Конечно сфатив дека сум трезна веќе подолго време и дека вредноста не е нешто што може да се измери со метри и прсти, дека заслужувам да го живеам животот кој што го сонувам и да го видам и да го изгазам светот боса еднаш, да му се фрлам во раце за да го издишам така добро!
Заслужувам бре!
Тоа е она што морам да го сфатам, не е моја вина.
Не е моја вина.
Никогаш не било, само моја вина!
....дека против своја воља се форсирам да догледувам потенцијални Оскаровци само за да бидам во тек, кога срцето ми кажува дека најслаткиот сон би го имала за самото времетраење на филмот. :pos2:
... дека еден период во животот го поминав живеејќи преку среќата на другите околу мене, правејќи ги нив среќни, гледајќи ги само нив среќни.
Втор период се обидував јас да се направам среќна, со помош на луѓе- не ми успева.
Трет период не знам кој ќе биде и што ќе биде
Конечно сватив дека Б.... никогаш вистински не ме сакал.
Конечно сватив дека никогаш во таа врска не сум била скрос природна.
Конечно сватив дека ретки се луѓето што не те гледаат од корист.
Конечно сватив дека потресните ситуации од детството сега ги чувствувам најмногу.
Конечно сватив дека треба да бидам посериозна.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.