Колку се Македонците религиозни?

Дали верувате во постоењето на Бог? Одберете го одговорот кој најдобро ја опишува вашата позиција.

  • Верувам во постоењето на Бог, така како што е опишано во религиските книги

    Гласови: 38 24,8%
  • Верувам во постоењето на Бог, но не во целосната вистинитост и точност на религиските тврдења

    Гласови: 27 17,6%
  • Не верувам во Бог, но учествувам во религиските обреди кои за мене имаат само традициско значење

    Гласови: 19 12,4%
  • Не верувам во Бог/божества, но возможно е постоење на некој друг вид на виша сила

    Гласови: 14 9,2%
  • Невозможно е да се даде конечен одговор во врска со постоењето на Бог/божества

    Гласови: 16 10,5%
  • Бог/божества и други форми на виша сила не постојат.

    Гласови: 39 25,5%

  • Вкупно гласачи
    153

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Океј, г. "Поставувач на неодговорени прашања", со крст у аватаро. Иако нема смисла, ама ај.
Е ми, одговоро‘ на мојте прашања, дека е?...
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
Однос помеѓу БДП по глава на жител и процент на религиозност по држава. Податоците за БДП се од 2014, но за религијата се од 2009 и според ова истражување Македонија е нешто помалку религиозна. Статистички, колку е земјата посиромашна, толку е порелигиозна. Лош е графикот, не се гледа убаво, ама можете да претпоставите во кое ќоше сме ние.



Туку јас имам и едно друго објаснување. Имам впечаток дека во Македонија на вероисповедта се гледа како на (поголем) дел од идентитетот.
Веројатно до неодамна, недостатокот на широко распространета национална свест кај Македонците заради немањето своја држава со свои институции ја наметнала религијата како алтернатива за потребата за припадност кон поголема група. Соседните цркви биле главните оружја на странските пропаганди во Македонија. Присутноста на повеќе етникуми и религии на оваа територија уште повеќе придонесува за изразитото поистоветување со некоја религија. Со тоа што луѓето се декларираат како религиозни се дистанцираат од останатите и добиваат некое чувство на посебност.
Така, сите прашани за религиозна припадност како од пушка одговараат православен/муслиманин/католик иако уверен сум дека поголемиот дел од нив ни од далеку не веруваат во она со што се поистоветуваат.
 
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Ај важи: тестирај ја теоријата па своите наоди сподели ги и со нас, на форумов.

П.С:
Колку ќе трајт то‘ тестирајнето?
Мики, шо мислиш, колку е веројатно едно бедно пустинско племе кое лутало со години да ја разбира космологијата, и точно да ја утврди објективната реалност, без алатките кои ние иако денес ги имаме, уште не сме целосно сигурни каква е природата на реалноста?
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ј
Претпоставувам како пример за современост и богатство ја земаш Америка. Таму нема коцкање и превара? Таму сите луѓе се неверници? Не, туку таму е само поголема бројката на скренати (они се декларираат како современи) луѓе кои прифаќаат се поради тоа што се опколени/загрозени од постоењето на истото во нивната држава, почнувајќи од хомосексуализмот, па натаму, па и на некој начин се спротиставуваат на верата или бегаат од неа.

:)
:)
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Мики, шо мислиш, колку е веројатно едно бедно пустинско племе кое лутало со години да ја разбира космологијата, и точно да ја утврди објективната реалност, без алатките кои ние иако денес ги имаме, уште не сме целосно сигурни каква е природата на реалноста?
Оној кој поставува прашање, очекува да добие одговор, а не да добие друго прашање.

Што се донесува до „бедното„ племе, токму тоа племе беше одбраниот народ Божји, во текот од старозавентите времиња, и токму на тој народ, Бог му се обраќаше преку пророци, односно живи човекови битија, а не преку телескопи.
 
Последно уредено:
Член од
12 јануари 2014
Мислења
1.464
Поени од реакции
1.892
Оној кој поставува прашање, очекува да добие одговор, а не да добие друго прашање.

Што се донесува до „бедното„ племе, токму тоа племе беше одбраниот народ Божји, во текот од старозавентите времиња, и токму на тој народ, Бог му се обраќаше преку пророци, односно живи човекови битија, а не преку телескопи.
Му се обраќаше? И шо му рече? Вистини кои се смешни последниве 200 години?
 

SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.859
Поени од реакции
4.791
Јас лично сум голем верник во Христијанството и си ја почитувам верата.

Што се однесува до Македонците, а и општо до Балканците, можам да кажам дека поголемиот број се верници, што значи тоа е бројка/процент приближен до 100%. Тие неколку проценти неверници се луѓе кои се растени во семејство неверници или луѓе кои се американизирале или европизирале, мислат дека се современи. Но тој мал процент баш кога ќе се најде во некоја густа тешка ситуација, пак се моли на Бога.


Претпоставувам како пример за современост и богатство ја земаш Америка. Таму нема коцкање и превара? Таму сите луѓе се неверници? Не, туку таму е само поголема бројката на скренати (они се декларираат како современи) луѓе кои прифаќаат се поради тоа што се опколени/загрозени од постоењето на истото во нивната држава, почнувајќи од хомосексуализмот, па натаму, па и на некој начин се спротиставуваат на верата или бегаат од неа.

:)
Postov objasnet so edna slika!

 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Како треба да изгледа „фајдето„ од религијата, за да го „има„?
Како сака нека изгледа. Изгледот е неважен (например фајдето од науката изгледа како телескоп, вакцина, компјутер...).
Проблемот е што го нема.
Кој е „јакиот„ фактор, како носител на моралноста?
"Јакиот" фактор се нарекува морален интегритет на личноста. Тој се базира на одговорно однесување во рамки на општеството, а не страв пред замислен авторитет.
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Јас лично сум голем верник во Христијанството и си ја почитувам верата.

Што се однесува до Македонците, а и општо до Балканците, можам да кажам дека поголемиот број се верници, што значи тоа е бројка/процент приближен до 100%. Тие неколку проценти неверници се луѓе кои се растени во семејство неверници или луѓе кои се американизирале или европизирале, мислат дека се современи. Но тој мал процент баш кога ќе се најде во некоја густа тешка ситуација, пак се моли на Бога.


:)
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
 

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Јас сум претежно атеист можеби постои некоја поголема сила нема да ја наречам Бог или Господ затоа што не верувам во тоа
Значи си агностик, не веруваш у Бог ама сметаш дека постои некоја духовна сила која не може да се објасни и не е поврзана со Бог, или нема форма како Бог. Јас сум Атеист и не верувам во ништо над природно, за мене тоа е дел од природата, хемијата, физиката.[DOUBLEPOST=1438025534][/DOUBLEPOST]Јас сум Атеист и не верувам во Бог и други сили. Истражував за балканска младинска редација и од 80 испитаници 30 % (само млади од 20 до 28) години се изјаснија дека се Атеисти.
Атеизмот се шири меѓу младите, и мило ми е за тоа. Започнав со читање на Библијата од 8 одделением во 3та средно се откажав од верата. Традицијата и сл ги почитувам само поради историската важност и слични нешта.
Од сиве години читање и истражување за религијата сфатив дека народот нема појма што е религија, нема појма во што верува. Тие всушност воопшто не ја познаваат религијата и не ги интересира, традицијата кај луѓето ја формирала религијата поразлично отколку што е напишано и тие веруваат во тоа што им е кажано, а не како што е.
Го почитувам христијанството како генијално нешто, но за општество пред 2000 години (студирам историја), го почитувам Исус како личност и неговата идеја. Ништо повеќе.
Се надевам религијата ќе ја изгуби моќта, а луѓето ќе го напуштат Бог, всушност не може да напуштат нешто што не постои т.е ќе се освестат.
 
Последно уредено:

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Како сака нека изгледа.
Просто кажано, НЕ ЗНАЕШ како треба да изгледа.
Па што не кажеш така, што ми „вртиш одоколу„?[DOUBLEPOST=1438026608][/DOUBLEPOST]
"Јакиот" фактор се нарекува морален интегритет на личноста.
Опиши ми, како треба да изгледа тој „морален интегритет„, виден низ атеистичка ментална оптика.[DOUBLEPOST=1438026682][/DOUBLEPOST]
Му се обраќаше? И шо му рече? Вистини кои се смешни последниве 200 години?
За потсетување:

http://forum.kajgana.com/threads/Колку-се-Македонците-религиозни.78783/page-2#post-7335683[DOUBLEPOST=1438027317][/DOUBLEPOST]
Од сиве години читање и истражување за религијата сфатив дека народот нема појма што е религија, нема појма во што верува.
А бе ај...o_O

И се‘а ти, ѓоамити атеист, ќе им зборуваш на верните за нивната вера???

