Комунизам, злото на 20-от век?

Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.315
Поени од реакции
4.702
Не е погрешно разбран, самите припадници на таа идеологија се нарекувале себеси комунисти, партијата на власт ја нарекувале комунистичка. Тоа е од идеолошки аспект, настрана едноставната дефиниција од економски аспект.
Па и тие, следбениците, погрешно разбрале, односно така им одговарало...
Не била тоа идеата Марксова и Енгелсова.
Следбениците ја извитопериле смислата на зборот „комунизам“.
Исто како и форумџииве кои си го интерпретираат терминот како што им одговара во нивниот контекст.
 
Член од
30 октомври 2022
Мислења
444
Поени од реакции
1.268
па следбениците на Маркс работат на тоа моментално. Ќе се уведе за некоја деценија, и западот ќе биде првото место.
Ова шо се дешава на запад нема врска со комунизам.Во комунизам вакви woke лудаци би завршиле на Голи Оток или во Гулаг.Ама толку се испрани во мозоците шо не можат да сватат.Некој вложува огромни пари за да им се исперат мозоците.Wokе движењето повеќе би го поврзал со сатанизам.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.671
Поени од реакции
38.857

па технички не е комунизам, нео марксизам е. Иначе погрешно ги поврзуваш тие комунистички режими со теориите на Маркс. Маркс бил филозоф многу пре да постојат комунистичките држави. И он као филозоф има многу следбеници во комунистичките земји и исто така на запад, и тие следбеници моментално ја шират оваа воук идеологија. И како секоја идеологија, таа не се заснова на имање право на збор и демократија, него ако не си со нив, си против нив. Слична автократија како комунизмот али обоена у виножито, место со срп и чекан.
 
Ко шо кажав и предходно воук идеологијава има неколку компоненти.Сатанизам,расизам кон белците и омраза кон се шо е христијанско.Значи првите две компоненти ги немаш во комунизмот.Според мене дефинитивно немаат врска со комунизам,него тоа им е наметнато мислење од медиумите кои се платени за тоа.Намерата на нивните господари тоест тие шо ги плаќаат е раздели па владеј.Не дека комунизмот сјајно ама ова е нов степен на лудило,досега незабележан во човештвото.Полуди се и од самиот Нерон.
 
Вчера ставив едно видео во темата за Воке и можеш да го ѕирнеш и видиш како оваа идеологија влегува и во приватниот сектор.

На секоја поголема фирма на запад и се одредува воук рејтинг и ако не го исполни тоа што и е зададено ќе се соочи со пад на кредитен рејтинг и загуба на инвеститори.

Ова е цела нео комунистичка мафија која сака да го преобликува светот по свој терк од општествено до економско уредување. Шваб убаво рече, нема да имате сопствеништво врз ништо и ќе бидете среќни.
 
Затоа Бадлајт пропаѓа.Затоа шо имаа воук реклама,добија бојкот од нормалниот народ во САД.Веќе преку к.р му е на обичниот народ од воук лудилово.Нема веќе да им прогледуваат низ прсти.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
Вчера ставив едно видео во темата за Воке и можеш да го ѕирнеш и видиш како оваа идеологија влегува и во приватниот сектор.

На секоја поголема фирма на запад и се одредува воук рејтинг и ако не го исполни тоа што и е зададено ќе се соочи со пад на кредитен рејтинг и загуба на инвеститори.

Ова е цела нео комунистичка мафија која сака да го преобликува светот по свој терк од општествено до економско уредување. Шваб убаво рече, нема да имате сопствеништво врз ништо и ќе бидете среќни.
Не би бил баш толку сигурен дека таа мафија има некоја идеологија. Повеќе е прифаќање на етикетата што конзервативците им ја налепија- тие кои комунизмот го гледаа како најголемо зло за време Студената Војна сега го гледаат воук глупирањето како најголемо зло и следствено тоа мора да е комунизам. И по таа логика, воук се комунисти.
Пораснав во интересни времиња кога се учеше марксизам како предмет во средно, никаде ама баш никаде цели две години не беше ни навестено дека било што што личи на денешниов воук е дел од марксизмот. Терминот “културен/култулорошки марксизам” исто така не е дел од она што беше предавано како марксизам низ средношколскиот систем. Така да и тоа е некоја новокомпонирана етикета од конзервативците.
Никако и никогаш да не им ја заборавиме оваа воук подметачина на феминистките: ако идеолошки воук е следниот еволутивен чекор на некаков -изам, тогаш тој е на феминизмот. Од феминизмот изникна воук.
 
Па Маркс е филозоф. Филозофијата секој различно ја толкува. Во Југославија и СССР било едно. На запад било друго. Тие марксисти кои биле прогонувсни од Хитлер биле тие што ја превоспитале Германија после ВВ2 и истите кои тоа го пренеле во Америка.

Феминизмот постоел и пред Маркс да постои. И тоа со феминизмот е само една од тие политики кои се почнати помасовно во минатиот век од истите тие учители следбеници на Маркс во западниот свет.

Тоа што се вика нео марксизам не е никаква случајност и етикета од конзервативците. Кога ќе видиш кој тоа све го работел. Ќе сфатиш дека името е сосем исправно. Ако читаш ќе разбереш.

И ако читаш ќе видиш дека нео марксизмот објаботува критичка теорија и културолошки студии. Понатаму можеш да прочиташ и за тие две и зошто се битни у воук светов во кој живееме и ќе сфатиш.

Феминизмот што ти го збориш спаѓа под критичка теорија.

