Колку се Македонците религиозни?

Дали верувате во постоењето на Бог? Одберете го одговорот кој најдобро ја опишува вашата позиција.

  • Верувам во постоењето на Бог, така како што е опишано во религиските книги

    Гласови: 38 25,0%
  • Верувам во постоењето на Бог, но не во целосната вистинитост и точност на религиските тврдења

    Гласови: 26 17,1%
  • Не верувам во Бог, но учествувам во религиските обреди кои за мене имаат само традициско значење

    Гласови: 19 12,5%
  • Не верувам во Бог/божества, но возможно е постоење на некој друг вид на виша сила

    Гласови: 14 9,2%
  • Невозможно е да се даде конечен одговор во врска со постоењето на Бог/божества

    Гласови: 16 10,5%
  • Бог/божества и други форми на виша сила не постојат.

    Гласови: 39 25,7%

  • Вкупно гласачи
    152

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Оваа тема ја отворам со цел да ги разгледаме мислењата за степенот на религиозност на македонското население, посветеноста кон религијата, и причините за тоа (образование, возраст, пол..).

Кај нас во однос на религиозноста нема реални податоци бидејќи пописот на населението не го опфаќа ова прашање.
Еден од последните податоци добиени од спроведената анкета на меѓународно ниво од страна на ВИН/Галуп покажува дека Македонците се една од најрелигиозните нации на светско ниво и најрелигиозни на европскиот континент. Според истражувањето религиозните лица сочинуваат 88% од вкупното население, додека нерелигиозните се 10% со тоа што како атеисти се дефинираат 2%.

religious.jpg
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Очекувани и реални податоци дека сме најрелигиозни во цела Европа...Најсиромашните земји на светот се мека за религијата, преварите и коцкањето.
Во такви држави функционира буквално се' што се базира на надеж.
 

LepiDzoni

Profesionalen ulichen cigan
Член од
25 јули 2014
Мислења
1.333
Поени од реакции
3.266
...Најсиромашните земји на светот се мека за религијата, преварите и коцкањето.
Во такви држави функционира буквално се' што се базира на надеж.
 

dantemkd

demon hunter
Член од
5 јануари 2013
Мислења
8.627
Поени од реакции
7.201
Јас сум претежно атеист можеби постои некоја поголема сила нема да ја наречам Бог или Господ затоа што не верувам во тоа
 
Член од
25 јуни 2015
Мислења
462
Поени од реакции
416
Едно е да се декларираш како религиозен а друго е вистински да си религиозен...
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Јас лично сум голем верник во Христијанството и си ја почитувам верата.

Што се однесува до Македонците, а и општо до Балканците, можам да кажам дека поголемиот број се верници, што значи тоа е бројка/процент приближен до 100%. Тие неколку проценти неверници се луѓе кои се растени во семејство неверници или луѓе кои се американизирале или европизирале, мислат дека се современи. Но тој мал процент баш кога ќе се најде во некоја густа тешка ситуација, пак се моли на Бога.

Најсиромашните земји на светот се мека за религијата, преварите и коцкањето.
Претпоставувам како пример за современост и богатство ја земаш Америка. Таму нема коцкање и превара? Таму сите луѓе се неверници? Не, туку таму е само поголема бројката на скренати (они се декларираат како современи) луѓе кои прифаќаат се поради тоа што се опколени/загрозени од постоењето на истото во нивната држава, почнувајќи од хомосексуализмот, па натаму, па и на некој начин се спротиставуваат на верата или бегаат од неа.

:)
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Јас лично сум голем верник во Христијанството и си ја почитувам верата.

Што се однесува до Македонците, а и општо до Балканците, можам да кажам дека поголемиот број се верници, што значи тоа е бројка/процент приближен до 100%. Тие неколку проценти неверници се луѓе кои се растени во семејство неверници или луѓе кои се американизирале или европизирале, мислат дека се современи. Но тој мал процент баш кога ќе се најде во некоја густа тешка ситуација, пак се моли на Бога.


Претпоставувам како пример за современост и богатство ја земаш Америка. Таму нема коцкање и превара? Таму сите луѓе се неверници? Не, туку таму е само поголема бројката на скренати (они се декларираат како современи) луѓе кои прифаќаат се поради тоа што се опколени/загрозени од постоењето на истото во нивната држава, почнувајќи од хомосексуализмот, па натаму, па и на некој начин се спротиставуваат на верата или бегаат од неа.

:)
Доста бе лупаш глупости како не ти се смачи, дегенерик еден.
 
Член од
3 февруари 2013
Мислења
609
Поени од реакции
1.028
За мене тоа се се бабини деветини. Измислени од истите луѓе кои кажале дека земјата е рамна. И кога науката се појави и кажа дека не е рамна, ја запалиа на сред центар.
И сега поповите и свештениците трчат натам наам, сакат да ги палат луѓето со факели и шознам тамо, пошо сакат некој од ист пол.

Може да потрошам 3 саати да објаснувам, ама како да објаснуваш на ѕид.
Се е фино да си имаш религија, и да си веруваш у нешто поголемо од тебе, ама ако ми се приближеш и да ми кажеш дека ќе горам у пеколо пошо не верувам у рај/пекол, тогаш ќе ја тестираме таа теорија.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Се е фино да си имаш религија, и да си веруваш у нешто поголемо од тебе, ама ако ми се приближеш и да ми кажеш дека ќе горам у пеколо пошо не верувам у рај/пекол, тогаш ќе ја тестираме таа теорија.
Ај важи: тестирај ја теоријата па своите наоди сподели ги и со нас, на форумов.

П.С:
Колку ќе трајт то‘ тестирајнето?
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Јас лично сум голем верник во Христијанството и си ја почитувам верата.

Што се однесува до Македонците, а и општо до Балканците, можам да кажам дека поголемиот број се верници, што значи тоа е бројка/процент приближен до 100%.
Јас пак гледајќи какко се однесуваат немам некој впечаток дека моите сограѓани се некои вистински верници (особено тие од христијанска вероисповед). Повеќето се "верници" оти така им кажале бабите и не ја познаваат суштината на својата религија ниту пак се придржуваат кон правилата. Се разбира најголемата причина за тоа лежи во примерот кој го даваат свештениците. Нејсе, голема фајда од религијата и нема.
Тие неколку проценти неверници се луѓе кои се растени во семејство неверници или луѓе кои се американизирале или европизирале, мислат дека се современи. Но тој мал процент баш кога ќе се најде во некоја густа тешка ситуација, пак се моли на Бога.
Може и да се молат во некој тежок момент од животот, но тие не можат да се наречат верници. Мислам дека и во истражувањето погоре е далеку потценет бројот на агностички категории на нерелигиозни луѓе. Агностицистичките сфаќања според мојот личен впечаток се особено популарни меѓу младите образовани луѓе во Македонија.
Претпоставувам како пример за современост и богатство ја земаш Америка. Таму нема коцкање и превара? Таму сите луѓе се неверници? Не, туку таму е само поголема бројката на скренати (они се декларираат како современи) луѓе кои прифаќаат се поради тоа што се опколени/загрозени од постоењето на истото во нивната држава, почнувајќи од хомосексуализмот, па натаму, па и на некој начин се спротиставуваат на верата или бегаат од неа.
:)
Па, да ти кажам право не ќе да е лошо да бевме како Америка. Инаку да, во Америка е далеку помал бројот на неетички и неморални појави а процентот на атеисти меѓу затвореници е десетина пати помал од оној дел кој го сочинуваат тие во вкупниот број на население. Уште нешто, злоупотребата на дрога е најголема во исламските теократски или полутеократски држави и стапката на смртност е многу повисока отколку во земјите со голем процент на атеисти и агностици (Америка, Кина, западноевропските држави каде најмалку 25 % од населението се нерелигиозни), така да религијата е слаб фактор кога се зборува околу моралот.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Нејсе, голема фајда од религијата и нема.
Како треба да изгледа „фајдето„ од религијата, за да го „има„?[DOUBLEPOST=1437946472][/DOUBLEPOST]
така да религијата е слаб фактор кога се зборува околу моралот.
Кој е „јакиот„ фактор, како носител на моралноста?
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
8.862
Поени од реакции
7.243
Ние сме религиозни и веруваме во бога само кога имаме мака, дури тогаш се молиме и бараме прошка и помош итн...
 
Член од
3 февруари 2013
Мислења
609
Поени од реакции
1.028
Ај важи: тестирај ја теоријата па своите наоди сподели ги и со нас, на форумов.

П.С:
Колку ќе трајт то‘ тестирајнето?
Океј, г. "Поставувач на неодговорени прашања", со крст у аватаро. Иако нема смисла, ама ај.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom