Кому е полесно да му се признае?

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Имате некоја голема тајна, проблем, мака или било што, што многу ве мачи и ви тежи, па нормално сакате да ја кажете некому. Е сега, да видиме како работи психата на човекот ... дали тоа што имате, полесно би му го признале на најдобриот/ата другар/ка или на човек кој би го платиле т.е. психолог?
Мислите дека вашата тајна ќе е посигурна кај вашиот долгогодишен пријател или кај тој што со пари е задолжен да ви ја чува и зошто токму кај тој што мислите? А и општо, што е посигурно според вас?:helou:
 

SCORPIO__20

Your sex is on fire
Член од
1 февруари 2007
Мислења
4.380
Поени од реакции
71
divajn do negde ke se soglasam so tebe... se zavisi od nacinot na koj nashiot prijatel gi ili ja prifaka tajnata koja mu ja prenesuvam i so kakva sodrzina.. poprvo bi se odlucil da go prenesam toa na najdorbiot drugar i drugar.. zna4i na tie dve osobi..
ali ima raboti i tajni koj ponekogas covek treba i da se obrati na psihijatar osoba koja e zadolzena profesionalno da pristapi kon takvi raboti
vo sekoj slucaj celosna podrska za gore navedenoto
 

PiNkGiRl

Queen of rain
Член од
14 јули 2006
Мислења
2.717
Поени од реакции
8
Najgolemata tajna bi ja kazala samo na najdobrata drugarka.Znam deka nema da me izneveri.A zavisno od toa za kakva tajna stanuva zbor moze da ja kazam i na majka mi.
 

Мистичен

Човек
Член од
23 јануари 2005
Мислења
13.578
Поени од реакции
1.097
Ни на другар, уште помалку на психијатар, некое болно копиле кое лапа пари да слуша проблеми и да ти даде совет од книга. Доколку решам да откријам некоја тајна, ќе му ја откријам на тој на кого се однесува тајната.
 

XENIA

IHS
Член од
26 јануари 2007
Мислења
100
Поени од реакции
4
на никого, ако ми тежи нешто на совеста ке идам да се исповедам.
 

Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Не би се доверила на психијатар во никој случај.Чудно ми е да „се отворам“ пред човек што не ме ни знае,туку само има диплома дека е квалификуван да решава туѓи проблеми.

Многу полесно би признала на некоја блиска (читај:многу блиска) личност,која стопроцентно би ме поддржала и сфатила,без разлика на тежината на тајната.Ем бесплатно е.:)
 

Mandy

~Carpe florem~
Член од
26 февруари 2006
Мислења
1.578
Поени од реакции
23
У принцип не сакам да зборам пред непознати за мои лични работи...додуша ни на познати што не ми се ептен блиски...полесно ми е да кажам на ептен блиска другарка што и верувам и ме знае и нема да ме осудува каква и да е тајната...језда зависи многу на што се однесува тајната..во поголем број случаи би ја зачувала за себе...
 

Darkwind

I need to work I'm always spending
Член од
27 јануари 2007
Мислења
1.038
Поени од реакции
1
Посигурен ми е најдобриот другар отколку некој непознат човек кој е таму за да се преправа дека ме слуша и да ми ги земе парите.. да ми даде некој совет од книга и да ме испрати... најдобриот другар знам дека че ме сослуша и ќе внимава на тоа што му го кажувам:toe: во принцип не ги сакам психијатрите зашо дома имам еден и знам колку не се замараат со пациентите
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
И вистинските другари/другарки и тоа како добро знаат да бидат добри слушатели, ни на крај памет не би ми отишло да се „исповедам” пред психолог. Имам одлични другарки кои знам дека ќе ме сослушаат, тоа што ќе го кажам ќе остане меѓу нас и искрен совет ќе добијам.
Имам три-четири најблиски другарки, ја имам и мајка ми ако имам потреба да кажам дали имам мака, проблем или дали ми е тешко. Не се работи за парите што би му ги дала на психолог, едноставно непознат човек не сакам да ми се преправа дека е заинтересиран за мене.

