Филмовите од комичарската дружина Broken Lizard. Ми се допаѓа што за секој нареден филм што го снимаат мешаат жанрови на пр. комедија со акција, комедија со хорор и мистерија и комедија со...уринирање и Германци.
Super Troopers
Многу одамна ми беше даден филмов за гледање на дивикс копија ама го избегнував мислејќи дека е игран филм базиран врз серијата Рино 911 која што ми беше неподнослива(време кога се уште имав dial up интернет и не можеше да се провери Imdb поради постојаното дигање на слушалката). Се работи за гранична полиција и нивната ривалност со обичната полиција, мешање на Индијци со Мексиканци, вршење мајндфак врз стонери(едниот стонер и е сопруг на Кристина Хендрикс, затоа едно тажно ЈООООХОХООЈ од моја страна) и др. работи.
Club Dread
Мојот омилен филм од групава. Дејствието е за група млади луѓе кои одат на остров на кој е изградено одморалиште(или како што кажа еден мој другар додека го гледавме, ебалник) од страна на порано познат музичар на кој репертоарот на песни му содржат стихови само за забава и локање(пародија на Џими Бафет и песните на Бич Бојс од 80-те) и ке мора да се справат со сериски убиец таму. Многу забавен филм и полн со цитати кои нема од глава да ви искочат. Вреди да се погледне и за Бил Пакстон.
Beer Fest
Добар е но не толку како првите два што ги напишав, вреди да се гледа, роад трип филм со тематика пиво има многу камео појавувања од страна на познати личности што ке ве насмеат бла бла бла ме мрзи веќе да пишувам.
Инаку има уште два филма од страна на групава, кои не ми се гледани. Ставени ми се на листа за гледање. Доколку вредат ке ги напишам.