Конфликтот во Сирија

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
https://off.net.mk/vesti/svet/kakva-beshe-sirija-pred-vojnata

Каква беше Сирија пред војната?

17 Февруари 2018 - 15:51

Се навршува седмата година од војната во Сирија која комплетно го смени лицето на таа земја и го запусте тој јаден народ. Оној Башар ал Асад ни оддалеку не е демократ од скандинавски калибар, но...



Без многу хронологија, само два датума: Асад доаѓа на власт во 2000 година, војната започнува пролетта 2011.

Само една година пред „вишите инстанци“ да решат дека „Асад е диктатор со кој не може да се преговара“, Њујорк Тајмс ја прогласува Сирија за седма најпожелна туристичка дестинација во светот. Не само фасцинантните плажи во Тартус и Латакија, тука се бројните древни градови заштитени од Унеско, живите пазари, сочувани остатоци од римската империја... Дамаск е прогласен за арапски град на културата а сириската храна во бројните ресторани, фурни и слаткарници од сега уништениот Алепо се сметала за убедливо најдобрата храна на Блискиот исток. Сирија од туризам таа година укнижува 8,6 милијарди долари и ја посетуваат повеќе туристи (8,5 милиони) отколку Австралија (5,6 милиони).

Уште една година порано, во 2009-та, CNN прави сондажа во неколку држави на Блискиот исток за најпопуларен политичар во регионот и на неа победува Асад, со 66% од гласовите.

Непосредно пред војната, Сирија брои 22 милиона жители кои по многу работи се слични на оние кои живеат во развиените западни земји. Музика, спорт и мода се едни од најпопуларните разоноди а во 2010 на Интернет Сиријците најмногу пребарувале Арапски идол, бодибилдинг, летна мода и Мајли Сајрус. Истата година во земјата концерт имаат Горилаз, а на Јутјуб меѓу најгледаните видеа се оние со фудбалскиот клуб Барселона.

Сирија е изворно мултикултурно и мултиконфесионално општество во кое со векови има органски соживот меѓу различните фракции на христијаните (римокатолици, православци, протестанти, гркокатолици), муслиманите (сунити, шиити, алавити), Евреи и други верски заедници. Дури пет поглавари на римокатоличката црква се по потекло од Сирија а дури 10% од населението се христијани (во околните земји тој процент е околу еден). Во големите градови постојат многу места кои луѓето ги споделуваат без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност (различно од онаа најсељачка идеја која Фрчкоски евер ја понудил: да постојат две Македонии а „вмровци“ и “шарени“ да се раздвојат и да се знае кој каде пие кафе, јаде ќебапи, гледа претстава или се шиша).

Државата е секуларна, шеријатот е вон сила, забрането е да се продава ГМО храна, за жените не е задолжително да ги покриваат лицата и носат бурки.

Во периодот од 2000 до 2010, сирискиот БДП се утростручува. Истовремено, властите успеваат да го намалат односот на јавниот долг во однос на БДП на само 30%. Сирија во тој период се чини толку стабилна и економски жива, што после избивање на војната во Ирак во 2003, таа станува дестинација број еден за ирачките бегалци кои бараат засолниште од американската инвазија и последователната граѓанска војна. До 2012 година Асад прима околу еден милион ирачки бегалци.

Патем, Сирија поседува нафтени извори проценети на 2.500 милиони барели и гас од околу 240.700 кубни метри.

























Oва со бегалците од Ирак некако слично како кај нас.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
Ама ти и овој што го напишал не знаете дека имало суша во Сирија... затоа е војната... :pos:
А затоа велиш сите злосторства на таканаречените борци за слобода и демократија поддржани од страна на САД, поради сушата.

А јас цело време мислев дека се исламистички џихадисти.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
А затоа велиш сите злосторства на таканаречените борци за слобода и демократија поддржани од страна на САД, поради сушата.

А јас цело време мислев дека се исламистички џихадисти.
Да бе, заради сушата било, не знаеше? :pos:
 
B

Bafra

Гостин
Ама ти и овој што го напишал не знаете дека имало суша во Сирија... затоа е војната... :pos:
Повторно со твоите манипулации и вметнување на заклучоци :aplauz:
Ако не си прочитал како почнале немирите во Сирија за после да се прошири иди прочитај да не се срамиш со лошо дебатирање.

А па кога С400 ќе дојде во С.А. тешко на Америте :sakasuste:

Нели бе СО2 е штетно, нели си загрижен за планетата, зашто сеуште дишеш :D


Туку имаше на нет, после Сирија на ред е Израел крв да даде :anco:
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.684
Поени од реакции
42.271
Асад се договарал со курдите да влезе во Африн да ги одврати турците од северниот дел на Сирија, па после тоа да влезат во Ал Баб, делот што го држи Турција..
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Шо напраил во Источна Гута другар Асад?

По сите светски медиуми има снимки кај што вадат мртви деца од под урнатините.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
Шо напраил во Источна Гута другар Асад?

По сите светски медиуми има снимки кај што вадат мртви деца од под урнатините.
Значи готов е, уште плавиот Трамп да ги види сликите од мртвите деца под урнатините - Бог да ги прости - и веднаш ќе лансира нови томахавки против сириските воени бази.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.684
Поени од реакции
42.271
Шо напраил во Источна Гута другар Асад?

По сите светски медиуми има снимки кај што вадат мртви деца од под урнатините.
Чекаат трамп да се згрози и да лансира нови томахавки.
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.156
Поени од реакции
3.389
По еден месец, турците и нивните паравоени структури освоија премалку територија (според мене),

ситуацијата во Африн повеќе се компликува, влегла САА, ама тоа само на вестите во реалноста тоа се паравојските кој се борат на страната на Асад, официјалната сириска војска нема да делува таму, дали подоцна ќе отиде да помогне (или освои) не се знае,
оваа во Африн ми личи како да е договорено да си ги истребат своите паравојски на штета на курдите (малку и таму да разораат).

фронтот во Идлиб е во мирување, САА и голем дел од војската е во источен Дамаск и неколку дена по ред прават јако бомбардирање, се очекува да почне и копнена офанзива,

Трамп моментално е зафатен со местењето на изборите во Русија (од страната на Путин нормално:icon_mrgr:),
шала на страна ама сега сириското ПВО е уште позајакнато од порано,
почнаа поуспешно да ги рушат израелските ракети кој ги стрелаат изреалски авиони од либискиот воздушен простор, срушија авион и следните томахавки кој ќе ги истрела Трамп ќе имаат уште помал ефект од 50% како што имаа лани.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Шо напраил во Источна Гута другар Асад?

По сите светски медиуми има снимки кај што вадат мртви деца од под урнатините.
Еве ги и дежурните тролови со дневен ред за денеска: Да се фали Зајакот и Шекерната, да се плука Грујо и задолжително снимки од Гута кај што вадат мртви деца
Многу си смешен човече, си даваш прашање и одговараш.;)

Кај беше прошлата година кога САД ги срамни со земја Мусул и Рака, таму имаше многу повеќе цивилни жртви но никој не кажа да сопрат, а тебе те немаше на форумов со снимки. Интересен беше одговорот на САД за стотина цивилни жртви од бомбардирањата во град Мајадан "Па тоа се семејствата на членови на ИСИС"

После ослободувањето на 20% од Идлиб /аеродром Абу Духар/ за последниот месец Асад
главните сили ги дислоцира за ослободување на главниот град Дамаск, сега иде јако бомбардирање со авијација и артилерија, за некој ден ќе влезе и пешадијата.
Многу е смешно како плачат САД и еврогејовите и локалните тролови, имало цивилни жртви, хемиско оружје, да ја сопрел операцијата...
Жртви и сега има, но Асад и Русија гледаат да се колку може помалку, башка и си ја пазат инфраструктурата, колку може помалку да се разруши.
По картата се гледа дека околу 65 % се ниви, мислам дека ќе ги цепат на неколку делови, за крај ќе ги остават големите населби, главно е да се намали внатрешната логистика во енклавата, за населбите ќе е многу тешко, имаат јака подземна мрежа од тунели за придвижување, живеење и логистика.

На фронтот во Африн Ердоган ги ништи курдските терористи, по нивна информација околу 1500 ликвидирани. Таа територија не му треба, но и не смее да се создаде американско курдска држава, идат некакви преговори меѓу Асад и курдите, главното е Ердоган да ги "мотивира" курдите, да се откажат од тие проамерикански мераци, да си седат дома и живеат мирно, мислам дека треба уште малку бомбардирање за да им дојде памет во глава, да се разоружат и станат лојални граѓани на сириската држава.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.962
Поени од реакции
12.381
Чекаат трамп да се згрози и да лансира нови томахавки.
Уште да му текне на плавиот Трамп да ги види децата од Ирак, Јемен и некои други држави во кои САД увезуваа(т) слобода и демократија, па да видиме дали ќе му текне на американските генерали и офицери кои учестувале во тие воени операции да им лансира по некоја томахавка, бидејќи сепак за згрозување е да се видат деца како умираат од глад и болести во Јемен, исто како што за згрозување е и фактот дека едно од две деца родени во Фалуџа и други ирачки градови умираат пред да го дочекаат првиот роденден како резултат на американските бомбардирања со осиромашен ураниум кога Џорџ Буш Помладиот беше на власт помеѓу 2000 и 2008 година.

https://off.net.mk/vesti/mislenja/nema-pravda-na-ovoj-nash-svet

Нема правда на овој наш свет

21 Февруари 2018 - 12:27

Новинарите како мене кои тврдеа дека Ирак не поседува такво оружје беа избркани од работа или маргинализирани. Јас бев на црната листа на CNN откако Белата куќа им го наложи тоа. А сите „преститутки“ кои беа владини појачала за одење во војна, беа промовирани и величани. Добредојдовте во новите Советски медиуми.



Од неодамнешната собиранка на богатите од нафта Арапи во Кувајт, се ветија 30 милијарди долари за обнова на од војна разрушениот Ирак. Звучи фино но ваквите друштва се озлогласени по тоа што ветуваат многу ама даваат малку.


ЕРИК МАРГОЛИС

Настанот беше форматиран како помагање на Ирак од воените штети нанесени од Исис. А фактички, поголемиот дел од штетите направени во тој краткотраен конфликт беа предизвикани од американското бомбардирање и неколкуте руски воздушни напади. Исис, како што овој колумнист одамна плаче сам во пустина, се само тигар од хартија склопен од САД, Британија и Франција за да го оправдаат военото замешателство во Сирија.

Ирачката влада вели дека се потребни најмалку 88 милијарди долари за да се поправи штетата. Она што тој режим инсталиран од САД не сака да каже е дека разурнувањата во Ирак се многу поголеми од 88 милијарди и дека тие главно се дело на американската авијација во 1990-1991 и во 2003 година.

Ирак беше уништен, го видов тоа лично во годините кога ги покривав војните. Малата нација од 23-25 милиони души, од кои една третина секогаш ќе бидат против властите во Багдад, беше раздробена во урнатини од американските воздушни сили и нивните проектили. Прво во 1990-1991, а потоа и во 2003, сè што вредеше беше уништено на парчиња: болници, училишта, фабрики за храна, хемиски плантажи кои правеа инсектициди, мостови, комуникации. На кратко, сè што поседува една модерна држава.

За мене најстрашно беше што бомбардираа водоводи и канализации. Таквата деструкција резултираше со колера и други болести од кои најмногу страдаа децата. ОН проценија дека преку 550.000 ирачки деца починаа од затруена вода. Некогашната државна секретарка на САД, Медлин Олбрајт, сите тие изгубени животи ги подведе под грозоморната оценка „тоа беше цена која вредеше да се плати“.

Во 2003 година, војска од 900.000 луѓе водени од САД влегоа во Кувајт за да завршат со Ирак „работа која првиот Буш не ја заврши“ и да го сруши и линчува Садам Хусеин. Ако Садам имаше нуклеарна или какво било далекусежно биолошко оружје, натрупаната војска во Кувајт ќе му беше идеална мета.

Но, Садам немаше такво оружје, како што тогаш тврдеа САД и Велика Британија. Во Багдад открив група британски научни техничари пратени од британското министерство за одбрана, во Салман Пак да прават забранет биолошко оружје како што е антраксот, ама само против Иран, доколку избие втора иранско-ирачка војска.

Денес сите прифаќаат дека Ирак немал оружје за масовно уништување свртено кон Запад, како што тврдеа Буш и Блер. Но тоа беше алиби за да се влезе во војна против Ирак и да се уништи. Кога стана јасно дека такво оружје нема да се открие, од Вашингтон до Лондон приказната се смени во „Упс, разузнавачка грешка, извинете“.

Новинарите како мене кои тврдеа дека Ирак не поседува такво оружје беа избркани од работа или маргинализирани. Јас бев на црната листа на CNN откако Белата куќа им го наложи тоа. А сите „преститутки“ кои беа владини појачала за одење во војна, беа промовирани и величани. Добредојдовте во новите Советски медиуми.

Парите понудени од богатите залевски Арапи минатата недела се капка во море и главната намера им е колку -толку да го подготват Ирак за приклучување во новата анти-иранска алијанса.

Ако овој воен криминал беше прописно процесиран, Вашингтон ќе требаше да плати минимум 100 милијарди долари само за обнова на уништената физичка инфраструктура на Ирак, а и Иран ќе имаше право на отштета за агресијата во 1980-1988, период во кој таа земја имаше еден милион жртви.

„Упс, извинете што ви ја уништив земјата и децата“ не е доволно. Западните лидери кои ја конструираа војната против Ирак заслужуваат да се најдат пред лицето на правдата. Досега, мува не ги полази. А истата ужасна судбина потоа им се случи на Сирија, Јемен и делови на Сомалија. Сите ли овие катастрофи се разузнавачка грешка?

Ерик Марголис
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Ок, извинете што спомнав мртви деца. Како не ми е срам.

Ве молам продолжете со прославата, извинете уште еднаш за вознемирувањето.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.890
Поени од реакции
23.295
Ок, извинете што спомнав мртви деца. Како не ми е срам.

Ве молам продолжете со прославата, извинете уште еднаш за вознемирувањето.
Abe aman pa i ti ke se izvinuvas, toa ne se deca od zapadna evropa tuku tamu nekoj bezveze deca od nekoja zemja vo bliskiot istok. Krckaj si, na zapad mirno e. Koga tamu nekoe dete ke zagini obavezno slika da smenis na FB so i ti si Toj i toj( znaes de kako sto e vo moda vo znak na socuvstvo i poddrska) i togas da dojdis tuka i da gi spomenes.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.837
Поени од реакции
36.874
Abe aman pa i ti ke se izvinuvas, toa ne se deca od zapadna evropa tuku tamu nekoj bezveze deca od nekoja zemja vo bliskiot istok.
Плус Асад ги отепал. Штом Асад ги отепал тоа морало да се некои лоши дечишта. Општо е познато дека само САД убива деца а Асад го местат.

Огно да ме изгори кај спомнав таква клевета за човекот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom