Околу самите термини...Според некои дефиниции, постои разлика.
Фрустрација би било нешто како емоција која се раѓа во ситуации кога сме спречени(од било какви разлози) да ја постигнеме целта. Што е поголема желбата да се оствари одредена цел, тоа е поголема и фрустрацијата кога не успеваме во остварувањето. Како емоција, фрустрацијата може да се спореди со гнев.
Нешто слично е и конфликтот на мотиви. На пример, сакаме да бидеме препознаени во друштво и да комуницираме, а сме срамежливи и едвај разменуваме два збора со другите. Тогаш мотивот да се биде екстровертен е во конфликт со мотивот за само-презервација, манифестиран преку нашата интровертност, односно срамежливост. Тоа раѓа чувство на гнев кај нас самите, и не фруструира(во случајов збориме за внатрешна фрустрација).
Надворешна фрустрација е кога гневот го проектираме на други луѓе, ситуации и слично. Банален пример...Касниме некаде, а ни е важно да бидеме на време, и почнуваме во се околу да гледаме отежителна околност. Смета и лифтот, и семафорот...Во тој случај фрустрацијата ја трaнсферираме на надворешни субјекти и објекти, итд.
Комплексите пак, неминовно произлегуваат од незадоволството со самиот себе и недостатокот на верба во самиот себе, и се резултат на нашата интеракција/споредување со околината. Нешто како персонификација на надворешно незадоволство.
Обично влечат корен од најраното детство, и се создаваат така што конфликтите кои се околу нас ги персонифицираме и нашата совест ги преведува како порака дека нешто не е во ред со нас, а не со околината. Пример, еден од родителите не напушта како деца. Потсвеста тоа го тумачи како доказ дека нешто не е во ред со нас, дека не сме доволно вредни да бидеме сакани, итд. Тоа се врежува длабоко и потоа само се трансформира во разно разни комплекси. Па како адолесцент тоа ќе биде комплексот дека сме грди и не заслужуваме внимание, за подоцна да се преточи во комплексот дека не сме доволно добри во професијата, и така во недоглед.
Сепак, комплекс и фрустрација се испреплетени поими. Иако не сосема исти, зависат еден од друг. Комплексот раѓа фрустрација и обратно. Внатрешната фрустрација е често одраз на комплекс. Таа е чувствтото кое се раѓа како резултат. А, и после долг период на надворешна фрустрација, може да се створи комплекс.
Ух, се изнапишав. Ќе допишам околу она како може да се надминат и слично деновиве
