Не сум упатен во Сириските состојби, ако некој ја следи состојбата нека ја објасни моменталната позиција на курдите во Сирија, со кој се во сојуз и против кого се борат.... толку е конфузно што изгледа дека таму секој е против секој...
Курдите моментално се наклонети кон Асад, ама никој не ги смета за некаков фактор, Американците се виде колку ги беше гајле за нив, турците ги неќат и кога ќе и текне ги бомбардираат, а од Асад сакаат преку леб погача, ситуација статус сково и мислам ќе се решава по Идлиб.
Нели Сирија имаше С-400 од Русија. Како влегоја турските воени авиони во Сирија да бомбардираат све живо и диво.?
Ти го правеш како Идлиб да се наоѓа на границата со Јордан па им требало да влезат, Идлиб градот ми се чини дека е 30км, а оној дел фронтовската линија дали има и 50км од границата, достапно за појака артилерија, а авионите ако не си знаел имаат ракети/бомби кој можат да ги испукаат 100-тина километри подалеку.
Одамна немам пишувано, па малку да напишам мое видување.
Мислам дека Ердо се заеба што влезе во авантурата во Идлиб, он првично мислеше да си направи некоја зона како што направи во Африн, АлБаб и оној дел кај Тел Абад и Рас Ал Ејн и потоа нормално да пукне од фалење дома, ама се заеба во проценката, се виде дека САА е одлучна да го исчисти целиот дел, имаше некој понуди за Турција од 10-15км до границата да остане терористичка зона, ама нормално беше одбиена, таква зона е тотално бескорисна, планински масив со небитни селца.
Онаа што мислам дека требаше да го направи Турција е да ги пратеше добрите терористи да изгинат дел во Идлиб другиот дел во Либија (мислам дека има 3к ама премалку за вкупнот број) и така ќе се спасеше од нив, пота можеше да бара некаков посебен статус во оние освоените региони (налик на Ј. Осетиа и Абхазија) да бидат дел од Сирија ама контролата дефакто на Турција, понатаму многу лесно ќе беше вклучен и во решавањето на курдското прашање, да нема никаква автономија, да се разоружат курдите и сл.
Сега ептен се заплетка и јас навистина незнам како ќе заврши ова, несмее да се повлече оти ќе изгледа како пи*ка, а да почне воена операција којзнае до каков воен конфликт ќе настане, реални да бидеме никој норамлен нема да го подржи Ердо во неговата авантура, зборувам за обичниот човек било каде во светот, НАТО т.е. САД можеби ќе даваат опрема и сл. не оти го сакат Ердо туку дај ја дотепаат и онака утепаната Сирија.
Всушност се зависи од Ердо, а на него ситуацијата му е магаре да му го бапне или змија да го апне.
П.С. И уште нешто, војнава во Сирија е скоро 10г, а на сликите видеата што ги покажуваат патиштата имаат помалку дупки од нашите, до клима ли е до што ли е којзнае.