И не верувам дека кај психолог би останала тајната како таква. Можеби премногу им верувам на блиските, но до сега не ја изневериле довербата за да мислам поразлично.
 

PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Скулгрл напиша:
Не би се доверила на психијатар во никој случај.Чудно ми е да „се отворам“ пред човек што не ме ни знае,туку само има диплома дека е квалификуван да решава туѓи проблеми.

Многу полесно би признала на некоја блиска (читај:многу блиска) личност,која стопроцентно би ме поддржала и сфатила,без разлика на тежината на тајната.Ем бесплатно е.:)
Баш поради тоа што тој човек ти е целосно непознат, многу е полесно било што да му кажеш, особено кога се работи за твоја тајна, лична тајна, нешто “забрането„, нешто лошо што си го направила, што е потешко да се каже на некој близок. Пред психијатарот нема да мораш да размислуваш дали ќе те осуди за она што си го направила, ќе ти даде професионален совет за тоа како да го решиш проблемот, и загарантирано ќе ти ја зачува тајната, затоа што професијата му налага да држи строга дискреција за своите клиенти, за тоа е и платен, нели.

А сепак, и покрај ова, ни јас не би отишла кај “стручно лице“ за да му се исповедам за некој проблем и да му барам решение, се додека имам пријатели на кои доволно им верувам за да им кажам било што.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Јас па мислев дека повеќето одговори ќе се за психолог ... мислев дека парите даваат некоја сигурност, полесно е да се каже на непознат итн итн итн.
Но, кога веќе не е така, кога сите повеќе верувате на блиските, нели некогаш ви е страв дека тоа што ќе им го признаете може кад-тад да биде прекажано на ваша штета? Нели, гаранција за тајната кај другарот е само другарството, кое не значи дека ќе е вечно, а додека кај психологот се парите, тој од тоа живее и на некој начин повеќе е задолжен да го задржи за себе тоа што ќе му го кажете? :toe:
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
PSYtisfaction напиша:
Баш поради тоа што тој човек ти е целосно непознат, многу е полесно било што да му кажеш, особено кога се работи за твоја тајна, лична тајна, нешто ”забрането„, нешто лошо што си го направила, што е потешко да се каже на некој близок. Пред психијатарот нема да мораш да размислуваш дали ќе те осуди за она што си го направила, ќе ти даде професионален совет за тоа како да го решиш проблемот, и загарантирано ќе ти ја зачува тајната, затоа што професијата му налага да држи строга дискреција за своите клиенти, за тоа е и платен, нели.
Каков и да ми даде совет, без разлика што се нарекува професионален, не може да биде до толку. Сепак, блиските луѓе подобро те познаваат, а психологот не може да те запознае од две-три гледања. Другарките сепак ме знаат подолго, знаат отсекогаш каква сум била, како реагирам во одредени ситуации, што ме мачи, што ме расположува. За мајка ми да не правам муабет.
Мене потешко би ми било да се искажам пред некој што не го познавам, баш и ќе се мислам дали да бидам целосно отворена. Можам да замислам во таква ситуација каква ќе бидам, воопшто нема да бидам опуштена. А пред блиските далеку сум порелаксирана и послободна. И доколку ме осудува блискиот, сепак тоа ќе ми го каже отворено и ќе се замислам дали некаде имам грешка.
Дивајн напиша:
Но, кога веќе не е така, кога сите повеќе верувате на блиските, нели некогаш ви е страв дека тоа што ќе им го признаете може кад-тад да биде прекажано на ваша штета? Нели, гаранција за тајната кај другарот е само другарството, кое не значи дека ќе е вечно, а додека кај психологот се парите, тој од тоа живее и на некој начин повеќе е задолжен да го задржи за себе тоа што ќе му го кажете?
Реков, можеби премногу верувам во другарството, ама блиските секогаш ќе ми бидат поблиски до срце, а со тоа и пред сите други за искажување на тајните и маките. Не велам дека можеби еден ден нема да биде злоупотребена мојата доверба, но сепак јас не ни размислувам за тоа дали ќе дојде некогаш до тоа. Кога сметам дека некој/а ми е другар/ка, не се оптеретувам со тоа дали ќе биде прекажано или не, едноставно верувам. А другото останува на него/нејзе како личност.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.404
Поени од реакции
5.961
Имам другарки на кои би можела да им се отворам и да ги раскажам проблемите и можам да им верувам, сепак полесно ми е виртуелно на некој од MSN да му кажам што ми се случило. Ем не ме знае ем нема на кој да ме издаде плус ќе си олеснам. :)
Психијатари и такви работи, нема шанси.
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Каков и да ми даде совет, без разлика што се нарекува професионален, не може да биде до толку. Сепак, блиските луѓе подобро те познаваат, а психологот не може да те запознае од две-три гледања.
Нели психолозите за тоа работаат, да можат да те запознаат од две-три, чак и помалку гледања? Или па мене ме лажеле? Могуче.:uvo:

