Конфликтот во Сирија

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување
Курдиве добар отпор даваат засега во Африн, и во последните неколку дена се забележува зголемено користење (погодоци) со анти тенковски наведувачки ракети

И двете го зголемуваат влогот таму. На Курдите им стигнува појачување со војници од Манбиј и другите региони, а од друга страна ги евакуираат цивилите додека од Турска страна се најавувааат нови 3000-4000 војници очигледно гледаат дека не ги бива платениците на терен па мора да појачаат малку со војници од нивни редови
 
Воздушната надмоќ на Израел доведена под знак прашалник, пред неколку месеци им погодија и ф-35 лајтнинг, и израелците излегоа со извештај дека јато птици влегле во отворите за воздух кај моторите.
 
Беше знак прашалник кога ќе се случи ова. Сиријците веќе стрелаа еднаш неуспешно врз напаѓачки Израелски авиони.
Засега веројатно ќе извршуваат напади надвор од делувањето на Сириската ПВО кои ќе бидат помалку ефективни.

Патем, соборен хеликоптер и на Турците.
 
Беше знак прашалник кога ќе се случи ова. Сиријците веќе стрелаа еднаш неуспешно врз напаѓачки Израелски авиони.
Засега веројатно ќе извршуваат напади надвор од делувањето на Сириската ПВО кои ќе бидат помалку ефективни.

Патем, соборен хеликоптер и на Турците.

Мене ми личи дека Израелциве се вовлечени во заседа, изгледа иранскиот дрон е испратен со цел израелскава авијација вака да реагира.
 
За некој држави важи меѓународно право, за други не, пак се се сведува до нацизам, едни се богоизбран народ и може да прават се што сакат, истото важи и за нивните вазали предводници на глобализацијата.
Израел од 5 години врши агресија врз сириската држава, главно со ракетни и авионски напади, основна цел им се сириското ПВО, складови и напад врз сојузниците на Сирија-ирански војски и хизбула.
По меѓународно право секоја држава може да формира воен или политички сојуз со која сака држава. Како што има НАТО, ШОС и ред други локални меѓудржавни договори или сојузи, и Сирија има таков пакт со Русија , Иран и Хизбула.
Може да направиме споредба за за меѓународни санкции врз Русија за интервенцијата на Русија во Украина и Крим и интервенцијата на Израел, САД, Франција, Англија во Сирија. Реално не постои меѓународно право за фашистите-носители на глобализацијата.
За Израел е веќе јасно дека стои позади целата арабска пролет, иако досега успеваше да се камуфлира со по пасивно учество во војната, сега како последица од поразот на ИСИС и глобалистите има нов сојуз Сирија Иран којшто порано го немаше, сега плачат- несмеело да има Иранска армија во Сирија, уште 2-3 авиона да им бутнат и нема да летаат таму кај што не им е работа.
 
Мене ми личи дека Израелциве се вовлечени во заседа, изгледа иранскиот дрон е испратен со цел израелскава авијација вака да реагира.
Се сомневам. Дел од границата на Израел и Сирија е под контрола на џихадистите, па Ирански или Сириски дронови би биле секојдневие таму.
Не е ни првпат Израелците (и Американците) да пукаат врз Ирански дронови.
Битното е што од кога доби ветар во грб Асад со победувањето на ИД и останатите џихадисти, вооружувањето добиено од Русија и зголеменото Иранско воено присуство, почнува да покажува заби. Израелците имаа слобода да ги бомбардираат Хезболах, но тоа полека се сменува.
 
Израелски авион беше соборен, Турски хеликоптер беше соборен. Американците и нивните сојузници немат среќа некако во последно време. А исто и русите мислам дека и нивниот авион беше соборен во Сирија пред неколку дена.
 
Епа војна е, нормално дека ќе има жртви од сите страни. Некаде повеќе, некаде помалку.
 
https://off.net.mk/vesti/svet/kakva-beshe-sirija-pred-vojnata

Каква беше Сирија пред војната?

17 Февруари 2018 - 15:51

Се навршува седмата година од војната во Сирија која комплетно го смени лицето на таа земја и го запусте тој јаден народ. Оној Башар ал Асад ни оддалеку не е демократ од скандинавски калибар, но...

222129-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpeg


Без многу хронологија, само два датума: Асад доаѓа на власт во 2000 година, војната започнува пролетта 2011.

Само една година пред „вишите инстанци“ да решат дека „Асад е диктатор со кој не може да се преговара“, Њујорк Тајмс ја прогласува Сирија за седма најпожелна туристичка дестинација во светот. Не само фасцинантните плажи во Тартус и Латакија, тука се бројните древни градови заштитени од Унеско, живите пазари, сочувани остатоци од римската империја... Дамаск е прогласен за арапски град на културата а сириската храна во бројните ресторани, фурни и слаткарници од сега уништениот Алепо се сметала за убедливо најдобрата храна на Блискиот исток. Сирија од туризам таа година укнижува 8,6 милијарди долари и ја посетуваат повеќе туристи (8,5 милиони) отколку Австралија (5,6 милиони).

Уште една година порано, во 2009-та, CNN прави сондажа во неколку држави на Блискиот исток за најпопуларен политичар во регионот и на неа победува Асад, со 66% од гласовите.

Непосредно пред војната, Сирија брои 22 милиона жители кои по многу работи се слични на оние кои живеат во развиените западни земји. Музика, спорт и мода се едни од најпопуларните разоноди а во 2010 на Интернет Сиријците најмногу пребарувале Арапски идол, бодибилдинг, летна мода и Мајли Сајрус. Истата година во земјата концерт имаат Горилаз, а на Јутјуб меѓу најгледаните видеа се оние со фудбалскиот клуб Барселона.

Сирија е изворно мултикултурно и мултиконфесионално општество во кое со векови има органски соживот меѓу различните фракции на христијаните (римокатолици, православци, протестанти, гркокатолици), муслиманите (сунити, шиити, алавити), Евреи и други верски заедници. Дури пет поглавари на римокатоличката црква се по потекло од Сирија а дури 10% од населението се христијани (во околните земји тој процент е околу еден). Во големите градови постојат многу места кои луѓето ги споделуваат без разлика на нивната етничка, верска или политичка припадност (различно од онаа најсељачка идеја која Фрчкоски евер ја понудил: да постојат две Македонии а „вмровци“ и “шарени“ да се раздвојат и да се знае кој каде пие кафе, јаде ќебапи, гледа претстава или се шиша).

Државата е секуларна, шеријатот е вон сила, забрането е да се продава ГМО храна, за жените не е задолжително да ги покриваат лицата и носат бурки.

Во периодот од 2000 до 2010, сирискиот БДП се утростручува. Истовремено, властите успеваат да го намалат односот на јавниот долг во однос на БДП на само 30%. Сирија во тој период се чини толку стабилна и економски жива, што после избивање на војната во Ирак во 2003, таа станува дестинација број еден за ирачките бегалци кои бараат засолниште од американската инвазија и последователната граѓанска војна. До 2012 година Асад прима околу еден милион ирачки бегалци.

Патем, Сирија поседува нафтени извори проценети на 2.500 милиони барели и гас од околу 240.700 кубни метри.

222130-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg


222131-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg


222132-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg


222133-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg


222134-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg


222135-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg


222136-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg


222137-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg


222138-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg


222139-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg


222140-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg


222141-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg


222142-kakva-beshe-sirija-pred-vojnata.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom