- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Константин Велики е основач на официјалната црква во Константинопол во 4 век, која во 1054 година ќе се одвои од католичката црква и подоцна ќе се нарече "православна црква", а потоа ќе се подели национално на македонска, бугарски, грчка, српска.. православна црква - кои потоа, за што сме сведоци и ние, очите ќе си ги вадат едни со други.
Но, да се вратиме на коренот на овие цркви - Константин Велики.
Константин Велики е признат како светец во православните цркви. На него православните му упатуваат и молитви, а и во одреден ден од годината го слават.
Но кој бил навистина тој?
Прво, Константин бил паган кој од христијанската вера направил "христијанска" религија кога потоа ја злоупотребувал за своите политичко-воени цели.
Второ, Константин, и покрај заповедта на Исус Христос, одбивал да се крсти до последниот ден од својот живот. А кога дошол тој ден, бил крстен од Аријевскиот епископ Евзебије Никомедијски.
Трето, Константин го свикал еретичкиот собор во градот Тир (335г.) каде што било негирано Никејското верување и на кој собор бил осуден Атанасие Велики.
Четврто, Константин го прогонил Атанасие во Триер, далеку од Цариград.
Петто, Константин (со свечена церемонија) го примил назад во "црквата" еретикот Арије, оној истиот еретик кој го негирал Христовото божество. Но, Бог не дозволил оваа пародија да оди до бескрај, и еретикот починал на самата поворка, а по една година починал и неговиот приврзаник - Константин.
Шесто, Константин заповедал војниците да ставаат на штитовите крст и да војуваат во "Христовото Име", иако Новозаветното Христово учење не познава "војување во името на Христос", туку вели: "Љубете ги своите непријатели, молете се и благословувајте ги оние што ве гонат"!
Итн. Ете кој бил всушност основачот на Византиската црква која со векови подоцна ќе премине во комплекс од православни цркви. - паганскиот аријевец "свети" Константин.