Ај почни...
 
Последно уредено:

Messanger

Аскер
Член од
15 октомври 2011
Мислења
380
Поени од реакции
344
Просто кажано, НЕ ЗНАЕШ како треба да изгледа.
Па што не кажеш така, што ми „вртиш одоколу„?[DOUBLEPOST=1438026608][/DOUBLEPOST]

Опиши ми, како треба да изгледа тој „морален интегритет„, виден низ атеистичка ментална оптика.[DOUBLEPOST=1438026682][/DOUBLEPOST]

За потсетување:

http://forum.kajgana.com/threads/Колку-се-Македонците-религиозни.78783/page-2#post-7335683[DOUBLEPOST=1438027317][/DOUBLEPOST]

А бе ај...o_O

И се‘а ти, ѓоамити атеист, ќе им зборуваш на верните за нивната вера???

Ај почни...
Тоа е мој заклучок и став, не убедувам или пропагирам. Убаво пишува „се надевам"[DOUBLEPOST=1438030566][/DOUBLEPOST]
. Имам впечаток дека во Македонија на вероисповедта се гледа како на (поголем) дел од идентитетот.
Веројатно до неодамна, недостатокот на широко распространета национална свест кај Македонците заради немањето своја држава со свои институции ја наметнала религијата како алтернатива за потребата за припадност кон поголема група. Соседните цркви биле главните оружја на странските пропаганди во Македонија. Присутноста на повеќе етникуми и религии на оваа територија уште повеќе придонесува за изразитото поистоветување со некоја религија..
Потполно си во право т.е не сме порелигиозни до толку поради пропагандите,колку поради немањето на национална свест до 19 век на Балканот. Главната поделба христијанин/муслиман, вековната борба створила идентитет со религиозна основа. Целосно те подржувам
 
Последно уредено:

Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.646
Поени од реакции
1.895
Гласав за третата опција и мислам дека 90% од луѓето околу мене се такви. Генерално прашањето за постоењето на Бог и импликациите од тоа не се воопшто ни предмет на размислување за просечниот македонец. Сите одат в црква и прават обичаи чисто ради традиција и чувството на припадност кон некоја група.
Ниту знаат за учењата на Христијанството, ниту ја прочитале Библијата, ниту пак имаат воопшто намера да се „замараат“ со тоа.
 

Semiramida

A prayer for the wild at heart kept in cages
Член од
27 јули 2013
Мислења
97
Поени од реакции
120
Поголем дел од Македонците би рекле дека се верници, ама сега колку ги пратат и се водат во животот според Христовите пораки и учења е прашање ??? ,,Вака кога ги гледам многу мал дел од нив ми делуваат за христијански воспитани-во смисла на меѓусебна доверба и љубов, сомилост итн.Некако бајаги далеку ми делуваат од она што го проповедал Исус.Инаку еве за мене ке си кажам дека сум верник -си верувам во виша сила и ги почитувам празниците , ама не сум тип на личност што се замара некого да убеди или да се расправа со личности што различно веруваат или не веруваат. .Мајка ми и татко ми се тврдокорни атеисти, особено татко ми -не дозволил да ме крстат во црква , па затоа јас на полнолетство си се крстев по моја желба секако. Имам прочитано библија, куран ,книги со теми од источниве верувања и сакам многуууу да читам секаква литература што е цо религиска и верска тематика,Сеа тоа што е во нив не го сфаќам буквално ,знам ида критикувам доста работи што ги прават верниците и свештените лица. Може на некој му е чудно како си ги прочитала и не ги сфаќаш буквсално а веруваш, кој ти е богот , бла бла. Епа си верувам на мој начин ,, Вишата Сила /// Севишен не мора од книги или свештеници да се учи , ако некој сака да верува нека верува , ако не -не . Кај мене имаше некои случки и искушенија во животов кои ме натераа (да кажам ) да поверувам ,сега не ми баш пријатно да пишувам овде иако сум анонимна. Човекот треба да остави понекогаш и срцето да го води, не разумот ;).
 
Член од
3 февруари 2013
Мислења
609
Поени од реакции
1.028
How To Have An Argument With The Neckbeard Brigade 101



 

Kajgana Shop

На врв Bottom