Комерцијала, "фејкери" и слично

EVIL-B

Hip-Hop Legend
Член од
2 декември 2007
Мислења
357
Поени од реакции
4
Напишано од Скулгрл
Промовирање на музиката кон пошироката маса=рекламирање=комерцијала. Просто ко грав.
.............................................................................
Of lele majko sto procitav :pos2::pos2::pos2:
Ako ne se promovirase muzikata kon sirokite narodini masi (publikata) sega nemase da znaeme ni za Wu tang klan,Eminem,a da ne prajme muabet za Mak Rap.Ako site sto snimaat rap si gi cuvaa doma pesnite i ne gi presnimuvaa i ne gi delea po luge do sega nemase da ima zurki,i togas mozebi ke trebase da odis kaj artistot doma za da cues dali ima snimeno nesto novo (posto ne bi smeel da ja siri svojata muzika za da ne dobie epitet komercijala)
 
Член од
3 јануари 2006
Мислења
1.200
Поени од реакции
10

Ali ke mi kazes deka ti ne si eden od onie so e strasno anti-komercijala? Kako sto se 90% od lugjeto na makrap forumot? Jas istovo ova shto ti go reche go raspravam neznam kolku vreme na forumot i site se dignaa protif mene, site do eden, za da ne se ispicki nekoj. A u dusa site istoto go mislat, deka ako nesto e komercijala nemora da znaci deka e loso, ali koj da go kaze toa na glas, bratce...ako go kazis i gotovo, reputacijata ti e rushena...gluposti! a najzastrasuvacki e so site letaat po umot na 15-6 godishni mazhinja
 
Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Наах. Шо ако твојата цел и амбиција е да прошириш низ народот некоја идеја за подобар живот? (пример)
Ти вервиш во истото и сакаш да имаш моќ да им го соопштиш на сите преку свои песни, да речиме.
Значит си искрен во својте дела.
Комерцијала е дејствување за да се исполнет вкусот и задоволството на таа поширока маса, без да се внесит дел од себе во истата.
Не се согласувам. Светски познатите диви, не се внесуваат себеси во песните? Се внесуваат. Комерцијала се? Се.

Само пример, дека не ти држи вода напишаното.
 
EVIL-B

Hip-Hop Legend
Член од
2 декември 2007
Мислења
357
Поени од реакции
4
Vidi vaka Скулгрл jas nemam nisto licno protiv tebe.No stavot koj go branis navistina nema smisla.Spored tebe znaci ako nekoj pee od dusa ili ako recitira seedno togas e komercijala?
Eve primer sto sega mi tekna e Eminem.Za pola svet Eminem e komercijala poradi golemite tirazi a za mene ne e.So isklucok na nekoi pesni kako Real Slim Shady,Supermen ili Smack that i uste nekoi 3/4 drugi pesni se ostanato mu e realno i kontroverzno.So pesni kako Mosh i red drugi Eminem stekna svetska slava.Mislam deka toa e za pocit!!!
Vo album vo koj javno go pcue pretsedatelot na U.S.A Eminem napravi Platines tiraz na prodazba.
Eve uste eden primer.Ima edna rap grupa se vika Bone Thugs-n-Harmony (neznam dali gi znaes) sum gledal kako eden od clenovite na taa grupa pee solo pesna i na posledniot refren od pesnata bukvalno mu kape solza od lice i mu zatreperuva glasot od emocii sto edvas se vozdrza da ne zaplace (pesnata e balada i se vika Jesus)
p.s Jas ne bi gi ocenil emociite kako komercijalen poteg.
 
Ете тоа се случува кога не ми ги дочитуваш постовите до крај. Претходно некој напиша дека ако музиката е комерцијална, изведувачот к*р го боли каква ќе му биде песната, се додека истата се продава и му носи пари. Јас реков дека не е така, дека има многу комерцијални изведувачи кои внесуваат голем дел од себе во изведбите.

