Командири во Идризово принудувале затворенички на секс

Член од
5 септември 2011
Мислења
52
Поени од реакции
30
Си викам може е некоја поврзана со убиствата на децата, па така си викам имало Господ па им враќа. Или некоја која е осудена за подведување во малолетничка проституција па и се враќа на ист начин. Сепак во Идризово не седат за мали дела барем така мислам. А јас сум поборник за смртна казна зависи од делото, има дела во кој ич не ми е гајле што им се случува во затворот и седењето таму им го сметам за трошок.
Да си го образложам прашањето.
Kakvo obrazlozuvanje. Kiss.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
А јас сум поборник за смртна казна зависи од делото, има дела во кој ич не ми е гајле што им се случува во затворот и седењето таму им го сметам за трошок.
Ти си пооборник за смртна казна за тепање и малтретирање ама на други некои таму, на тебе и твоите блиски не :icon_lol:.
Иако во животот ниту имаш тепано ниту малтретирано па затоа твоите повици на линч мнене лично ми се многу смешни :icon_lol:.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562

Така е. Ангел, изводам нешто по темиве, ти како психолог ме откри. Пу џабе ми беше трудот :icon_mrgr:
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Си викам може е некоја поврзана со убиствата на децата, па така си викам имало Господ па им враќа. Или некоја која е осудена за подведување во малолетничка проституција па и се враќа на ист начин. Сепак во Идризово не седат за мали дела барем така мислам. А јас сум поборник за смртна казна зависи од делото, има дела во кој ич не ми е гајле што им се случува во затворот и седењето таму им го сметам за трошок.
Да си го образложам прашањето.
Ако убиеш убиец, зарем си подобар од него? Срце ме боли за децата и гневен сум на секој педофил шо дише сеуште, али смртна казна никако. Пази имаш два момента. Прво мислам дека е дрско да си играш Господ, а второ ми се чини дека смртната казна е благослов за гореспоменативе.

Исто смртната казна дозволува манипулација.У Иран бесат ради блогерај или маструбација или геј припадност? Знам ќе речеш драстично, ама смртната казна ако се примени у Македонија осеќам ќе биде наголемо злоупотребена и тоа не на оние шо навистина го заслужуваат тоа. Знаеш сме биле сведоци на разно разни системи каде смртната казна се применувала по мерка на некои инивидуи.

И да се навратам на затвореничките. Јас имам поинаква перцепција како треба да функционира затворот. Згрешиле мамицата нивна, преудицирај ги. Најди им место во општеството, потруди се да еволуираат во луѓе. Обезбеди им психолози, свештеници кои ќе ги соочаат со нивната совест,кои ќе им презентираат морални норми. Е тогаш имаш од мене десетка со кромид. Затворот е казнено-поправна установа, садизмот и сексуалното малтретирање ме тераат да ја наведнам главата секогаш, па макар станува збор и за најголемите престапници.

Како би функционирала таа личност кога ќе излезе од затворот со се сите трауми шо ги поминала таму? Нема да биде само полошо?
 
Секој има различна перцепција. Јас на убијците и помошниците на оние кој ги убија децата не им давам ни ден живот на државен трошок во затворот. Или кога веќе нема смртна казна барем секој ден да им биде пекол. Какво превоспитување какви бакрачи. Тој се осудил да убие дете па сега ние ќе го превоспитуваме. Не.Благослов му е секој ден жив во затворот, храната платена од наши даноци, воздхухот кое тоа копиле го диши, се е тоа благослов. Нема потреба од благослов. Јас не го убивам, го убива системот во кој он се дрзнал да одземе живот на 5 лица.
Во случајов незнам за што се осудени, па ми е некако шубе да рипнам во одбрана, а потоа да дознаам дека едната е осудена за малолетничка проституција каде уништила неколку животи, а јас како светец треба да ја бранам оти нејзе истото и се дешава во затвор. Не.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Ако убиеш убиец, зарем си подобар од него?
Да подобар си. Бидејки тие се болеста, а ти си лекот.

Прво мислам дека е дрско да си играш Господ
А не мислиш дека е дрско тие да си играат "господ"?
Обезбеди им психолози, свештеници...
Од свештеници само оние кои ги преедуцираа наркоманите во србија ако успеат нешто, од другите нема фајде.
 
Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Секој има различна перцепција. Јас на убијците и помошниците на оние кој ги убија децата не им давам ни ден живот на државен трошок во затворот. Или кога веќе нема смртна казна барем секој ден да им биде пекол. Какво превоспитување какви бакрачи. Тој се осудил да убие дете па сега ние ќе го превоспитуваме. Не.Благослов му е секој ден жив во затворот, храната платена од наши даноци, воздхухот кое тоа копиле го диши, се е тоа благослов. Нема потреба од благослов. Јас не го убивам, го убива системот во кој он се дрзнал да одземе живот на 5 лица.
Во случајов незнам за што се осудени, па ми е некако шубе да рипнам во одбрана, а потоа да дознаам дека едната е осудена за малолетничка проституција каде уништила неколку животи, а јас како светец треба да ја бранам оти нејзе истото и се дешава во затвор. Не.
Функционирањето на една државна институција која треба да ме преставува мене како граѓанин на оваа држава промовирајќи ја одмаздата (глава за глава) како средство за спроведување на правдата е апсолутно неприфатливо. Резултатот ќе е 1:1, но тоа имплицира една непогрешливост на системот, а и одсуство за поправка ( што правиме доколку подоцна се утврди дека станува збор за невин човек).Казната сама по себе треба да индицира промена (позитивна), кај смртната казна имаме одсуство на тој момент и збориме за чиста освета. Второ сите сме свесни дека никогаш не постоел реципротитет во односот сторга казна= помалку криминал.

И јеа, ќе се уведе смртната казна и за кој тоа таа ќе важи? За олошот и сиромаштијата. Јас не сум слушнал да некој богаташ добил смртна казна.

Смртната казна ми е и фрлање на проблемите под тепих, затоа шо државата затаила. Каде биле нејзините институции и нивниот инстинкт за детекција претходно? Па всушност ако сме реални, сите тие злосторници се продукт токму на тоа друштво, така не? Они се негов нус продукт, на крајот на краиштата не се родиле како убијци. Околината и општествоти ги направиле такви.

А тоа дека е превише скапа евентуалната доживотна казна за државата, мислам дека е нехумано за едно демократско општество какво што сме.

За мене осудата на доживотен затвор е најлошата ствар шо може да му се случи на еден човек. Одземањето на слободата звучи застрашувачки за секого. Трае и денес и утре и задутре неговата голгота. Тој вегетира како жив мртовец. Е тоа е правата казна за екстремните нечовечки злосторства шо ги спомена.

Али најубаво кажа, се е тоа ствар на различна перцепција. И вчерашен сум , сори за грешки у правопис,одвај куцам со триста аналгини до мене:)
 
Какво демократско општество сме ние? За секој што ја плукнал власта по десет години затвор или за оние кој пукаа по нас по една државна фотеља и пратеничка плата? За каква демократија овде зборуваме? Институциите не претставуваат во вистинско светло. Им барале на затвореничките користејќи ја својата позиција, исто како што лекарите бараат пари од сиромашните за операција, или административците за побрзо завршување на работа, судиите за да пресудат во твоја корист, итн. Ако знаат они дека ќе добијат соодветна казна за тоа и дека можат да ги избркаат засекогаш нема да го прават тоа. Али ете им се може.
Ми текнува причината која ја наведе Дино за силувањето и убиството на девојчето: Барем таму ќе имам редовно јадење и кревет. Пред еден месец на фб од затвор бркал девојчиња со заостанат развој. Си ужива човекот во затвор. Каква казна е тоа објасни ми? Каква правда е тоа? Како вегетира како жив мртовец? На едните им се прекрати животот со смртта на нивното дете, а овој ужива од нивните даноци.
Брејвик уби 78 деца доби 21 година затвор и тоа во хотелско сместување. Мислиш дека ќе го превоспитаат? :) Уште 20 како него ќе се појават со тој казнен систем.
Верувам дека ако казната е посурова, два пати некој ќе размисли пред да направи грозоморно дело.
 
Немој за државата, оти ептен сум накурчен на моменталните состојби (генерално за све), али ај пошо ме рчна за неа. Признавам требаше да стои демократско општество какво шо се стремиме да бидеме.

Корумпираност на системот та нема каде, се согласуваме да, но ти сакаш ваквата држава да располага со животите на своите граѓани. Не ,благодарам. Од кај знаеш дека утре нема да бидеме осудени на смртна казна( хипотетички ), ради болд или извичник на форум.

Финтата на една затворска казна е да наметне одредени норми на однесување и истата постои како јавна социо-етичка осуда за сторителот на делото. Не е морално, нити социјално, нити хумано, на едно зло да се враќа со друго зло. Смртната казна вака набљудувајќи да ти кажам ми ја доведува во прашање нашата цивилизираност. Е тука треба да стапи на сцена системот на една држава. Таа треба да се посвети на спречување на негативните друштвени појави, да влијае на потенцијални латентни деликвенти да не се претворат у активи, поголема контрола на однесувањето, да се подигне степенот на однесување кое одговара на друштвото, развивање на свесноста за својата индивидуална и друштвена одговорност и самодисциплина.

Имам чувство дека смртната казна е знак и за немоќ на една држава. Како? Па ми се чини, дека таа држава ја применува смртната казна затоа шо не може на друг начин да ги зачува своите вредности и закони. Државата нема морално право да го плаши својот граѓанин. Таа треба да го ослободи од стравот.

Она за суровста на казната, да ти кажам за едно истражување шо го читав неодамна, направено токму од Јенките. Нели Америка е центарот на светот и еден од главните фраери кои ја застапуваат смртната казна (нормално не во сите држави). Е тоа истражување покажало дека бројот на извршените погубувања го немаат оној застрашувачки ефект у смисол воздржување од злочин и нејзиното постоење нема никакво влијание на бројот на извршните убиства ( у смисла намалување) и по нејзиното укинување пак не дошло до зголемување на бројот на капиталните злосторства.
 
Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Класично дефокусирање на јавноста од вистинките проблеми, како на пример да не занимаваат со масовните поаскапувања, тие не трујат со измислени приказни, линчување на лекарка која си ја вршела работата и слични абсурди, тек је почелооооо
Ако мислиш дека ова е дефокусирање и дека е лага грешка си. Во затворот кај нас е ДИВА ЛИГА !
Не ми се веруваше луѓе осудени на затворска казна од 10 години заради убиство ги пуштаат за викенди.. Абе дали се нормални бе ало.. Во америка за убиство добиваш 20,30,40 години зависи од степенот на злосторство.. можеш дури и доживотна да добиеш.. а не како кај нас 10 години + помилување + за викенди па да му ебам ќе те утепа некој ќе се шета после слободен..
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Типична случка во сите држави во светот (барем само на филмовите)..
 
Kajgana Shop

На врв Bottom