Конкурирал на 18 универзитети - 15 од нив му дале целосна стипендија

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Нема за НОВА целосна стипендија, има со процентуални попусти, плус даваат мислам 10-15% попуст ако и твој брат/сестра се упише таму и тоа е се. Се наплаќаат дури и шкафчињата што ги користиш за книгите. Е сеа дека е ѕверска гимназијата, си е, нема збор, ако учиш, те ставаат во групата со деца што учат исто и професорите се сконцентрирани да ти дадат квалитетно образование.
Тоа е голема грешка кај државниве средни училишта, кога ги делат децава по класови ги делат по сооднос машки - женски (мада и тоа е дискутабилно пошо во прва и втора во ЈБТ учев со уште 32 женски и 3 машки) и по оценки, да не испаднело еден клас да е со капацитети а еден клас вандалски. Е во НОВА е обратно, тие што највеќе учат се А клас/група, и како што оди подоле, се послаби ученици се. Затоа ја почитувам многу гимназијава, само дека е скапа, е скапа, 24.000 евра само за средно да дадеш..
 
R

Rigel Kent

Гостин
Ilumious интересно е ова со твојот клас 32 женски и 3 машки , како се снајдоа тие:D
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
http://kajgana.com/intervju-so-dr-vanja-josifovski-od-ibm-preku-yahoo-do-google-i-stenford
Еве за вакви треба да се зборува на телевизија, не за некој што се запишал на факултет.

Предава на Stanford...
http://explorecourses.stanford.edu/instructor?sunet=vanjaj
http://www.stanford.edu/class/msande239/#bios

Претходно работел во IBM и Yahoo, а моментално работи во Google.
http://www.linkedin.com/pub/vanja-josifovski/1/802/b25
 
Член од
24 март 2012
Мислења
137
Поени од реакции
119
Ова е нешто како мотивација на идните ученици кои завршуваат основно...
А исто така за оние кои размислуваа дека средното приватно е катастрофа, па еве очигледно не е така нели ?!
Детето можеби си има видни родители и роднини но тие нема да учат за него на факултет или не учеле за него во НОВА.
Блаво а детото....
А кога сме кај УКИМ, многу многггггггггггу големми луѓе се излезени од УКИМ
 
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.498
Поени од реакции
2.407
Jа прочитав цела тема, а заборавивте дека и на Корнел ќе треба да учи.:D
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.664
Поени од реакции
14.539
Може тебе Србиновски ништо не ти значи ама на некој му значи:

Проф. Д-р сци Елизабета Србиновска - специјалист интернист-кардиолог
Проф. Д-р сци Лазар Србиновски - специјалист интернист-кардиолог
Проф. Д-р Александра Србиновска - епидемиолог
Д-р Темелко Србиновски - оториноларинголог
Д-р Стеван Србиновски - стоматолог
Д-р Виолета Србиновска - интернист
итн


па за едно 10-15 год и Проф. Д-р сци Бојан Србиновски - неврохирург зш да не :) македонче си е македонче...
Да те цитирам пошто трескате ГЛУПОСТИ!

Третата личност ми е тетка, Србиновска и е презимето по бившиот и маж, Темелко т.е личноста под неа!

Taка да не гледам некоја СЕМЕЈНА ДИНАСТИЈА
 

Kajgana Shop

На врв Bottom