум уверен бидејќи знам дека исламот е вера на мирот, вера на соработката, толеранцијата и на соживотот со сите луѓе. А токму овие постулати на исламот не им одговараат на непријателите на мирот и стабилноста на регионот и се обидуваат преку војни и безредија со поддржување на екстремистички групи да го нарушат имиџот на исламот. Овие екстремисти или терористи свесно или несвесно ги остваруваат целите на ционистите, бидејќи во својата основа тие војуваат нечесно. Доколку ги погледнете снимките на ИДИЛ што ги ставаат на Интернет, ќе видите дека тие вршат масакри врз недолжни цивили и убиваат невини жени, млади и деца. Па затоа со сигурност велам дека оној што себеси се нарекува муслиман, без разлика дали е шиит или сунит, едноставно не може да ги извршува овие недела. Ваквите акти против човештвото, не само од муслиманите, се осудени од сите вери во светот.
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.376
Поени од реакции
19.988

Kajgana Shop

На врв Bottom