Појасно?
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Друже, ме испровоцира. Модерната Рап музика ја поистоветувам со балканскиот турбо фолк а богами и со ЕМО - рокерите. Шо значи, Фифти продаде милиони со "In tha club", но ако ги прашаш оние кои ја сакаат оваа музика ќе ти речат дека токму тоа е таа песна. Одраз на милионскиот тираж иако е речиси шунд. Нема везе, друго ми беше поентата...
И ГНР, и Нирвана продадоа и продаваат сеуште. И тие се фејкери?
Уствари според мене, добар музичар е оној кој ќе напраи и фејкерите да го слушаат и оние вистински фанови. Као Фифти на пример. Као Мајкл Џексон. Као Нирвана. Вистински фанови паѓаат у несвест на ниввната музика, ама покрај нив и цел свет.
Добрата музика не мора да има многу купувачи точно, но не мора и да значи дека ако е препродаван дека не чини.
п.с. Кој не ги знае Блек Сабат? Историја може не знаат, ама сите знаат кои се.
Јас кога зборувам за музика и мислам на музика, значи јас фифти го поистоветувам со турбото затоа што сметам дека во тоа он што го прави не постои никаква музика. Рапување е можеби некаков талент но ако го земеме тоа во предвид тогаш фифти не е баш многу многу таленитран...има многу подобри од него. Да не отворам друга дискусија дека по логиката на рапот жените би биле најголеми рапери зашо повеќе зборат од мажите.
Плус треба да се разграничи поимот МУЗИЧАР, ИЗВЕДУВАЧ. Тоа се два различни света одалечени со милиони години. Мајл Џексон е изведувач, на мајкл еден му пишува текст, друг музиката, трет аранжман, четврт, продуцира, петти, кореографија, шести му е стилист итн итн( итн). Значи него не можеш да го наречеш музичар, а богами и сите такви не можеш да ги наречеш музичари. Фифти можеби си ги пишува текстовите ама пак не е музичар затоа што не знае да свири буквално на ништо-а и покрај огромните напори на раперите да се признае микрофонот не е повторувам микрофонот не е инструмент туку алтака што сите ја користат, затоа раперите се изведувачи а не музичари. А бидејќи истото може да се каже за турбото тогаш мојата споредба е оправдана.

Ме испровоцира што ги спомна нирвана у било каков контекст. Бенд што до најситниот детал биле креатвно слбодни да го прават по нивна желба не можеш да ги споредуваш со некои кој што индустријата им кажува дека ова се бара и они тоа го прават. За жал ваквите бендови се помалку ги има, скоро 90% од светсата музика е диктирана и веќе нема слобода и креатвиност што некогаш ја имало.

Инаку јас зборев за фејкери како луѓе а не како изведувачи.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Burn84 напиша:
Инаку јас зборев за фејкери како луѓе а не како изведувачи. ------- Комерцијала како музика е се што има публика. ------ Ама па идиотите кој што се фураат дека се рокери само за да фата некоја цура
Си зборел за фејкери како луѓе, изведувачи и музика општо.
Burn84 напиша:
Фифти можеби си ги пишува текстовите ама пак не е музичар затоа што не знае да свири буквално на ништо -------- мене фифти на пример ич не праи мерак и сметам дека врска нема со музика, тиесто е добар има навистина кул траки.
И тиесто не знае да свири, и тиесто не користи инструменти туку готови компјутерски генерирани звуци. Исто како и раперите, кои користат веќе постоечки плочи за да создадат ритам каков им одговара ним. Значи се работи за твојата лична предрасуда дека Рапот не е музика. Во ред, го прифаќам твојот став, иако е контроверзен, да не ја сакаш рап музиката, ама дефинитивно спаѓа во отсек музика... особено ако го земеме Тиесто како гранка од големото дрво на сите музики.
Burn84 напиша:
Мајл Џексон е изведувач, него не можеш да го наречеш музичар -------- Фифти можеби си ги пишува текстовите ама пак не е музичар затоа што не знае да свири буквално на ништо
Во прави си, Џексон е лош пример, посмислив и прв пат кога го спомнав, ама типот продаде милијарди, па затоа влезе во мојот пост. А кога сме кај Фифти повторно... музиката се темели на лупање раце од тело. Тоа било музика во предисторија, потоа се развиле инструменти. Се` еволуира, мерилата се поместуваат. Зар еден дактилограф е фејкер затоа што пишува на компјутер а не на машина за пишување направена 1912. :toe:
Burn84 напиша:
Ме испровоцира што ги спомна нирвана у било каков контекст
Да не ме сфатиш погрешно, Нирвана е исклучителен бенд. Но одлично се вклопува во примерот. И покрај тоа што направија милиони, не се фејк. Тие се вистински музичари.
Проблемот е што си ти преемотивен кога се работи за рок музиката и било која друга. Ги земаш работите здраво за готово па ти пречат во дискусијата. Во рок музиката денес има фејкери колку што има во Рап музиката. (Музика е, не се мршти, сакале ние или не). Во времето кога Нирвана делуваше, Рапот го земаше својот залет. Во тоа време можам да ти набројам најмалку десет рап изведувачи (еве не музичари), кои денес за раперскиот свет се исто хард кор и неискомерцијализирани колку што се и Нирвана за рокерскиот свет. Новото време, и способноста на луѓето да видат дека со својата музика (каква и да е) можат да заработат многу, ги натера да се искомерцијализираат. Хеј, еден Тоше Проески посмртно сите сфативме дека бил страстен рокер. Нема една ебана песна во тој стил. Тој бил фејкер или не? Не бил музичар, но зар и Пласидо Доминго никогаш не беше музичар? Дали Зубин Мехта (прв ми текна) не е музичар? Ај да не одам толку далеку...
Брн, само дискусија, не ми се лути ок? :smir:
 
