Комунизам, злото на 20-от век?

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.018
Поени од реакции
24.577
После исламот, комунизмот е убедливо најмалоумна масовна идеологија што може да постои во светот, достојна само за дебили. Само бесплатни хеликоптерски летови.

Член од
15 ноември 2013
Мислења
1.529
Поени од реакции
2.626
Што е тоа неомарксизам? Марксовите дела упатуваат на историска неминовност, според него сите капиталистички општества во највисок развој ќе бидат заменети со комунистички безкласни општества после транзицијата наречена диктатура на Пролетаријатот.
Ако се едуцираш од форумот, теории на заговор и личности како интелектуалецот Питерсон, тогаш неомаркизам ти е woke/cancel културата, they/them, lgbtq, политичка коректност, педофилите и сл.
Ако те интересира вистинското значење на зборот, тогаш нео-марксизам (барем од економски аспект) ти е дистинкција од стандардната Марксистичка теорија за контрадикторноста на каптализмот (која се заснова на компетативната природа на капитализмот), заразлика кај неомаркизмот фокусот на ова е олигополистичката природа на капитализмот, асоцирана со новиот бран на левичарење во 70тите во САД и личности како Paul Sweezy, Baran.

Е сега прашањето е, од каде терминологијата неомарксизам за првиот дел, и кој се тие пропоненти на таков марксизам? Најверојатно за терминологијата си влече историја од Американскиот страв од марксизам долг со векови, а за пропонентите на ваков марксизам, ни јас знам некој, а ни пак главниот борец (Дон Кихот) против нео-марксистите ги знае
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.430
Поени од реакции
11.276
Човештвото е склоно кон злоупотреби.И Француската револуција била заснована врз принципот -Слобода за народот, смрт на кралот и аристрократите.Ама на крај претворила во крвопролевање ,терор и сечење на глави.Апсолутната власт го претвора обичниот човек во монструм.Сталин, Севернокорејската фока,Хитлер, Мусолини,Робеспиер,независно од идеологијата апсолутната власт ги претворила во монструми.
Тоа ти е до човековата природа. Кога ќе поставите човек на чело на еднопартиска влада која ги контролира средствата за производство, доста е тешко да го спречите да полуди на власт. Сркоја идеологија може да се направи да изгледа лоша во зависност од тоа кој го води шоуто.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
3.354
Поени од реакции
4.154
Цитираниов дел од твојот допис кажува се‘ и посочува на твојата пристрасност кон претходниот систем (батали статистики ово, оно...), така да остатокот од твојот допис нема да го коментирам...
Па реално, ако човек погледне во каква држава сега живееме и неможе да не биде јуносталгичар. Можеш да споредуваш било што и било кој аспект од живеењето во југославија со ова сега и излегува дека пред 33 години сме биле многу понапред од ова што сме сега. Земи за споредба било што, на пример:
- Образование. Доволно е да ги видиш само сегашните учебници и кадри кои се продуцираат.
- Здравство. Треба ли да споредуваме?
- Индустрија - што е тоа што сега произведуваме vs производство од игла до локомотива.
- Земјоделство
- Сточарство
- Туризам
- Инфраструктура (патишта, училишта, универзитети, студентски домови, болници, електро капацитети, акомулации, системи за наводнување...)
- Криминал
- Наркоманија
- Вакцинација
- Судство
- Спорт
- Култура (музика, фестивали, книжевност, театри, опери, филхармонии, филм.....)
Ајде кажи еден аспект во кој сега сме подобри од тогаш? Можеш дури да зборуваш и за права и слободи на човекот, за демократија... кажи еден аспект во кој сега сме подобри?
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.895
Поени од реакции
5.027
“Батали статистики ово оно“ кажува колку на тебе ти е до вистина, релевантност и реалност а колку до хранење сопствени бајки и илузии.
Да, (и) мене ми е битна вистината, ама не онаа статистичката, туку онаа практикуваната и проверената преку личното живеење.
Автоматски споено мислење:

Па реално, ако човек погледне во каква држава сега живееме и неможе да не биде јуносталгичар. Можеш да споредуваш било што и било кој аспект од живеењето во југославија со ова сега и излегува дека пред 33 години сме биле многу понапред од ова што сме сега. Земи за споредба било што, на пример:
- Образование. Доволно е да ги видиш само сегашните учебници и кадри кои се продуцираат.
- Здравство. Треба ли да споредуваме?
- Индустрија - што е тоа што сега произведуваме vs производство од игла до локомотива.
- Земјоделство
- Сточарство
- Туризам
- Инфраструктура (патишта, училишта, универзитети, студентски домови, болници, електро капацитети, акомулации, системи за наводнување...)
- Криминал
- Наркоманија
- Вакцинација
- Судство
- Спорт
- Култура (музика, фестивали, книжевност, театри, опери, филхармонии, филм.....)
Ајде кажи еден аспект во кој сега сме подобри од тогаш? Можеш дури да зборуваш и за права и слободи на човекот, за демократија... кажи еден аспект во кој сега сме подобри?
Споредбата меѓу денешнава „северна„ биртија и Македонија во склоп од СФРЈ е несоодветна и крајно нечесна, затоа што денешна Македонија (односно остатоков од Македонија како федерална единица) е чист пад во однос на самата себе, но не само затоа што падот е реален, туку затоа што во склоп од СФРЈ, Македонија практично се криеше зад Федерацијата и сама по себе, Македонија влечеше атрибути од Федерацијата (оние кои самиот ги набројуваш) а не затоа што СР Македонија, сама по себе, беше некој јак фактор во однос на денешна Македонија.

Тешко дека од територија која има 200х200км обем, која од кога паметам има едвај 2-2,1 милион жители (денес помалку...), која има ограничен природни ресурси (освен хумус, камења и понешто руда, практично нема ништо вредно...) и народ кој гледано колективно, остана трајно неук и некултивиран (небитно што ги има сите државни атрибути, интитуции и установи), може сам од себе да ги постигне дометите кои и‘ ги припишуваш на Македонија во склоп од СФРЈ.
 
Последно уредено:
Член од
30 октомври 2022
Мислења
454
Поени од реакции
1.278
Тоа ти е до човековата природа. Кога ќе поставите човек на чело на еднопартиска влада која ги контролира средствата за производство, доста е тешко да го спречите да полуди на власт. Сркоја идеологија може да се направи да изгледа лоша во зависност од тоа кој го води шоуто.
Пред некое време гледав документарец за некој психолог кој решил да изврши еден експеримент за човековото понашање.Со договор со своите студенти решиле да спроведат услови како во затвор.Една група студенти биле во улога на затвореници другата биле во улога на чувари на затворот.По извесно време студентите кои биле во улога на затворски чувари се променале станале насилни почнале да се иживуваат врз овие кои биле во улога на затвореници.Дури и најмирниот меѓу нив се претворил во бездушно копито.Експериментот бил пречинат зошто работите отишле предалеку. Заборавив како се викаше документарецот ама е чист доказ дека апсолутната моќ гопретвора човекот во монструм кој почнува да ги гледа другите љуге како обични предмети со кои може да прави шо сака.
 