Еве што вика вики

Последно уредено:

Сега ти ми прераскажуваш она низ што јас сум поминал. Нели нема логика. Никаде и на ниедна страна од учебници по марксизам немаше ни точка од она што сега воук го пропагираат. Ниту имаше спомнување на терминот “културолошки марксизам“.
Марксистите кои биле прогонувани за време на Хитлер... доколку некој преживеал. Најмалку имале пристап до денацификацијата во Западна Германија. Во Источна Германија тие марксисти биле само колку за театар додека командите доаѓале од Москва. Погледни во денешна обединета Германија од кои региони иде најголемиот отпор кон воук политиките- тоа е исклучиво бивша источна Германија, бившата марксистичка оаза. Погледни потоа низ земјите на бившиот СССР во колку од нив има некое јако воук движење кое е пандан на западното. Нели марксистичкиот дел на планетава би требало да барем да има симпатии кон воук продолжетокот на марксизмот. Наместо тоа мнозинството во тие земји решително ги отфрла воук, во муслиманскиот дел од тие земји и физички.
Википедија колку веќе пати е фаќана како дезинформира. Не е веродостоен извор на информации.
Погледни кои центри на моќ го буткаат феминизмот. Истите сега го буткаат воук. Истите луѓе кои вчера пења фаќаа од зборење за женските права па после во корист на хомосексуалниот брак сега исто толку пења фаќаат во поддршка на транџабити лудилото.
 
брат, тебе феминизмот ти го опрал умот. Така да џабе дискутираме за филозофија и концепти што не можеш да ги разбереш.
 
Член од
6 декември 2022
Мислења
960
Поени од реакции
1.455
брат, тебе феминизмот ти го опрал умот. Така да џабе дискутираме за филозофија и концепти што не можеш да ги разбереш.
Било која идеологија е резултат на човекова активност. Идеологиите не се вонземски тела па да паѓаат на Земјата како метеори. Луѓе пробуваат тие идеологии да ги спроведат во пракса. Не може езотериска расправа да остане само и само езотериска, ако фати корен меѓу луѓе некој ќе се обиде таа идеологија да ја спроведе или макар да си ги затскрие вистинските намери зад неа. Коишто намери вообичаено се приграбување власт надвор од избори. Нема што да цениме кој колку “разбира“ концепти, погледни емпирија, погледни што станало во пракса. Јас веќе неколку пати ти објаснив како изгледаше марксистичката пракса бидејќи живеев во неа. Ти ми кажуваш што си прочитал. Јас се надевам ти се јасни шансите за прифаќање на воук низ земјите на бившиот СССР, бившата марксистичка мека. Тие се практичните резултати. Тоа кажува проста статистика. Тоа ако ти не можеш или одбиваш да го разбереш е твој и само твој проблем, не е мој.
 
баки ова не е марксизмот ти шо си го учел, разбираш? Ова е неомарксизам, друга бранша која што филозофите ја развеле од оригиналните писанија на Маркс. Не знам како да ти нацртам. Затоа има наставка НЕО.

Феминизмот е само еден дел од тој нео марксизам. Односно дел од тие критички теории, под кои спаѓаат и расната теорија од каде што воук движењето почна. У глобала ова се модерни филозофи, забегани по расизам, обесправеност, сексуалност, измислување џендери, феминистки итн. И сега некој сака тие нивни луди фантазии да ги преслика у реалноста и затоа го живееме ова денес.

Philosophical approaches within this broader definition include feminism, critical race theory, post-structuralism, queer theory forms of postcolonialism.
 
Последно уредено:
Член од
3 јануари 2023
Мислења
7.315
Поени од реакции
4.702
Маркс не бил само филозоф, туку и социјален теоретичар и економ.
...
Во едно комунистичко општество важи принципот: секој дава (работи, произведува) колку што може и зема колку што му ТРЕБА. Комунистичките политички идеологии во таканаречените комунистички земји се неспоредливи со Марксовата идеологија за комунизам, каде што важело „еднаквост, солидаритет, правда“.
„Комунистичкиот манифест“ завршува со повикот „Пролетери од сите земји, обединете се“.
...
И сега доаѓаме до следбениците, нели нео-марксисти. Истите тие следбеници си ги толкуваат „Капиталот“ и „Комунистичкиот манифест“ по потреба, на кој како ќе му текне, исто како што Исусовите следбеници по потреба што си ја толкуваат „Библијата“. Си играле „расипан телефон“, и се дошло до ова дереџе до кое сме сега стигнати, секој ги злоупотребува за свои потреби, кои немаат никаква врска со комунизмот (верувањето).
 
Член од
9 мај 2023
Мислења
162
Поени од реакции
469
Марксизмот е христијанска утопија која преку Хегелеловата терминологија се маскирала во наука. Целата митологија на христијанстовото можеме да ја пронајдеме во марксизмот, само под друго име. На пример, второто Христово доаѓање е комунстичката Утопија која не чека на крајот на виножитото.

Марксизмот, како христијанството и хегелијанизмот, е историски наратив. Кај сите овие наративи е заеднички што нивната есхатологија ги оправдува сите претходни историски моменти, заедно со моментот на креација.

Проблемот со марскизмот е што е скаран со базичните човечки психолошки механизми. Марксизмот не е дескриптивна, туку прескриптивна филозофија. Тој не го опишува светот онаков како што, туку му кажува каков треба да биди. Тоа Маркс уште во тезите за Фихте го има кажано. Проблемот со прескриптивните филозфии е тоа што се скарани со реалноста и најчесто водат, по пат на социјален притисок, во катастрофа.
 
Ако веќе идеологиите ги едначиш со религиите, и христијанството за тебе е митологија, покажи каде се христијанските митови за воскресението во марксизмот.
А ако продолжуваме со расправата на темава како подигнато обвинение против воук тиранијата, воук се многу поблиску до нацизмот отколку до марксизмот. И за нацизмот и за воук најважно од сѐ е крвното сродство, каков си се родил, која боја на кожата, кој пол итн.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom