Конфликтот во Сирија

Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
Bajden mu se xakani ma Erdo da ne ja napaga Sorija, ke se suptostavi Usa voeno:cool:
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
^Такво нешто не гледаш во скоро време, Турција е преважна да ја имаат на своја страна, кога пред некоја година Трамп не мрдна со прстот за курдите, сега нема ни санкции да и воведат.

Утре тројцата цареви од истокот (според некој диктатори) ќе имаат средба во Техеран на која ќе дискутираат како да ја доебат Сирија.

Да беше пред пола година ќе знаев што ќе се договореа, вака по промената на ситуацијата во светот работата е помалку предвидлива.

Турција најавува нова акција против курдите веќе неколку месеци и колку можев да забележам не трупаше нова воена опрема како што тоа го правеше кога беа претходните 2 акции, во последните недели САА е таа која ги зајакнуваше позициите, па дури и пред некој ден номплетно и беше препуштена контролата во Тел Рифат.

Хм, дали ќе има нова акција претпоставувам зависи што ќе се договорат, иако навидум Русија и Иран се на иста страна сепак имаат различни планови, Русија прати нови 500 војници во Камишли и веројатно нема намера да се повлече од таму, напротив Турција не го ни бара тој дел, најавата беше дека ќе има акција во Тел Рифат, Манџиб (Манбиџ како ли е правилно господ знае), Кобане, Ајн Иса па се до Рака.

Значи ако има конфронтација Турција-Курди се знае дека ќе бидат смачкани, ако има Турција-САА, пак се очекува Турција да победи, ама Тенеке ќе има многу работа со покажување видеа од уништени турски тенкови, работата е како ќе постапат Русија и Иран, Русија мислам дека ќе гледа колку може одстрана да помага, ваљда ќе ги бонбардира само добрите терористи, а ако случајно погоди турски војници ќе се прават како ништо да не се случило (како што беше во Идлиб кога руски авион спржи 40-тина турски војници, сите знаат дека е руски авион, ама беше окривена САА),сепак мислам дека нема многу да се вклучи, па можда и ќе трампа нешто од Сирија за Украина.

Иран има воен пакт со Сирија и нели воен напад врз Сирија е напад врз Иран, јас баш не очекувам да се активира тој пакт, ама можеби ќе прати и свој војници на терен, сега многу ги мешаат иранските паравоени формации со тоа што мислат дека тоа е иранска војска, НЕ, тоа обично се локалци кој ги финансира Иран+ нели од останатите земји, Хезболах од Либан, ПМУ од Ирак, сигурно има и од Иран ама не се официјална војска, така да очекувам Иран да ја има клучната улога дали ќе има или ќе нема нова воена операција во Сирија и до каде ќе може да влезе Турција.
Автоматски споено мислење:

И да надоплонам, како што Русија искористи тоа што западот е во хаос поради катастрофалното справување со короната, така и Турција ако ја пропушти оваа шанса нова ќе нема, каква шанса има?, па САД и западот не се во ситуација да воведат било какви санкции, ако воведат ќе ја изгубат Турција за долго време (а можеби и засекогаш), Русија не смее директно да интервенира, останува Иран на кој му се закануваат со воена интервенција поради нуклеарната програма, значи сега е моментот.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.518
Поени од реакции
26.007
Ако војуваат Иран и Турција во Сирија, веќе имаме регионална војна.

Мада јас не верувам, пошто така значи Ердо одбрал страна. Јас мислам ќе одржува мир Ердо, колку што може. Иран се опасни..
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
...работата е како ќе постапат Русија и Иран, Русија мислам дека ќе гледа колку може одстрана да помага, ваљда ќе ги бонбардира само добрите терористи...
И да надоплонам, како што Русија искористи тоа што западот е во хаос поради катастрофалното справување со короната, така и Турција ако ја пропушти оваа шанса нова ќе нема, каква шанса има?, па САД и западот не се во ситуација да воведат било какви санкции, ако воведат ќе ја изгубат Турција за долго време (а можеби и засекогаш), Русија не смее директно да интервенира, останува Иран на кој му се закануваат со воена интервенција поради нуклеарната програма, значи сега е моментот.
Без навреда, ама целосно си ги замешал работите.

- САД и ЕУ со око нема да трепнат ако Турција ја нападне Сирија, напротив слободно сметај дека ќе бидат договорени и ќе имаат целосна поддршка, медиумска и логистичка/воена и секаква. Ќе направат некој филм, воведување демократија, спречување на цивилни страдања, итн. Овој развој би бил dream case сценарио за САД.
- Иран дали ќе или нема да реагира воено во ваков случај, ама баш ништо нема да смени на макро план за политиката на САД кон нив. Воедно ако одиш во оваа насока тука не можеш а да не вметнеш во равенката и (големата) варијабла наречена Израел. Иран скоро сигирно ќе реагира, освен ако не им испорачаат нешто многу големо ама со голема задршка дека Иранците се толку пати излажани во договорите со западот да не знам што треба да се случи за да им веруваат на било каков договор.
- Русија нема шанси да не реагира целосно и посветено против Турција во случај на напад на Сирија од вторава. Уште еднаш: Русија ќе реагира воено.

Ова слободно можеш во крпче да го врзеш.
Сирија е браната која спречува гасоводи од Персискиот залив кон ЕУ. Гасоводи од Персискиот залив кон ЕУ е еднакво на најсилното можно економско оружје на САД против Русија. Затоа САД ја направи војната во Сирија кога Асад одби изградба на катарски гасовод. Затоа Русија интервенираше воено, затоа што опстанокот на Сирија е опстанок за Русија... Нема никаква шанса Русија да не реагира во ваков теоретски случај каков анализираш. Баш никаква шанса нема Русија да биде пасивна. Ова го знаат Турција многу добро, и затоа нема да има војна Турција - Сирија. Пошто Турција ни со помош на САД и ЕУ нема шанси против Русија, а Ердоган е сѐ ама не е глуп.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.070
Поени од реакции
22.102
turcija vo sirija edino saka malku kurdite da gi maltretira, sto im odgovara na site osven amerite. nitu ke ima vojna so asad i sirija nitu so iran, celta e site da udrat na kurdite i da gi trgnat poslednite amercki bazi od sirija.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Без навреда, ама целосно си ги замешал работите.

- САД и ЕУ со око нема да трепнат ако Турција ја нападне Сирија, напротив слободно сметај дека ќе бидат договорени и ќе имаат целосна поддршка, медиумска и логистичка/воена и секаква. Ќе направат некој филм, воведување демократија, спречување на цивилни страдања, итн. Овој развој би бил dream case сценарио за САД.
- Иран дали ќе или нема да реагира воено во ваков случај, ама баш ништо нема да смени на макро план за политиката на САД кон нив. Воедно ако одиш во оваа насока тука не можеш а да не вметнеш во равенката и (големата) варијабла наречена Израел. Иран скоро сигирно ќе реагира, освен ако не им испорачаат нешто многу големо ама со голема задршка дека Иранците се толку пати излажани во договорите со западот да не знам што треба да се случи за да им веруваат на било каков договор.
- Русија нема шанси да не реагира целосно и посветено против Турција во случај на напад на Сирија од вторава. Уште еднаш: Русија ќе реагира воено.

Ова слободно можеш во крпче да го врзеш.
Сирија е браната која спречува гасоводи од Персискиот залив кон ЕУ. Гасоводи од Персискиот залив кон ЕУ е еднакво на најсилното можно економско оружје на САД против Русија. Затоа САД ја направи војната во Сирија кога Асад одби изградба на катарски гасовод. Затоа Русија интервенираше воено, затоа што опстанокот на Сирија е опстанок за Русија... Нема никаква шанса Русија да не реагира во ваков теоретски случај каков анализираш. Баш никаква шанса нема Русија да биде пасивна. Ова го знаат Турција многу добро, и затоа нема да има војна Турција - Сирија. Пошто Турција ни со помош на САД и ЕУ нема шанси против Русија, а Ердоган е сѐ ама не е глуп.
Ништо не сум замешал.

- Јасно е како ден дека САД и ЕУ нема да мрднат со прст и дури нема ни санкции да воведат (претходните два пати воведоа некој санкции за оружје и сл).
- Иран е единствениот голем играч кој има свој прокси војници на терен и кој е слободен да војува, САД и Израел можеби само ќе го нападнат нуклеарниот комплекс, да пратат милион војници не верувам, со напад на Иран, сугурно ќе го затвори Ормутскиот теснец и нафтата ќе одлета у небо и ќе мора да купуваат руска нафта по 1000 долари и кога да видеш напад во скоро време не се очекува (ама ај да видеме и така светот оди во к*рац).
- Можеби тоа е само твое размислување, Русија нема шанси да интервенира во смисил да бонбардира турски позиции, може само добрите терористи, пази малку Русија беше таа која сакаше примирје по конфронтацијата во Идлиб, што укажува дека планирала добри односи со Турција во иднина, т.е. сега.

Дали ќе нападне Турција незнам, операцијата ја најавуваа неколку месеци, ама немаше некое особено трупање на војска, повеќе се рекламираа добрите терористи дека еве само што не тргнале, на самитот во Техеран нема некоја јасна слика.

Војната во Сирија започна поради тоа што Асад сакаше да се гради ирански гасовод место катарски,
јасно ни е дека Русија интервенира за да нема катарски, ама доби да нема ни ирански во догледно време (а можеби и никогаш).

Да не мислеш дека Турција ќе оди да ја освојува цела Сирија, нема ако има интервенција тоа ќе биде главно на територија каде моментално се курдите, ако се реши на напад од поголеми размери верувај дека сигурно ќе се вклучи Иран, но и Египет (од каде Египет, ако незнаеш слабо следиш), финансиери можат да бидат дури и нафташите кој не ја сакаат Турција.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Да не мислеш дека Турција ќе оди да ја освојува цела Сирија, нема ако има интервенција тоа ќе биде главно на територија каде моментално се курдите, ако се реши на напад од поголеми размери верувај дека сигурно ќе се вклучи Иран, но и Египет (од каде Египет, ако незнаеш слабо следиш), финансиери можат да бидат дури и нафташите кој не ја сакаат Турција.
Па тоа се случува со години веќе, и не само во Сирија туку и во Ирак Турција војува против Курдите.
Ти рече Турција отворено да ја нападне Сирија, што би му дошло отворено напаѓање сиријски цели и сиријска војска. Ова како што реков би значело директно руско вмешување.

Војната во Сирија започна поради тоа што Асад сакаше да се гради ирански гасовод место катарски,
јасно ни е дека Русија интервенира за да нема катарски, ама доби да нема ни ирански во догледно време (а можеби и никогаш).
Така е, кога Асад ги одби Арапите (читај, Америте) тогаш му се случи обид за обоена револуција и кога тоа не успеа, војна.
Точно е и дека Русија најмногу доби во ситуацијата, ама вмешувањето тогаш (без проектили на хиперсонична технологија) беше гамбит. Успешен гамбит, ама и ризичен гамбит. Воедно Русите знаеја дека Израел нема да им дозволи на САД да ги затоплате односит со Иран и дека ќе треба воено да влезат ако (кога) САД започнат агресија, на Асад секако му биле дадени такви гаранции.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Почна бомбардирањето, штета што утре не работевме, ќе и опневме санкции на Турција.

Која е бе она да напаѓа не една туку две суверени држави, сега треба најјаката воена опрема да се прати под итно.

Информациите се дека извршиле масивен воздушен напад на курдите, за копнена мислам дека не се спремни и иранците демек ќе упагале у Ирак, што значи курдите се ептен ебена страна, амерот нема да мрдне со прст.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Информациите се дека извршиле масивен воздушен напад на курдите, за копнена мислам дека не се спремни и иранците демек ќе упагале у Ирак, што значи курдите се ептен ебена страна, амерот нема да мрдне со прст.
Подвлеченото е неточно.
Случувањата во Иран, исто како и во Сирија (и повеќето други војни и несреќи), се предизвикани од токму од Америте. Затоа да не си осудил пак да ги обвинуваш за „немрдање со прст“ - буквално се што прават е предизвикување војни и човечки страдања.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.061
Поени од реакции
3.202
Подвлеченото е неточно.
Случувањата во Иран, исто како и во Сирија (и повеќето други војни и несреќи), се предизвикани од токму од Америте. Затоа да не си осудил пак да ги обвинуваш за „немрдање со прст“ - буквално се што прават е предизвикување војни и човечки страдања.
Под немрдање со прст мислев дека нема да и помогнат, а тоа дека се мешаат во се секој знае дека е така.

Курдите немаат никакво посериозно вооружување, немаат авијација, немаат ПВО, немаат тенкови ни оклопни транспортери, имаат од оние америчките џипчиња кој се лесно оклопни, најјакото и е Тојота со миторлез.

Амерот нема да ги помогне многу и против Иран, оти тоа оружје може да заврши против Турција, а Турција е многу побитна од глупите курди кој единствено и служат да прават проблеми во повеќе земји.
 

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
5.861
Поени од реакции
10.906
Удриле Турците по Америчка база во Сирија.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom