Функционирањето на една државна институција која треба да ме преставува мене како граѓанин на оваа држава промовирајќи ја одмаздата (глава за глава) како средство за спроведување на правдата е апсолутно неприфатливо. Резултатот ќе е 1:1, но тоа имплицира една непогрешливост на системот, а и одсуство за поправка ( што правиме доколку подоцна се утврди дека станува збор за невин човек).Казната сама по себе треба да индицира промена (позитивна), кај смртната казна имаме одсуство на тој момент и збориме за чиста освета. Второ сите сме свесни дека никогаш не постоел реципротитет во односот сторга казна= помалку криминал.
И јеа, ќе се уведе смртната казна и за кој тоа таа ќе важи? За олошот и сиромаштијата. Јас не сум слушнал да некој богаташ добил смртна казна.
Смртната казна ми е и фрлање на проблемите под тепих, затоа шо државата затаила. Каде биле нејзините институции и нивниот инстинкт за детекција претходно? Па всушност ако сме реални, сите тие злосторници се продукт токму на тоа друштво, така не? Они се негов нус продукт, на крајот на краиштата не се родиле како убијци. Околината и општествоти ги направиле такви.
А тоа дека е превише скапа евентуалната доживотна казна за државата,
мислам дека е нехумано за едно демократско општество какво што сме.
За мене осудата на доживотен затвор е најлошата ствар шо може да му се случи на еден човек. Одземањето на слободата звучи застрашувачки за секого. Трае и денес и утре и задутре неговата голгота. Тој вегетира како жив мртовец. Е тоа е правата казна за екстремните нечовечки злосторства шо ги спомена.
Али најубаво кажа, се е тоа ствар на различна перцепција. И вчерашен сум , сори за грешки у правопис,одвај куцам со триста аналгини до мене