СТАВ НА СДСМ
ИМЕ СО ГЕОГРАФСКА ОДРЕДНИЦА КОЕ НЕМА ДА ГО ЗАГРОЗИ НАЦИОНАЛНИОТ ИДЕНТИТЕТ, ЈАЗИК, КУЛТУРА И НАЦИОНАЛНА ПОСЕБНОСТ
СДСМ се согласува со име кое нема да го загрози националниот идентитет, јазик, култура и национална посебност на Македонија и на македонскиот народ.
Тоа е ставот што денеска на прес - конференција го изнесе в.д. лидерот на СДСМ Зоран Заев, а ќе биде соопштен и на закажаната лидерска средба в понеделник, на која се поканети и претседателот Бранко Црвенковски, шефот на дипломатијата Антонио Милошоси и преговарачот Никола Димитров, во пресрет на очекуваниот нов предлог од медијаторот Метју Нимиц на 7 октомври.
- Се согласуваме со решение во однос на замена на досегашната референца ПЈРМ со име со географска одредница, кое ќе биде прифатливо за двете страни во разговорите. Опфатот на компромисното решение треба да е идентичен со опфатот на сегашната референца ПЈРМ. Тоа значи дека во билатералните односи сите држави ќе имаат право на избор кое име ќе го користат, појасни Заев. За таквото решение, смета тој, не е потребна промена на Уставот на Република Македонија. Според него, тоа значи дека во пасошите ќе стои уставното име, и притоа нема да има потреба од компромис во однос на идентитетот, јазикот, културата и националната посебност.
Заев изрази надеж дека предлогот денеска даден од СДСМ ќе им помогне и на претседателот на државата и на премиерот да ги надминат несогласувањата и за успешно завршување на преговорите.
Одговарајќи на новинарско прашање што е разликата меѓу двојата формула и дадениот предлог од СДСМ за замена на ПЈРМ, Заев објасни дека двојната формула е употреба на името само од Грција. Предлогот на СДСМ, значи, посочи Заев, употреба на новото име во меѓународна заедница односно во НАТО, ЕУ и слично.
- Двојната формула се покажа дека не е решение. Постојат 12 предлог имиња-мутации дадени од Нимиц. Кое име би било прифатливо најверојатно ќе се гради национален консензус. Сигурно нема да биде прифатливо име во кое би била изразена националноста и би ги повредило чувствата на другите етнички заедници во државата. Во СДСМ досега не се размислувало за некое конкретно име од дадените, рече Заев.
Лидерот на СДСМ ги повика сите инвловирани страни во преговорите на поголема сериозност, грчката Владата на разум и на чувство за иднината на регионот, на развојот на добрососедските односи, а меѓународната заедница да го прифати предлогот на СДСМ како компромис кој ќе ги задоволи двете страни во преговорите.
На новинарско прашање дали СДСМ прифаќа референдум за прашањето за името, Заев потенцира дека тоа е одлука на Владата, а пред се на Собранието, но неговата партија е за брзо решавање на прашањето.
:jaj::jaj: