Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Без навреда, ама целосно си ги замешал работите....работата е како ќе постапат Русија и Иран, Русија мислам дека ќе гледа колку може одстрана да помага, ваљда ќе ги бонбардира само добрите терористи...
И да надоплонам, како што Русија искористи тоа што западот е во хаос поради катастрофалното справување со короната, така и Турција ако ја пропушти оваа шанса нова ќе нема, каква шанса има?, па САД и западот не се во ситуација да воведат било какви санкции, ако воведат ќе ја изгубат Турција за долго време (а можеби и засекогаш), Русија не смее директно да интервенира, останува Иран на кој му се закануваат со воена интервенција поради нуклеарната програма, значи сега е моментот.
Ништо не сум замешал.Без навреда, ама целосно си ги замешал работите.
- САД и ЕУ со око нема да трепнат ако Турција ја нападне Сирија, напротив слободно сметај дека ќе бидат договорени и ќе имаат целосна поддршка, медиумска и логистичка/воена и секаква. Ќе направат некој филм, воведување демократија, спречување на цивилни страдања, итн. Овој развој би бил dream case сценарио за САД.
- Иран дали ќе или нема да реагира воено во ваков случај, ама баш ништо нема да смени на макро план за политиката на САД кон нив. Воедно ако одиш во оваа насока тука не можеш а да не вметнеш во равенката и (големата) варијабла наречена Израел. Иран скоро сигирно ќе реагира, освен ако не им испорачаат нешто многу големо ама со голема задршка дека Иранците се толку пати излажани во договорите со западот да не знам што треба да се случи за да им веруваат на било каков договор.
- Русија нема шанси да не реагира целосно и посветено против Турција во случај на напад на Сирија од вторава. Уште еднаш: Русија ќе реагира воено.
Ова слободно можеш во крпче да го врзеш.
Сирија е браната која спречува гасоводи од Персискиот залив кон ЕУ. Гасоводи од Персискиот залив кон ЕУ е еднакво на најсилното можно економско оружје на САД против Русија. Затоа САД ја направи војната во Сирија кога Асад одби изградба на катарски гасовод. Затоа Русија интервенираше воено, затоа што опстанокот на Сирија е опстанок за Русија... Нема никаква шанса Русија да не реагира во ваков теоретски случај каков анализираш. Баш никаква шанса нема Русија да биде пасивна. Ова го знаат Турција многу добро, и затоа нема да има војна Турција - Сирија. Пошто Турција ни со помош на САД и ЕУ нема шанси против Русија, а Ердоган е сѐ ама не е глуп.
Па тоа се случува со години веќе, и не само во Сирија туку и во Ирак Турција војува против Курдите.Да не мислеш дека Турција ќе оди да ја освојува цела Сирија, нема ако има интервенција тоа ќе биде главно на територија каде моментално се курдите, ако се реши на напад од поголеми размери верувај дека сигурно ќе се вклучи Иран, но и Египет (од каде Египет, ако незнаеш слабо следиш), финансиери можат да бидат дури и нафташите кој не ја сакаат Турција.
Така е, кога Асад ги одби Арапите (читај, Америте) тогаш му се случи обид за обоена револуција и кога тоа не успеа, војна.Војната во Сирија започна поради тоа што Асад сакаше да се гради ирански гасовод место катарски,
јасно ни е дека Русија интервенира за да нема катарски, ама доби да нема ни ирански во догледно време (а можеби и никогаш).
Подвлеченото е неточно.Информациите се дека извршиле масивен воздушен напад на курдите, за копнена мислам дека не се спремни и иранците демек ќе упагале у Ирак, што значи курдите се ептен ебена страна, амерот нема да мрдне со прст.
Под немрдање со прст мислев дека нема да и помогнат, а тоа дека се мешаат во се секој знае дека е така.Подвлеченото е неточно.
Случувањата во Иран, исто како и во Сирија (и повеќето други војни и несреќи), се предизвикани од токму од Америте. Затоа да не си осудил пак да ги обвинуваш за „немрдање со прст“ - буквално се што прават е предизвикување војни и човечки страдања.
Извор?!Удриле Турците по Америчка база во Сирија.