Во ниеден поглед не можеш да ги споредуваш Иран и Ал-Каеда,самиот убаво си пиша дека држава и постоечка терористичка организација немаат никакви заеднички елементи за да можеш да направиш споредба меѓу нив.Уште повеќе што Иран се разликува и во секој поглед се издвојува од арапскиот свет,клучната разлика и најважен момент на разединување е токму религијата,т.е.верската нетолеранција помеѓу сунитите и шиитите,не знам дали и колку ти е познат фактот дека постои огромна омраза помеѓу припадниците на овие две најголеми исламски деноминации.Секако дека не смееме да ја заборавиме и персиската култура,старите персиски империи кои постоеле уште пред времето на Христа,сума сумарум Иран е земја стара преку 2500 години во континуитет,придонесот на Персија во науката и уметноста,впрочем и денес сме сведоци на нивото на техничко-технолошки развој во Иран.Не можеме да го занемариме фактот дека сите дела и акти на Ал-Каеда досега беа во интерес и служба на САД за да можат преку наивни оправдувања и приказни од типот на Осама и пештерските пилоти,9/11,да ја спроведуваат својата политика.Јас ама баш во ниеден сегмент не гледам некоја сличност помеѓу Иран и Ал-Каеда,а на местово на вториве вметни ја која сакаш арапска држава,сеедно.Едно е јасно,а тоа е дека Иран има огромен потенцијал во секое поле и очигледно дека постојат структури на кои тоа им пречи и сакаат да го сменат во иднина,но тешко дека ќе им успее.
Пак ќе повторам,несомнено дека САД е можеби единствена светска воена сила но сепак Иран навистина е поинаква од сите останати приказна,која за Американците може да има и несреќен крај.
Тоа што Иран ги помагаше Хамас(мислам дека во последно време односите им се заладени),не е никаков знак на љубов на Иранците кон Палестинците или сунизмот и не значи дека следен чекор е сојуз на Иран со Ал-Каеда или со нивниот главен покровител,КСА.Сето тоа можеме да го наречеме војна во сенка против Израел,исто како што Израел ги помага Курдите во Турција или Турција кога го помага Хамас и Палестинците.Тоа не е од преголема и романтична љубов,се е тоа во служба на интересот,исто како и подршката на Иран на легитимно избран режим во иднина,секако доколку тој режим им остане и натака верен сојузник како што беше Асад,бидејќи за Иран Сирија е важна алка,ако не и најважна во оската Иран-Сирија-Хезболах(Либан),оската која е најголема закана за Израел.