Таман работа. Имам родител кој работи државна, и родител кој работи приватна работа, и добро правам споредби
Но, во приватен сектор спаѓаат и оние ,,пониските,, во своето образование и работна одговорност, зборувам во однос на трошоците за живеачка, 600 евра за доктор се ПРЕМАЛЦЕ. Специјалист треба да зема минимум 1000, а кај нас докторите кои работат во државни болници земаат околу 500-700 евра плата.
Најобичниот работник, еве чистачка нека е, ретко да зема повеќе 12-13 000 нето. Што е премалку, без оглед на нејзината работа. Премалку е затоа што со тие пари не може да ги покрие основните трошоци. Но, кога докторот зема 600, таа е нормално да зема 200. Кога докторот би земал 1000, таа би земала барем 400 евра, кои се доволно за пристојно да живее.
Во Македонија не се цени трудот. 600 евра, во однос на трошоците за живеачка, се смешна сума, посебно ако само тој квалитетниот е вработен, брачниот партнер не е, имаат 2 деца, со 600 евра, тешко би живееле квалитетно. Би живееле скромно. Што и баш не е некоја награда и признание за квалитетот и способноста