И доколку ме осудува блискиот, сепак тоа ќе ми го каже отворено и ќе се замислам дали некаде имам грешка.
Точно. Психологот секогаш ќе ти кажува тоа што сакаш да го слушнеш ... за да ги дадеш (ако ги даваш) полесно парите, а и довербата де.

Реков, можеби премногу верувам во другарството, ама блиските секогаш ќе ми бидат поблиски до срце, а со тоа и пред сите други за искажување на тајните и маките. Не велам дека можеби еден ден нема да биде злоупотребена мојата доверба, но сепак јас не ни размислувам за тоа дали ќе дојде некогаш до тоа. Кога сметам дека некој/а ми е другар/ка, не се оптеретувам со тоа дали ќе биде прекажано или не, едноставно верувам. А другото останува на него/нејзе како личност.
А што мислиш, повеќе ќе те боли ако те изневери и ја злоупотреби твојата тајна твоја другарка или психијатар?
Прашањево не би било нормално за некој си странски психолог, но тука кај нас, знаејќи какви се тие (нормално, мала држава, помали градови, скоро сите со сите се знаат), е повеќе од нормално.
 

Fortune

шодаенешчо
Член од
9 мај 2005
Мислења
12.493
Поени од реакции
183
Дивајн напиша:
Нели психолозите за тоа работаат, да можат да те запознаат од две-три, чак и помалку гледања? Или па мене ме лажеле? Могуче.:uvo:
Што знам, не ми е баш некако прифатливо да мислам дека од две-три гледања може да ме познава како некој што ме знае со години. Ако направиме два-три реда муабет, не значи дека може да ми даде совет соодветен.
Дивајн напиша:
А што мислиш, повеќе ќе те боли ако те изневери и ја злоупотреби твојата тајна твоја другарка или психолог?
Прашањево не би било нормално за некој си странски психолог, но тука кај нас, знаејќи какви се тие (нормално, мала држава, помали градови, скоро сите со сите се знаат), е повеќе од нормално.
Што знам. И во двата случаи би се работело за изневерена доверба.
Во првиот случај би била повредена, изненадена, разочарана од другарката, бидејќи станува збор за злоупотреба на доверба која била градена долго време. Сум вложувала во тој однос и би ме болело ако бидам на некој начин предадена.
Во вториот случај би била изнервирана, лута, бидејќи ај што сум верувала дека совесно си ја работел својата работа, туку и сум платила за дискреција. Едноставно, денес ретко кој работи како што треба (има исклучоци, нормално!).

А ти? Ќе се изјасниш во врска со темава? Како гледаш ти на двете можности за избор?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom