Тоа е историската перспектива.
Денес покрај традиционалната Сунити-шииите, во самиот сунитски блок имаш поделба на про и анти муслиманско братство. Во про делот се Турција, Катар, Хамас, ГНА во Либија. Во анти братство се сите останати земји од арапскиот полуостров, Египет, ЛНА на Хафтар во Либија.
Братството е пуританска исламистичка организација, каде што исламот е на прво место. Историскиот однос на Саудијците со братството е комплицирано, од максимално пријателско за време на основањето на братството и после тоа владеењето на крал Фајсал па се до максимално непријателство сега. На крајот на денот кралството е политичка организација и покрај тоа што делува дека се максимално посветени муслимани за нив религијата е само инструмент. На пример за време на иранската револуција, братството било за Хомеини бидејќи е муслиман додека за кралството подемот на Хоменини објективно бил сметан за опасност. За време на првите напади врз Садам од стариот Буш, Саудијците од прагматични причини им дале на амеркианците отворени раце за користење на територија на што братсвото по муслиманска линија остро се спортиставило. Реалано е да имаш противник кој ќе јаде дел од колачот и со кој ќе се натпреваруваш, многу поголема опасност те демне од оној којшто сака да земе од твојот дел од колачот. За Саудијците најголем интерен непријател се токму припадниците на братството, 20 и кусур години гледаат да ги задушат максимално. Затоа што и тие и тие промовираат сунитски радикализам и сакаат контрола. Нешто слично како во Турција каде Ердоган цел време секој втор говор му е не против кемалистите како опонент туку против Ѓулен кој е реално и негова најголема внатрешна закана, затоа што само тој може да му парира во муслиманство и да го собори меѓу неговите.
За ова можам уште многу да зборам ама ќе одам многу оф топик. Зборот ми е да останеше Морси на власт, сега заедно со Ердоган ќе беа ортаци во Либија против Хафтар, погледни ги само релациите Турција-Египет додека беше Морси претседател. Ако во Саудиска Арабија дојде братството на власт хипотетички нели, Ердоган ќе слави како лично он да е на чело во Ријад. Само он и Катар останаа да ги бранат палестинците и Хамас, саудијците преќутно имаат дигнато раце од нив, а испод маса имаат и некакви договори со Израел затоа што во јавност мора да ги мразат евреите како "прави муслимани".
The long read: After decades of hostility, a shared hatred of Iran – and a mutual fondness for Trump – is bringing Israel’s secret links with Gulf kingdoms out into the open
www.theguardian.com
Влажниот сон на Ердоган беше доминација во исламскиот свет. А бидејќи не може да оди по линија на национализам оти се арапи одеше на карта сунитски ислам, Муслиманско Братство беше логичен избор.
Ама иако во главно сум реалист со блага жичка према песимизам, изгледа играњето на карта ние сме сите браќа муслимани е при крај.
Бин Салман е решен да ја модернизира КСА, ставил кина и концерти, им даде на жени да возат и сами да можат да вадат пасоши и да се движат односно го укина male guardianship-от, ја укина скроз религиозната полиција која тепаше со камшици ако ти се гледа нокт на нога и слично и се ова драстично се дешава во последниве 3-4 години. Плус од октомври воведе туристичка виза, до сега туристичките посети беа строго дозволувани и сака да имплементира Визија 2030 каде што ќе инвестира во туризам и обновливи извори на сметка на зависност на нафта. Ова го прави од практична причина 70% од популацијата е испод 30 години и сега со протокот на информации преку интернет скурца им е од оџи, молења, читање Куран по 20 саати на ден и останати шиптaросувања. Али се тоа на сметка на негодивање од традиционалните вахабисти кои преку овие потези кои ги гледаат како ширење на богохулие од страна на монархот им се нуди шанса за дејствување како и затегнување на односи со ал Шеик фамилијата, потомците на Мухамед ал Вахаб од каде што и потекнува вахабизмот како движење кои пред неколку веков склучил пакт со предокот на сегашниот монарх заедно да владеат во арабскиот полуостров со тоа што едниов ќе господари со световната власт како крал, а другиов со религиските прашања како апсолутистички поглавар на целокупното муслиманско население. Е сега тој брак од интерес што траел толку години е скоро па во финална фаза развој, бин Салман сака да прави копи-пејст на Дубаи со кокаини, курви, и шампњско во светата земја. И тука е таа идеолошка карта Турција-Саудиска Арабија и Муслиманско братство како третата страна од триаголникот.
Да ми кажаше пред 10 години дека ќе навивам за блок предводен од Саудиска Арабија против блок предводен од Турција.
А тек па да биде иронијата најголема османлиите тогаш биле полабави муслимани од арапиве на полуостровов и дури го заклале предокот на сегашниов крал бин Салман дур му свиреле музика за инат, пошто овој бил радикален муслиман и сметал дека музиката е харам и голем грев.
Prior to his execution, bin Saud, a
Wahhabi who forbade to listen music, was forced to listen to the
lute.
[3]
Прочитај ја статијата кратка е
en.wikipedia.org
Во главно сакав да кажам причините се повеќе политички и базирани на идеолошка прагма корелација и односи меѓу државите на блискиот исток, а не толку историски.
А требаше 5 реченици да пишам.