Член од
3 јануари 2023
Мислења
8.965
Поени од реакции
5.700

Stanford-Prison-Experiment
 
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.292
Поени од реакции
7.650
Тоа ти е до човековата природа. Кога ќе поставите човек на чело на еднопартиска влада која ги контролира средствата за производство, доста е тешко да го спречите да полуди на власт. Сркоја идеологија може да се направи да изгледа лоша во зависност од тоа кој го води шоуто.
Затоа Ајн Ранд (мудра жена) рекла дека никој не смее да има голема моќ да може да одлучува за судбините на народот.
. Како што додава и тогаш, таа верува дека „човековата најголема морална цел е остварувањето на неговата лична среќа, при што другите луѓе не смеат да бидат принудени на што било, ниту пак смее да се прифати наметнувањето на нивната лична волја, туку секој човек мора да живее според своите сопствени правила, пратејќи ги сопствените интереси.“
Едно кажуваш, а во реалност поддржуваш диктатори :pipi:
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.430
Поени од реакции
11.276
Едно кажуваш, а во реалност поддржуваш диктатори
Комунизмот и диктаторството се разликуваат од многу аспекти и политички и економски и општествено. Во комунизмот, општеството или заедницата е над сè и најмоќна, додека во диктатурата имаш диктатор кој е над сè и над сите и е најмоќен. Диктатурата се заснова на моќ (пример за диктатура ти е Северна Кореја). Во комунизмот сите се еднакви, a во диктатуратa немаш еднаквост.

Е сега малку забегуваш со твоите заклучоци кога се во прашање моите ставови и ковид пандемијата. Тоа што се случи беше глобален предизвик, елементарна непогода, и бараше невидени мерки од владите ширум светот за да се зачува здравјето и безбедноста на народот. И таквите драстични мерки секако дека мораа да бидат од приврeмен карактер. Да, одредени влади го искористија тоа за да прикријат некои свои политики, но не е дека екстремизам немаше пред Ковид пандемијата. Всушност, борбата меѓу авторитаризам и демократија е отпочната многу одамна и ќе траае со децении, а ковид пандемијата само ви ги отвори очите.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.659
Поени од реакции
42.215
ниту пак смее да се прифати наметнувањето на нивната лична волја, туку секој човек мора да живее според своите сопствени правила, пратејќи ги сопствените интереси.“
што ако твое правило и интереси се да убиваш и тероризираш луѓе наоколу? Дали системот треба да се адаптира врз тебе или ти врз системот?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.982
Поени од реакции
6.468
Тоа ти е до човековата природа. Кога ќе поставите човек на чело на еднопартиска влада која ги контролира средствата за производство, доста е тешко да го спречите да полуди на власт. Сркоја идеологија може да се направи да изгледа лоша во зависност од тоа кој го води шоуто.
Што е тоа "човекова природа"? Често го среќавам тој поим а никогаш не сум наишол на објаснување од кои тоа карактеристики се состои.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.430
Поени од реакции
11.276
Што е тоа "човекова природа"? Често го среќавам тој поим а никогаш не сум наишол на објаснување од кои тоа карактеристики се состои.
To think wisely and act foolishly.

Се издвојуваме од другите живи суштества по способноста за рационално размислување, самосвест, автономија, али и покрај сè некогаш дозволуваме да надвладее егото, па сме себични, егоистични, алчни, ненаситни, лицемерни, груби, површни, пасивно агресивни манипулатори итн.
 
PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.895
Поени од реакции
5.027
Што е тоа "човекова природа"? Често го среќавам тој поим а никогаш не сум наишол на објаснување од кои тоа карактеристики се состои.
Иако @Aceso наведе поширока „листа„, еве што значи поимот „човекова природа„.

Тоа е збир од атрибути, кои се својствени само за одредена сорта од битија, односно атрибути кои ги нема кај другите.

Така, кај човекот среќаваме: разум, чувства и слободна волја како „фабрички„ вградени особини, а како последица од падот Адамов, ги наоѓаме и: суетноста, острастеноста и похотноста.

Намерно не ги наведувам сличностите, како што се материјалните потреби, кои постојат кај сите живи битија.
 
Последно уредено:

Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.525
Поени од реакции
22.175
Комунизмот докажано не функционира. Една причина е што таа идеологија е контрарна на човечката природа.
 
Член од
4 март 2020
Мислења
87
Поени од реакции
163
Тоа што се случи беше глобален предизвик, елементарна непогода, и бараше невидени мерки од владите ширум светот за да се зачува здравјето и безбедноста на народот.
Колку само добродушни и добронамерни тие владите, да се чуди човек.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom