Acid
Frontman
- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 35.206
- Поени од реакции
- 34.443
iPhone е одлично џиџе (знаете дека официјален превод за gadget e „џиџе“?), но некако ми беше некомплетно без добра GPS навигација.
Знаеме дека Google Maps не бркаше работа затоа што мапите мораа да се симнат во вистинско време, па поради тоа беше потребна константна 3G конекција и добар интернет план (кој многумина го немаат), а да се користи интернет во друга земја (преку roaming) е лудост.
Ако имате користено Garmin на Nokia со AdriaRoute мапа знаеме што значи добар GPS клиент со детална мапа од Македонија. Но, Garmin тотално потфрли кога станува збор за iPhone и исфрли некоја глупа верзија со мапи само за Америка и Канада, кои (повторно) треба да се симнуваат во вистинско време додека возите...
Offmaps и xGPS пак дозволуваат сочувување на мапи директно на телефонот, но тие се премногу тешки и не нудат тридимензионална turn-by-turn навигација. За Скопје на пример, се потребни околу 50 мега. Значи, за еден град, а не за цела држава. Чисто колку за споредба - за iGo сите мапи од балканските земји (заедно со апликацијата) тежат околу 300 мега.
Да, победникот во натпреварот за GPS навигација за iPhone е iGo My Way. Ги има истите, дури и подобрени и подновени мапи што се наоѓаа за Garmin на Nokia со најновите POI (Points of Interest).
За крај, ме интересира, кои се вашите фаворити од овие софтверчиња за GPS навигација за iPhone? Само да ве потсетам дека темава е за дискусии и рецензии, не за споделување линкови со софтвер или мапи. Тоа правете го по други канали (пораки, месинџери и тн...).