Го сфаќам револтот на Венко кон малограѓанштината и непрофесионализмот кои во нашето општество се сосема нормална појава, ама може да покаже малку доблесност и самокритичност и да опали и по својата фела, а и по други професии, а не само по тетовираниот месар.
Би можел пише збор - два за професорите кои не те ни пуштаат на испит ако претходно не ја купиш нивната книга, се разбира лично од нив и по нереално висока цена...Или за професорите кои те буткаат 13 пати, а кога ќе побараш увид во тестот, добиваат нервни напади, пошо они имале попаметни работи и не можеле да се занимаваат со такви баналности. И на крај како одмазда, на другарката што била со тебе во тој момент, и што дошла по оцена и викаат дека она уствари нема 9, туку 9 бода и со автоматски паѓа, иако на списокот никаде нема бодови, туку оцени?!
Или за наставничките во основно, кои се во вечно исчекување на некој родител по професија молер, механичар и слично и после го замараат истиот со кречења и поправки, нормално бесплатно. Или за одредени професорки во средно, кои на час дрдорат за се и сешто, само не за тоа што е предвидено со наставниот план. Четири години учев француски у средно, од јазикот веза неам, али затоа уште ги памтам доживувањата што ни ги раскажуваше професорката, можам слободно биографија да и напишам.
Теткиците од студентски ич да не ги споменувам, тие се своевиден медицински феномен, константно се во ПМС, се надевам наскоро ќе се изнајде лек за оваа појава, сеуште недоволно истражена од модерната медицина.
Нека пише за хирурзите кои бараат цело богатство за направат нешто што спаѓа во описот на нивното работно место, или за џандарите шо замараат да ги частиш за да не пишат казна за возење без прва помош и го чуваат редот и мирот со тоа што голтаат гага плескавици по маалски кафанчиња.
Не е ништо полош јадниот месар од сите овие, дури може да се каже дека последиците од неговата непрофесионалност се релативно бенигни, споредени со непрофесионалноста на еден лекар, на пример.
Мене ми е јасно дека сите ние сме луѓе од крв и месо, ама ми паѓа во очи фактот што обично се водиме по некои двојни стандарди - во улога на клиенти сите имаме високи критериуми во однос на професионалност и одговорност, ама кога ќе се најдеме од другата страна, имаме милијарда оправдувања и изговори за себе и сопствениот аматеризам.
И не мислам дека дипломата е секогаш мерило за нечиј интелектуален капацитет или ниво на општа култура,особено денес, кога секој дебил може да си дозволи диплома од приватен универзитет. Мислам, хелоууу, Латас е доктор на науки?! Типот е поим за непрофесионалност, вестите ги води како да се наоѓа пред коперација, седнат на пластична гајба, со флаша пиво у рака, чачкалица у уста и цигарче позади уво.