MaRiNa`Oh

стара школа
Член од
26 март 2005
Мислења
3.484
Поени од реакции
28
Не се согласувам. Светски познатите диви, не се внесуваат себеси во песните? Се внесуваат. Комерцијала се? Се.

Само пример, дека не ти држи вода напишаното.
Немој да ми речиш дека пеењето по калап, две забавни песни и после тоа балада (оо, колку такви се поклопија сега - Аврил Лавин, Наташа Бедингфилд, Ферги), не е комерцијала.
Иначе, безвезе ти е муабетов. Викаш дека светски познатите диви се внесвет себе си. Нека, бе. Значит не се комерцијала, туку се познати ради свои квалитети, и други побуди, а не пари. А појќе од пола од „дививе“ шо не си пишет сами песни и чекет на помошници да им сврзет три збора за веќе слушната песна и да им аранжирет веќе виден спот, не сметам дека многу значит то шо, колку толку се внесле.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Си зборел за фејкери како луѓе, изведувачи и музика општо.

И тиесто не знае да свири, и тиесто не користи инструменти туку готови компјутерски генерирани звуци. Исто како и раперите, кои користат веќе постоечки плочи за да создадат ритам каков им одговара ним. Значи се работи за твојата лична предрасуда дека Рапот не е музика. Во ред, го прифаќам твојот став, иако е контроверзен, да не ја сакаш рап музиката, ама дефинитивно спаѓа во отсек музика... особено ако го земеме Тиесто како гранка од големото дрво на сите музики.

Во прави си, Џексон е лош пример, посмислив и прв пат кога го спомнав, ама типот продаде милијарди, па затоа влезе во мојот пост. А кога сме кај Фифти повторно... музиката се темели на лупање раце од тело. Тоа било музика во предисторија, потоа се развиле инструменти. Се` еволуира, мерилата се поместуваат. Зар еден дактилограф е фејкер затоа што пишува на компјутер а не на машина за пишување направена 1912. :toe:

Да не ме сфатиш погрешно, Нирвана е исклучителен бенд. Но одлично се вклопува во примерот. И покрај тоа што направија милиони, не се фејк. Тие се вистински музичари.
Проблемот е што си ти преемотивен кога се работи за рок музиката и било која друга. Ги земаш работите здраво за готово па ти пречат во дискусијата. Во рок музиката денес има фејкери колку што има во Рап музиката. (Музика е, не се мршти, сакале ние или не). Во времето кога Нирвана делуваше, Рапот го земаше својот залет. Во тоа време можам да ти набројам најмалку десет рап изведувачи (еве не музичари), кои денес за раперскиот свет се исто хард кор и неискомерцијализирани колку што се и Нирвана за рокерскиот свет. Новото време, и способноста на луѓето да видат дека со својата музика (каква и да е) можат да заработат многу, ги натера да се искомерцијализираат. Хеј, еден Тоше Проески посмртно сите сфативме дека бил страстен рокер. Нема една ебана песна во тој стил. Тој бил фејкер или не? Не бил музичар, но зар и Пласидо Доминго никогаш не беше музичар? Дали Зубин Мехта (прв ми текна) не е музичар? Ај да не одам толку далеку...
Брн, само дискусија, не ми се лути ок? :smir:
Реков дека тиесто до некаде го прифаќам само за да испаднам дипломат и да не ми мрчат дека сум најнегативен форумџија. Вистина е дека јас сум малку радикален во некои погледи, но има музички инструменти и има лупање на пивски флаши а и двете спаѓаат во музика. Затоа јас повеќе би прифатил да земе фифти да лупа на писито отколку да користат некој софтвер за музика. Значи во никој случај фифти не се разликува од неговите танчери кој што има кажуваат правете ова и ќе добиете пари, недостатокот на креативност и уметност е очигледна. Разликата што ја приметив кај тиесто и кај некој други е што имаат сенс за музика со вметнување на вокали и ритмички секции кој што звучат навистина прекрасно.

Да музиката еволуира, но под тоа се подразбира идење напред а не идење назад. Музиката е професија а не алатка за некој фрустриран (окси)морон да се прави фраер пред другите. Значи сепак мора да се има талент и да се работи на него, а талент не е способноста на фифти сент да јаде гомна 300 на саат, тоа не е музика тоа е едноставно многу брзо зборување во што и вујна ми е цар а за политичариве да не почињам.

Не сум емотвен кога станува збор за нирвана туку едноставно не љубам такви споредби.:) Музиката е многу повеќе од кажување на нешто, музиката е состојба на умот и начин на живот. Може да ми кажува кој што сака јас рапот како музика не го прифаќам. Иако е ова дрско од моја страна сепак ќе кажам дека хипхоп како култура да во ред ама рапот како музика :nenene:.

Не се лутам знам дека и дискусија и нормално и јас обожавам да дискутирам. lol

Уште еднаш да нагласам дека кога кажувам фејкери не мислам на бендовите и нивните членови туку секојдневните личности од нашиот живот.
Мене лично ме тангираат такви работи и морам да реагирам на тоа, не би сакал да почнам да редам примери од форумот затоа што мислам дека инстант ќе бидам баниран. Сепак демократијата во Македонија е само декларативна заложба.
 
Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Немој да ми речиш дека пеењето по калап, две забавни песни и после тоа балада (оо, колку такви се поклопија сега - Аврил Лавин, Наташа Бедингфилд, Ферги), не е комерцијала.
Иначе, безвезе ти е муабетов. Викаш дека светски познатите диви се внесвет себе си. Нека, бе. Значит не се комерцијала, туку се познати ради свои квалитети, и други побуди, а не пари. А појќе од пола од „дививе“ шо не си пишет сами песни и чекет на помошници да им сврзет три збора за веќе слушната песна и да им аранжирет веќе виден спот, не сметам дека многу значит то шо, колку толку се внесле.
Маринче, без навреда...ама да си ги разграничеше поимите? По муабетов мешаш диви и обични поп-певаљки.

Селин Дион, Мараја Кери, Витни Хјустон...комерцијала. Се внесуваат? Фак јеа.
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Скул незнам колку си запознаена ама на истите тие диви им ги пишуваат песните :) Не сакам да зборам дали се комерцијала или не, меѓутоа фактов е интересен.
 
Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Скул незнам колку си запознаена ама на истите тие диви им ги пишуваат песните :) Не сакам да зборам дали се комерцијала или не, меѓутоа фактов е интересен.
Toa што дел од песните им се напишани од други лица, не значи дека не внесуваат емоција во истите и не ги пеат од срце, Гижо.:wink:
 
Гижо

че о надрва
Член од
13 март 2005
Мислења
9.074
Поени од реакции
142
Toa што дел од песните им се напишани од други лица, не значи дека не внесуваат емоција во истите и не ги пеат од срце, Гижо.:wink:
Под внесување во песни јас не разбирам само внесување додека ги пееш. Тогаш можеме да ги наречеме професионалци. Под внесување се разбира да внесеш дел од себе во песната, некоја твоја случка во текстот, емоција, твој дел во музицирањето, нешто по што ти си препознатлив. Така јас ја разбирам музиката од душа.

А дали се комерцијала не ме интересира.
 
Скулгрл

Queen of the superficial::..
Член од
17 јануари 2006
Мислења
5.059
Поени од реакции
69
Под внесување во песни јас не разбирам само внесување додека ги пееш. Тогаш можеме да ги наречеме професионалци. Под внесување се разбира да внесеш дел од себе во песната, некоја твоја случка во текстот, емоција, твој дел во музицирањето, нешто по што ти си препознатлив. Така јас ја разбирам музиката од душа.

А дали се комерцијала не ме интересира.
Ама е предмет на интерес на темата.:)

Инаку истите тие, и многу други внесуваат дел од себе во песната (текст, музика, ватевер). И пак продаваат милиони, и пак се комерцијала. Тоа ви го тупам цело време, квалитетот на една песна не се мери само по тоа колку е (не)позната/продавана.:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom